ајде девојки кажете ми што мислите, дали читањето на стар хороскоп ( на пример од прошлиот месец), носи несреќе? јас имам прочитано негде дека читањето стар хороскоп нси несреќа вие што мислите?
јас си читав стар хороскоп колку да видам дали ми се исполнило ама откога дознав - пред пола година не читам не дека многу верувам во тоа туку така.. нем случајно да е вистина па за секој случај
Како не, мислам дека нема врска. Ама по принцип не читам стар хороскоп. Не сакам да знам што БИ МИ СЕ СЛУЧИЛО во минатото
Имам слушано дека воопшто не е убаво да се чита хороскоп,затоа што е наука за силите на злото,ма да не верувам во тоа
Викаат дека не било убаво да читаш стар хороскоп, затоа и не ни сакам да читам И некогаш не сакајќи кога ќе прочитам некоја реченица... и полсе кога ќе идам дека е стар викам пу пу и се мрднувам од место (уффф одвај го напишав постот )
И јас имам слушнато дека читањето на стар хороскоп носи несреќа и оттогаш избегнувам, т.е. никогаш не го читам. Не дека сум многу суеверна, но ете... најверојатно длабоко во себе фаќам некоја таква жичка.
Јас порано си читав ли читав стар хороскоп, ама кога ме исплашија, прво мајка ми, па после и другарките, не ми текнало пак да читам...И секогаш, најчесто во весник, прво го проверувам датумот, па после го читам хороскопот
јас многу не верувам во хороскоп зашто во 10 различни списанија различно ми пишувало а затоа дека носи несрека да се чита стар хороскоп не сум знаела
Незнам, не верувам во ова. Ми имаат кажувано ама јас па за инат сум ги читала и баш ништо не ми се десило. Некогаш дури сум читала за да видам дали ми се исполнило тоа што го пишува.
ретко читам хороскоп, а ако прочитам воопшто не пазам дали е стар или нов, многу пати сум прочитала стар но фала Богу не ми се случило нешто лошо. а за тоа дека носел несреќа дознав неодамна и пак се случува да прочитам стар. Не верувајте во хороскоп без разлика дали е стар или нов, ништо не погодува, можеби тоа карактеристиките се нешто точни, друго се е утка, приметив само здравјето ми го погодуваат .
имам слушнато, но како и да е некогаш ме мрзи и денешен да прочитам а не пак стариот никогаш не читам стар хороскоп