1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Статистичка веројатност за љубов на прв поглед (Џенифер И. Смит)

Дискусија во 'Книги' започната од MagsDestiny, 7 август 2015.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Лесна книгичка, интересно напишана, се чита во еден здив, ве прави среќни, тажни, возбудени, збунети, зачудени... и остава да барате уште. Не знаев ни дека е преведена на македонски јазик, всушност, до вчера не ни знаев за книгава, но случајно налетав на факт дека според неа ќе биде снимен филм кој би требало да излезе во 2016 година (и случајно, главната машка улога му припаѓа на Robert Sheehan, :inlove:), така што ја најдов набрзина во pdf. формат на англиски јазик, ја прочитав за 2-3 часа, и да признаам, не ме изневери, па планирам деновиве да си ја купам од некоја книжара (издание е на Сакам Книги). Можам слободно да ја ставам во моите топ три од овој жанр (Young Adult), и топло ја препорачувам секому кој сака да потроши неколку слободни часови задлабочен во една несекојдневна приказна, полна со пресврти и многу случајности. :)

    [​IMG]
     
    На bunnie и I <3 Books им се допаѓа ова.
  2. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Книгава стварно е душа :) Баш ми е жал што кај нас не се проби така добро како надвор, штета.