1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стекнување независност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 15 април 2012.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Ќерка ми има 7 години, второ одделение. Училиштето ни е блиску, не се преминува поголема улица, ама наутро и оваа е премногу фреквентна, иако не се вози којзнае колку брзо поради големата гужва. Сакам да почнам сама да ја пуштам да оди во училиште, ама никако да се решам. Не дека ми е проблем да ја носам, ама треба да стекне независност, полека треба сама да почне да прави некои работи.

    Јас на нејзина возраст сама одев, и тоа поминував многу прометна улица. Мои врсници на иста возраст одеа сами со автобуси во училиште во друга населба, или на некои активности. Ќерка ми прв пат сама отиде кај баба и која живее на 3 куќи од нас пред нецела година, а јас од 4 години одев надвор сама. Времињата се многу сменети.

    Знам дека може сама да отиде, и таман ќе се решам да ја пуштам - ќе слушнам некоја глупост на вести, ќе се исплашам, и ќе го одложам пуштањето за некое време. Се прашувам до кога ќе ги носам секаде, и како ќе тече процесот на стекнување на некаква независност. Во некои развиени земји знам дека деца до 12 години не смеат сами да одат никаде, мора да бидат со придружба. А не се малку 12 години, таман ќе престанам да ја носам, ќе почне да излегува во град :). Сум разговарала со многу мајки на деца на слична возраст, и на сите им е страв да ги пуштат сами каде било.

    Ме интересира искуството или мислењето на другите. Се соочувате ли вие или некој близок со истите дилеми?
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Aриел, ќе ти кажам од лично искуство :)

    Патот до основното училиште каде што одев јас не поминуваа многу возила. Од мојот дом до училиштето имаше 15 -тина минути пешки. По 6-7 минути одење мораше да го поминам главниот пат кој води за Битола. Значи по кој било пат да одев мораше овој пат да го преминам. Бидејќи бев дете кое не беше навикнато да биде одвоено од своите родители ( бев голема плачка :wasntme: ) татко ми ме носеше цела година додека бев забавиште ( но само поради тоа што плачев) . Потоа се навикнав на другарчињата и во прво одделение и понатаму одев в училиште со моите другари од маалото. Ги имаше од прво до осмо. Деца колку душа да ти сака. Кога ќе стигневме да го преминеме главниот пат ( од сабајле и нема толку толку возила макар) , поголемите другарчиња не фаќаа за рака и поминувавме.

    Се сеќавам, кога бев отприлика 1 одд. кога се враќавме од чаршија, моите родители ме пуштаа сама да ја поминам улицата . Попладне нормално многу автомобили поминуваат и затоа ме пушташе особено тато за да се ослободам, да немам страв. Леле, колку само ме има „малтретирано“ велејќи : Без страв, без брзање, првин погледни лево, па десно... пушти го автомобилот првин тој нека помине, ако има камион, шлепер потргни се малку настрана да не те собере “...

    Инаку најголем дел од денешниве комшивчиња одат на школо со кола па не се соочуваат со овие проблеми. Со автомобил 2-3 минутки и свршен чин. Еднаш ги прашав зошто не си ги пуштат деца да им попешачат малку, цел ден на компјутер, седат гледаат ТВ, воопшто не се во движење. Ми рекоа дека немало потреба да им се мачат дечињата, и така родителите оделе на работа па... |(
    Други комшивчиња одат на истиот начин како што одев јас. Со поголемите врсници за да им помогнат да ја преминат главната улица.

    Ариел, мој совет е овој: Кога ќе се враќате со ќерќа ви од чаршија или од продавница , место каде поминува главниот пат, советувај ја како да ја помине улицата. Дај и морална подршка. Кажи и дека не е ништо страшно, дека таа е веќе голема и дека може сама да ја премине улицата. Не мора веднаш, ама пополека мора девојчето само да си оди на училиште. Или пак ако има поголеми другарчиња од маалото или врсници може да оди и со нив. Мора да почне да префрлува сама или да се ослободи од стравот ако го има. Колку побрзо, толку подобро :)
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Гледајќи како се однесува сестра ми на речиси 28 години, значи постара од мене, во едно сум сигурна-моите деца од мали ќе ги учам да бидат независни.
    Сестра ми била прво дете, цело време пред неа, зад неа, и до ден денес се забележува тоа во нејзиното однесување, моите сами си ја знаат грешката. Со мене биле поопуштени, јас на 4-5 години сама си облекував пижами и легнував, во прво одделение веќе ме оставаа сама дома.
    Знам дека на мајките им е мерак да се нонстоп околу децата и да им олеснуваат, ама тоа остава последици подоцна. Имам другарки што на 20години се уште не знаат да поминат улица и разговараат со мајка им за тоа што доручкувале на факултет :^)

    Конкретно Ариел за твојов случај, мислам дека откако убаво ќе и повториш како се поминува улица, да ја носиш до улицата, остави ја сама да помине, а ти гледај ја-тоа само неколку дена, за ти да бидеш помирна. После неколку дена пушти ја сама, мора да сфати дека расте и треба да станува одговорна, а плус сум сигурна дека ќе и годи довербата што ја имаш во неа :)
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ариел мојата ќерка од септември ќе биде прваче, училиштето ни е оддалечено 10-тина мин. пешки и искрено не ми паѓа на памет да ја пуштам да оди сама на училиште, страв ми е, страв ми е од се`....страв ми е да ја премине улицата сама (до душа нашата е прометна и нема семафор поставено, само пешачки премин, а сите знаеме колку истиот се почитува посебно во rush hour |( ), страв ми е да не ја нападне некој, да не ја украде....а бе какви сценарија ми се вртат во глава да не почнам да пишувам.... :o :x ...Така што јас да сум на твое место би го одложила пуштањето и стекнувањето независност. Има време, сега баш и не се најсигурни времиња.

    Друго беше во наше време, ние од 6 год. сами одевме во забавиште и сами се чувавме со клучот на врат додека да дојдат нашите од работа, ама сега :?: ...не знам...јас не би ја оставила сама.

    Еве баш прееска бевме кај моите и излезе ќерка ми да си игра на уличка со другите деца, и тоа на истата улица каде јас пораснав и играв жмурки (се работи за етнички чиста и мирна населба, не прометна улица и каде секој секого познава, каде никогаш, ама никогаш не се случиле никакви инциденти).... ако ми веруваш 100 пати излегов надвор да видам каде е и на крај ја прибрав дома...цели 15 мин. беше надвор :tmi: ...страшно....
    Дали јас имам проблем, дали премногу се однесувам заштитнички не знам...знам само едно-стравот лозје чува.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Благодарам на сите за одговорите.
    Мене всушност и не ми толку страв од сообраќајот, барем сигурна сум дека таа ќе внимава, ама страв ми е од тоа колку другите внимаваат. И не ми е сообраќајот најголем проблем, туку другите работи кои ги спомна Лолита - грабнување, напаѓање... Имам во неа доверба, ама немам во другите - светот е суров. Од друга страна, и во наше време од време на време се слушаа муабети за крадење деца, ама веројатно многу помалку од сега.

    Јас не сум ги оставила сама на улица, иако ги оставам да речеме во Тинекс кај лизгалките кога купувам нешто - нема некој што се грижи за децата, ама сепак има вработени таму, ги гледаат и децата. Ние кога растевме и се познававме со комшиите, па еден да има надвор возрасен ги пазеше сите деца, а сега никој со никого не се знае.

    Сега од септември и синот ќе почне да оди во училиште, па мислев заедно да ги пуштам, ама што знам...
    Некои денови мислам дека треба да ги пуштам, а други денови ми е страв. Инаку училиштето ни е на 3 минути од дома, многу е блиску. За почеток секако мислев да ги пуштам и да одам зад нив, првиот пат и да знаат дека сум зад нив, да почувтствуваат сигурност, а после и без знаење, за јас да чувствувам сигурност :).

    Уште повеќе ми е страв како ќе ги преживеам првите излегувања надвор навечер. А секоја генерација се порано почнува да излегува.

    Не можеме да ги чуваме под стаклено ѕвоно. Мора да се научат сами да се заштитат и да препознаваат опасни ситуации (колку што може да се препознаат), ама првиот чекор, првото пуштање е многу тешко.
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам, тоа е она што и мене ме плаши, надворешниот суров свет. :(
    Од тие причини и јас без надзор од возрасен и тоа близок :!: не ја оставам сама надвор, дури и во двор да игра со дечиња не е сама, мора некој од нас да е присутен.
    Еднаш ми кидна во СП (го видела мм и се стрчала накај него, а јас не знаев дека ќе дојде, така случајно не` видел и влегол), за секунда ми ја снема од видик, мислам дека ќе умрев на лице место....
    Сум за стекнување независнот од мали нозе, ама многу било тешко да си мајка.....и јас се чудам како ќе го преживеам првото излегување... :sweat: :D
    Здравје.
    Еве пак излезе јас нешто да научам од тебе, што би ми послужило во иднина.
    Поздравче :)
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Многу несериозно се сфаќа оваа независност на децата која пак потоа,веќе кога годините ќе бараат индивидуалност од нив,а тоа се сериозните години, ќе почнат на површина да излегуваат недостатоците кои верувајте,непоправливи се. Јас поаѓам од себе,во сегментите кои моите биле бескрајно загрижени, ден денес наидувам на конфликт сама со себе и имам несигурности,зошто,затоа што сепак ми треба нивната поддршка која не е во ред да ја имам. Конкретно,биле загрижени за се во врска со мене,но било завиено,но стравот емотивно некој да не ме повреди и тие заштитувања,се борам се уште со истите што ми има создадено аверзија кон брак, блискост, врски кои захтеваат некоја исклучителна посветеност,затвореност,а не дека сум емотивно тупава,напротив,немам мерка колку се давам,па сум како муле. Јас сум свесна,многу свесна за истото,склона кон самоанализи, но сепак,години потоа,мене ми е тешко да го променам тоа.Имав долга врска која не беше индикатор дека не е тоа така,се давам,а потоа бегам, се дистанцирам, барам слобода, ме гуши, барам убедување од моите дека не грешам... Од други аспекти,секогаш го виеле и не сум осетила,но кога пораснав сфатив кои биле нивните стравови.
    Времето во кое јас растев,па и не беше баш најсјајно зошто баш тогаш се разрешуваа некои работи во државава,а и не отсуствуваше константен притисок и закани дека нешто може да се случи со нашето семејство,но не ги спречи да ми праат филм дека одам сама на школо со тоа што баба ми цело време одеше зад мене,за враќање ме дочекуваше како демек досадно и било и за се така беше. Потоа се десија срања во врска со мене и пак,не ги натера да ме гњават со грижа или пак,се грижеа,секако дека се грижеа многу,но никогаш,ама никогаш не покажаа. Мислам дека многу влијаеше на мојата храброст и независност тоа што тренирав и карате,некако ме исчелича и се чувствував храбро. Секогаш сум играла на улица слободно,никогаш немав јазол или страв од моите да не ме викнат дома. Многу пати се имам изгубено,никогаш не сум се испаничила по моите,туку сум се снаоѓала и ќе си ги најдам. Татко ми и ден денес со гордост си кажува за тие работи. Кога прашувале за име,моите чекале самата да си го кажам,на лекар сама си кажував што ме боли,моите не истапуваа во мое име, за концептот на денот,мајка ми ме прашуваше што треба јас да правам и што сакам јас да правам,а потоа ми наметнуваше глупости кои ме оптеретуваа и замараа,а рака на срце,ниту научив три јазика, ниту играм тенис се уште, ниту пеам во хор, ниту играм ракомет, а дел од активностите се уште ги правам,ама од *безбедносни* причини,да не ги наведувам... Во продавница прв пат отидов на татко ми пиво да му купам (видете која педагогија,пиво :D ),со баба ми по мене на 5 години и тоа во продавниче оддалечено од нас. Се сеќавам како вчера, ау се плашев. Ама си одев,ајде бе можам,две стаклени шишиња кои ми се чини ги испокршив и беа ужасно тешки за мене,се вртев по сите страни,ама мирно,тап,тап,тап,во продавница ми се изнасмеаа,ама гордо си купив пивце за татко ми!Знаев дека треба да погледнам на улица од двете страни и го направи тоа. Потоа имаше ситуација кога не го направив и одеше инструкции,фино,лепо,за рака,на главна улица,лево десно и тоа е закон за тебе! Ко што авторитетот ми наметна се друго,така и тоа!

    Децата нема да научат сами од себе што е опасност,ако не се изведат сами пред светот за да научат да проценуваат,секако со задскриена заштита од родителите. Се што е нагласено,гушливо,детето го прави несигурно,а таа несигурност,верувајте не се губи потоа. Перманентна е. А башка што со тие работи, мама надвор светот е опасен, се создава сериозна предиспозиција за нерационални стравови кај детето и сега и понатака кога веќе ќе навлезе во пубертет. Зошто светот сам по себе е опасен,но и прекрасен. Но дете кое расте со идејата дека светот е непогрешливо опасен и страшен,не може понатака да го смени магично гледиштето. Секогаш ќе очекува опасност зад аголот,што од една страна е ок,за да научи да се чува,но од друга, постојана напнатост и страв. Детството е во нерационалните глупости кои не учат на рационалност потоа.

    Имам двајца братучеди од две различни тетки кои биле исклучително наметливи со нивните стравови. Од две различни страни се,не се поврзани,децава се ко од една мајка гледани. Значи авторитативно, под стаклено ѕвоно, дури и расправиите со децата мајкиве им ги водеа надвор, ма нема излегување секој ден, да се испоти пак?! Како не! Тоа режими на исхрана,легнување во 9,отстапки нема,некој стерилен свет,не знам,неприроден. Од толку што се правеа современи и знајни,фејлнаа ама начисто. Израснаа со нинтендо,па сони,компјутерски игри. Секако дека одеа на училиште,сега се момци што одат на факс,но ниту едниот,а ниту другиот немале девојки, ниту пак знаат како да се однесуваат со другите. На едниот му се имаше слошено во автобус, и тоа беше крајот на светот зошто не знаел што да прави со себе, шише вода да му дадеш ќе умре од жед зошто мајка му не е до него да му рече,сине безбедно е,напиј се.Мамкало тешко е,мама знае се,мама ме одгледа,таа го познава светот. Да не зборувам дека до петто одделение го носеше во школо и го дочекуваше,потоа едвај се убеди со другарче да го испраќа.Другиов е близок со мене и признава, чувствова бескраен гнев кон мајка му,иако ја сака. Цело време го стискаше, израсна детето во страв и сега не знае како да канализира тоа што му е длабоко всадено,среќа се пронајде во талентот,а и на тоа мајка му сакаше да влијае така што сакаше да му избере да биде доктор,но среќа со поддршка од сите малиов се избори и е исполнет од тој аспект. Ама такви се, изгубени,чудни, сепак нивната генерација се уште се водеше по мерилата на мојата (5 години се помали од мене),горе-доле,не баш,ама тука некаде,па тешко е да се вклопат. Не знам сега,овие дечиња дали дека сите ќе бидат слични,па и полесно ќе се прифаќаат и сфаќаат едни со други...

    Можете да замислите на човече,мало (до 10 години еве),кое вие сте му заштита и сигурност му паничарите и му делувате исплашено за нештото или постојано го пратите,каков страв му всадувате?! Или му всадувате идеја дека ќе му бидете вечна потпора и дека ќе го штитите?!
    Ариел,добра ти е идејата со допратувањето. Во мојот случај успеала. Светов реално е опасен, имате право да се плашите,ама не си ги гушете дечињата. Ги гледам и комшиските,децата им се болежливи, бумбарести,несоцијализирани,а одат на училиште,диви се. На малиот му се обраќам,почнува со насолзиени очи да ме гледа,тамам да заплаче,а ме познава,ама ете...
    Не мислам никого да навредам,како одеше она,секоја мајка знае што е најдобро за своето дете,иако е дали, секој си знае најдобро,не знам јас како ќе бидам со моите,но се плашам дека ќе создадеме социјално,емотивно аутистични деца. Колку што ни нуди новиов свет можности,ќе ги развиваме во една насока,а ќе ги отупуваме во друга,што сепак не дава никаков напредок и унапредување.Ќе правиме компјутерски гениј,а социјално унаказени. Им треба слобода за да ги развијат своите личности,а не под пресија да станат хронично исплашени. Безгрижното детство стана само еден убав спомен кој ќе им го раскажуваме, за жал...
     
    На lolyta777, Doozy, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Ариел, ќе се обидам да ти помогнам колку што можам, затоа што се надевам дека ти нема да ја направеш истата грешка како моите родители. Можеби грешка е малку претежок збор, зашто тие биле поведени од мојот карактер и моето однесување како малечка, па пошо сум сум била жедна за знаење, наместо за детски игри, стекнале доверба во мене. Да, еден од најинтересните начини на стекнување доверба и еден од најпогрешните! Само доколку не ти смета, би можеле малку да ја прошириме темата зашто независноста би требало да ја прегледаме и низ призмата на онаа емотивна приврзаност.

    Како мала бев хиперактивна и ме имаше насекаде. Курс по литература, манекенство, тренирав ракомет, на англиски, модерен балет, веронаука... И ми беше дозволено секаде и ми беше дозволено се бидејќи моите беа пресреќни и презадоволни од мојата заинтересираност, па ме пуштаа скоро секаде сама. Се имам изгубено неколку пати, пошо немам ама баш никаква смисла за ориентација, ниту денес и во такво мало гратче како Штип, а тогаш мобилни немаше, но никогаш не сум паничела ќе прашам некој и ќе ми го покаже патот. Возрасните беа запрепастени од мојот однос кон нив, затоа што знаев како да им укажам огромна почит и да ги направам да се почуствуваат како кралеви за миг, па им беше чудно како ситно суштество како мене може така да се изразува. Комуникацијата со разни луѓе, различните места и ситуации ми овозможија да ги читам луѓето како буквар. Но, само возрасните, децата не можев да ги разберам, едноставно не ми беа ниту интересни ниту пак јасни. Наставничките ме обожаваа, ме мкнеа насекаде со нив. Моите тоа го забележуваа и им годеше моето однесување и пофалбите од други, ме чуваа како зениците во очите, не само како родител, туку и како горди луѓе на својот плод.
    Настрана од сето ова... Имам проблематично здравје, многу сум нежна и моите постојано стравуваа за мојот живот и јас го читав тоа во нивните очи. Првата траума и депресија во мојот живот ја доживеав во прво одделение. Не бев способна да станам од креветот, ни пак да заспијам, слушав демек звуци од перницата, бев бледа и слаба долго време по тој немил настан. Нивната немоќ да ме спасат и да ми помогнат ме претискаше цело време. И ден денес секогаш сум пуштена и не ми висат на врат, ама тоа е многу подмолно зашто знам дека мама дома коските си ги јаде за мене. Другите мораа да лажат за да бидат пуштени, а јас скоро секогаш бев искрена со нив.

    Каде е проблемот? Јас ја изгубив довербата во нив! Зашто тие и ден денес не можат да ме разберат, не знаат како да ми помогнат, мислат дека не можат да ми го понудат она што јас го заслужувам и го сакам, убедени се дека тие се помали од мене... Иако дирекнто тоа не го кажуваат, јас многу добро го разбирам тоа. Затоа сакам да ги заштитам, сакам да им помогнам, сакам да видат подобар живот, сакам да бидат среќни и да не се плашат за мојот живот. Ме боли нивната опседнатост со мене....
    Поради нивната грижа за мене, јас постојано ги носам со себе и се надевам дека нема да стравуваат. Што и да направам прво се прашувам дали тоа ќе влијае на нив. Седам со другарките и се трудам да не мислам на нивната мака со мене.

    Можеби мојот случај е крајно индивиуален, но се надевам дека ќе извлечеш поука од него. А тоа е дека детето треба да го ослободиш од мислата за твојата преголема грижа. Само да не оди преку граници.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Деновиве ми се уврти во глава - како детево ќе седи само дома кога ќе тргне на школо.
    Ај..додека е школска година има и целодневен престој, ама за време на распуст , незнам како ќе го решаваме овој проблем.
    Кои се алтернативите?
    Плаќате жена?
    Има установи (па макар и приватни) за згружување на децата кои се големи за во градинка а мали за да ги оставиш дома?
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Во градинките во летниот период згрижуваат школски деца. А сега имаш и други варијанти. Пример хелен дорон згрижува и учат се плака1500 неделно, има и други слични.
     
    На iki26 и referentka им се допаѓа ова.
  11. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Мислам Brain O Brain програмата вклучува целодневен престој, ама не сум сигурна. Има и приватни градинки ама скапичко е.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.