Кое е вашето мислење на ова? Дали би го направиле? Јас како сѐ уште млада индивидуа не, бидејќи не сметам дека сум доволно зрела за ваква одлука, покрај тоа што не можам да се замислам да раѓам деца. И дали воопшто постои ваква процедура во Македонија?
Постои подврзување на јајници кај нас како метода за контрацепција, колку што јас знам. Лично не би сакам да имам деца некогаш во животов , а секој си решава сам за себе не сум јас таа некоја што треба да му каже ако некој се решил за оваа опција go for it !
Постои подврзување на јајници и вазектомија на тестиси. Стерилизација целосна не знам дали се применува како контрацепција или исклучиво како здравствена мерка (пр. канцер). Мислење немам особено. Ако не сакаш деца, не сакаш. Иако има ризик, низок ама постои, значи ни едната ни другата процедура не се 100 % сигурни дека заштитуваат од несакана бременост.
Не едноставно изводлива операција, која бара доста стручност и знаење. Ако е неуспешна, прерана менопауза е можен контра ефект, како и низа хормонални проблеми. Во нашата земја може да се гледа како на високо ризична хируршка процедура. Затоа не. Надвор - да. Кој има пари и услови нека ја направи, ништо страшно. Постојат многу жени кои после зафатот водат сосем здрав и продуктивен живот.
Рутинска процедура е при вршење цезареа во исто време се подврзуваат јајцводите ако жената не сака да раѓа понатаму. Се врши секаде по претходен договор со гинеколог, освен некаде во муслиманските земји и други каде што жената ја сметаат за машина за раѓање, на пример како во Венецуала каде што пожелно би било секоја жена да родела барем 6деца
Да постои,ама не сум слушнала до сега некој да се одлучи за ваков чекор бар не кај нас,освен поради здравствени причини. Јас никогаш не би го направила ова затоа што многу сакам да имам деца
Иако сум 95% сигурна дека не сакам да раѓам деца,сепак не би го направила ова,ем поради ризици,ем поради можноста да се предомислам подоцно. Ама,ако некој/а го направи ова,нема да го/ја осудам,сепак е право на личен избор.
Се мислам да направам одамна, ама не ми се оди 'доброволно' под нож. Сега имам една пендинг операција што си ја одлагам, уз која е можно и матката да ми ја извадат. Така да, ту литл, ту лејт е за подврзување јајцеводи. За предвремена менопауза, не сум многу загрижена, пошто веќе имам 42 години.. и нема да е крај на светот ако ме фати. Оние кои немате деца, не би ви препорачала да подврзувате јајцеводи. Ионака тоа ќе ви биде заштита само од бременост. При секс, постои опасност и од СПБ, така да, кондом е секогаш најдобра опција за заштита.
Не гледам потреба од вакво нешто. Во денешно време има многу многу мерки на контрацепција, фали свест само кај луѓето.
Прво консултација со гинеколог, а потоа со тим психијатри, па на крај да се донесе одлука. Без консултација со гинеколог и без консултација со тим психијатри одлуката може да е погрешна, каква и да е.
Се согласувам дека би требало да се консултира, но чисто објективен разговор со психолог, да не биде како порано што го имаше законот за абортус па да ги разубедуваат и слично. А за гинеколог секако, тоа е задолжително и за контрацептивни пилули, а не па ваков огромен чекор.
Кога станува збор за одлука за сопственото тело во случај на жена само таа и нејзиниот матичен гинеколог се меродавни за донесување одлуки. Додека во случај на маж не знам колку гинеколог и психолог или тим на психијатри би допринеле за некаква одлука освен можеби пренасочување и адресирање таму каде што треба да се одлучи мажот за оваа постапка.
Истото важи и за машки, консултација со медицински лица и психијатри. Постои можност во иднина да се појави депресија или друга несакана состојба кај тој/таа што одлучил/а трајна стерилизација...
Хормоните кои што ги лачат јајниците се тие што ја прават жената да биде тоа што е. Не знам зашто некоја жена би имала потреба такво нешто да си направи.
Стерилизацијава како трајна контрацепција кај жени опфаќа само подврзување на јајцеводите. Ти пишувам само да имаш во предвид дека генерално хормоните не ја прават жената да е жена. Однесувањето и личното чувство побитни се од хормоните за ти да се доживуваш и чувствуваш како жена. Знаеш има жени кои од х причини имаат оперирано и комплетно извадено матка, јајници и (или) јајцеводи кои (не) земаат дополнителна хормонска терапија и знаеш кога би прочитале ова хормоните те прават жена знаеш како би им делувало? Лошо секако. Потоа кај жените во менопауза се намалува лачењето на одредени хормони ама погоди што тие и понатаму се жени. Така да жената не ја одредуваат хормоните, самата таа се одредува и дефинира што е. А за тоа дали некој ќе подвзе јајцеводи или не навистина е лична одлука.
Хормоните не ја прават жената жена,туку имаат удел во либидото,сексуалниот живот,со вадење матка или јајници можат да се нарушат хормоните точно,НО со подврзување на јајцеводите немате никаков хормонален дисбаланс освен неможност за забременување преку однос. Кога размислувате на оваа тема треба малку повеќе да се едуцирате.
Темава од почетните мислења е поставена на погрешна основа кога се изедначува подврзување на јајцеводи со подврзување на јајници а за останатото треба да се прогугла и научи, потполно се согласувам со тебе.