Ова е да се правиш инвалид со сила. Не одобрувам модификации на телото со цел да се забрани репродукција а исто мислење имам и за спиралите... Сето тоа има последици по женското здравје што се одразуваат подоцна во животот, а особено тие што ќе сакаат да имаат деца некогаш или се предомислат пошто во 90% од случаевите така испаѓа. Во 21 век има поблаги начини да се превенира несакана бременост. Мислам дека кондомот е најдобро нешто за превенција од сите, не внесуваш комплексни хемикалии, не правиш операции и тн...
Значи ако не можеш да имаш деца тогаш си инвалид? Добро, па се читате ли бре што пишувате? И од каде тој податок дека 90% се премислиле? Дај линк од такво истражување. И кои се тие здравствени последици? https://www.ippf.org/blogs/myths-and-facts-about-female-sterilization Кога ќе се изведе правилно, нема здравствени последици. Секако дека е огромна одлука и треба да се размисли многу, многу добро. Ама само зошто јас тоа не го сакам за себе, нема да се дрзнувам да пишувам сешто, посебно не на женски форум каде треба да сме поддршка едни на други и да ги почитуваме одлуките на други жени, посебно кога станува збор за репродуктивно здравје. А ако тоа е премногу за некои, доволно е да се воздржите од потполно неиздржани и навредливи мислења.
Без разлика дали имала или немала деца, мислев општо од тоа што сум го видела до сега во животот и целта ми беше да потенцирам дека кондомот е најдобра заштита без многу комплицирање. Знам случај за моја блиска роднина кај што имаше компликации ради спирала и цела матка и ја извадија, до ден денес е во тешки депресии.
Спиралата како спирала сама од себе не направила компликации. Можеби не доволно стручно подесување искомпицирало нешто. А можеби и ненавремено известување за несакани реакции и дискомфор кои жената ги доживеала, а не ги кажала на гинекологот за да се преземат соодветни мерки да не дојде до тоа што дошло, така да нема потреба од ширење паники, поцртаното. Убаво ти пиша членката погоре во последните неколку реченици.
Стерилизирана жена или маж не се инвалиди ниту пак помалце доследни на својот пол. Може да биде по сопствена волја или пак во случај кога здравјето налага да се направи овој хирушки зафат. Во првиот случај, треба ептен да имаш цврст карактер и децидна замисла за иднината, да се познаваш себе си, и тоа е сосема ок. Без приговори и осуди од страна. Вториот случај нема ни што да се коментира, пошто е must. Јас лично не би се нафатила на ова, иако сега а и во подалечна иднина не планирам пород. Али којзнае иднината што носи. Можеби на 40 години ќе добијам нагон за родителство, дали во заедница, дали како самохрана мајка, небитно, затоа и нека стои како опција. Дотогаш контрацептивни средства и пазење нормално.
Членката претпоставувам не мислеше инвалиди во буквална смисла него да си ставаат трн во здрава нога да речеме
Јас лично не би го направила тоа бидејќи сакам да имам дете/деца понатаму Но, не сум против тоа бидејќи е лично право дали некој ќе има деца или не. Кој е решен на вакво нешто go on само пазете под чив нож ќе се ставите
Релевантен извор или да ти веруваме само на збор? Како да си стави трн во здрава нога кога може пак да раѓа ако сака?
Не секоја жена сака да биде мајка, или повторно мајка. Нејзино тело и нејзина одлука. Многу е едноставно. И темата е за стерилизација а не за спирали, за тоа си има соодветна тема.
Еве еден одличен TED talk од жена која се подвргнала на ваква процедура, на темава и општо за желбата на една жена за бременост и мајчинство, која таа уште од млада ја немала и останала на тоа. Не сакам да раѓам и не се гледам во иднина како трудница и родилка, но сепак не би се одлучила на ваков потег пред барем 30+ годишна возраст, и не во услови какви што ги има во нашево (државно) здравство. За жените што се одлучуваат - само поддршка за храброста, и од медицински и од општествен аспект. Какви инвалиди, какви бакрачи. Одлучност и храброст е и да знаеш што не сакаш во животот по вакви важни прашања.
Сакам. Но мојот гинеколог не сака да чуе, премногу млада сум била?! Многу ме исфрустрира тоа. Јас сум сигурна дека не сакам дете да излезе од моето тело, навистина не знам зошто не би го извршила зафатот. Вика спирала евентуално, ама не сакам. Читам во странство и по своја волја им го правеле, тука не. Нејсе. Ќе треба да сменам гинеколог.
Убаво ти предложил гинекологот спирала и тоа е добра контрацепција. Сепак може еден ден ќе се премислиш за дете, а ако пристапиш кон стерилизација и еден ден се премислиш единствена опција ќе ти биде други, покомплицирани интервенции да правиш.
Не смее доктор да те одбие. Не е негова работа тоа. Може да те информира за можни последици, компликации и предности, ама на крај е твоја одлуката, не на докторот.
Стерилизација кај жената или поврзување на јајцеводите е инвазивна метода која ретко се препорачува чисто ради желба на пациентаката за контрацепција, без постоење на други индикации. Причината не е осудување и сомнеж во вашите одлуки, туку разликата помеѓу ризиците и можните компликации во однос на бенефитите од операцијата. Е сега под "други индикации" можат да спаѓаат состојби каде бременост потенцијално би го загрозила животот на жената, генетски болести и сондроми во фамилијата кои би се пренеле на плодот, абнормалности во анатомијата на репродуктивните органи кои би ја направиле бременоста опасна или би го попречиле развојот на плодот. Поврзување на јајцеводите е трајна и иреверзибилна(неповратна) процедура која се прави под целосна анестезија со рез на долниот дел на предениот абдоминален ѕид. Опоравувањето може да трае со месеци. Да, никој не може да ви "забрани" да ја направите операцијата, но прва и основна должност на лекарите е да не нанесуваат штета, и затоа се превземаат мерки како што се разговор со психолози и лекари за да се утврди дека тоа е најдобра опција за вас и вие ќе имате најмалку штета од тоа. Доктор и те како може и смее да одбие барање на пациент, ако тоа што пациентот го бара од него/неа е спротивно од неговите/нејзините морални и етички вредности, како и неговото/нејзиното професионално мислење. Извор: јас сум иден доктор. Инаку јас лично сум ЗА стерилизација како контрацепција ако некој тоа свесно го сака, но повеќе поддржувам машка стерилизација- вазектомија. Вазектомијата во споредба со поврзување на јајцеводите е многу понеинвазивен метод, се прави со локална анестезија, со мал рез и пациентот истиот ден си оди дома. Опоравувањето е неколку дена до 2 недели. Исто така, во голем број случаи е реверзибилна (може да се поврати функцијата) доколку пациентот сака. Ако пар сака стерилизација како контрацепција, кога ќе ги ставиме на "вага" машката и женската контрацепција, секој доктор би препорачал вазектомија наместо поврзување на јајцеводите. Така и планираме со мојот партнер. По основањето на фамилија, кога ќе решиме дека сме завршиле со репродукција, фино лепо ќе си закажеме вазектомија и за недела, две- ко нов ќе биде.