Најлесно е исечи и готово. Нема да останеш трудна. А хормоните? А долгорочното влијание на тие хормони на телото? Не е битно, битно да го решиме „проблемот“ сега, да не останам трудна, па натаму како и да е. Нема врска што тек почнува да се зборува за долгорочните ефекти, нема врскашто жените што си ги подврзале е можно порано да влезат во перименопауза и да имаат полоши симптоми на менопауза. НЕма ништо врска, битно да не може трудна да остане.
И норлевото има последици... и аспиринот, фор дет метр. Секоја за себе ќе си одлучи, дали сака да го направи тоа, или не.
Една штета не ја исклучува другата. Нема потреба да користиш едно зло за да оправдаш друго. Да, сето тоа има негативни последици. И сега? Не треба никогаш да зборуваме за негативните последици од нашите акции?
Да, ама по Хипократ е „Најважна грижа ќе ми биде здравјето на мојот пациент.“ т.е. „First, do no harm“ Во случај кога некоја процедура не носи здравствени придобивки на некој пациент, и напротив - може и да му наштети - апсолутно има право да ја одбие. Хипократовата заклетва ја забораваме веќе и кренавме во „секој доктор мора да направи со мене што и да посакам, оти јас така сум одлучил“. Ахам...
Законски може да го направи тоа која сака. Не знам зошто за ова дебатираме? И липосукција нема благе везе со заштита на здравјето, уште помалку Фејс-лифт, па ене, и пластичните хирурзи оперираат. Каде е Хипокритовата заклетва за нив?
Ако си дал заклетва автоматски не те прави тоа добар доктор, добар од аспект на морален и етичен и најважно некорумпиран. На темава секоја жена има право да одлучува за своето тело и начинот на контрацепција, ама сметам дека и треба да си има максимална доверба и соработка со матичниот гинеколог. Сите сме различни индивидуи со различни потреби и гледишта и оваа поврзаност и сознанија на гинекологот за нас може да допринесат за најповолна одлука и за двете страни.
Па исто ко на овие првите, во парите. Подвезувањето државата да не го покрива случајно? Се се тоа плаќа.
И јас сум млада и не се чувствувам спремна за деца ама не сум размислувала за стерилизација. Има денес посовремени методи на контрацепција. Секако секој сам си донесува одлуки, можеби понатака ќе бидам спремна и ќе сакам бебе.
Значи постојат ризици од аспект на здравјето, организмот и телото дали можат да го поднесат тоа и има право докторот да каже НЕ. Во спротивно, на него му е гајле дали некој сака стерилност или не.
Не реков дека не се. Но во дадени моменти пациентот може да биде одбиен заради здравствени причини и тука не гледам ништо спорно. Секој организам не може да поднесе се. Ова се случува и во Америка, гледај ја емисијата Botched и ќе видиш колку пациенти се вратени и за ни една сума на пари нема да им направат операција.
И оп после да си роди бебче со спирала во рака. Шала на страна, сметам дека треба да е пресигурна жената за да се одлучи за нешто толку сериозно, со оглед на тоа дека нема назад. А дека докторите имаат право да одбијат, имаат. Нормално ако е со причина. Моја роднина беше во тешка здравствена состојба и анестезиолозите не се нафаќаа да ја оперираат затоа што сметаа дека ќе ја убијат. Жената си почина наредниот ден, ама според нив подобро беше да почине природно отколку во операциона сала.
Ме интересира дали ги прочита другите мои мислења на темата кај што зборев дека лекар има апсолутно право да одбие пациент или едноставно прочита дека дел од операциите се чиста комерцијала и одма заклучи дека сум со мислење „се за пари“? И да. Сечење на дел од телото кога нема медицински импликации за тоа е комерцијала, не можеш да ми кажеш дека е „апсолутно безбедно и ништо нема да се случи“.