Не би направила ни сега ни понатаму. Кога има други начини за контрацепција, зошто некој да се става во ризик?
Аман со тоа надвор. И Африка е надвор, па таму женско обрежување имаат, и тоа некому е ок. Во ЕУ дозволуваат трајна стерилизација после родени деца, мислам после две, и после одредена возраст. Ваљда има причина за тоа, не дека некој мрази нечие право на избор. За да немаш деца има милон опции за контрацепција, за имање деца не баш. А за во Америка, мислам и еднорог можеш да бидеш, вај нот. Намалете малку со филмовите. И уште ова Не ја прават хормоните жената ама хормонскиот баланс е составен дел од здравјето. Да, во менопауза се намалува лачењето хормони, ама тоа иде така како природен тек, и не е тоа едноставна и глатка транзиција. И сега замисли, колку разлика има од тоа да одат работите по природен тек и хормонално да осиромашиш на 50, а колку на 30, оти така ми текнало, нејќам деца и имам право на избор. Секако имаш право на избор, ко што реков милион избори имаш за да немаш деца. А избор да си нарушиш здравје од бес, не е избор. Не зборам за операцијата сама по себе, за последиците од хормонален дисбаланс зборам.
Ок, нема потреба од вакви реакции Не знам ти во моите коментари каде прочита дека оправдувам оперативен зафат, а уште помалку пак дека е безбедно. Ни една операција не е безбедна и тоа е факт. Доколку мора од здравствени причини е друга ствар, ама за вакви неприродни работи не оправдувам никогаш.
А абортус кога прават не е свесно одење во ризик дека може да дојде до нарушување на здравјето? Или само стерилизацијата е? Според мене секоја жена која нема намера да раѓа веќе треба да го направи тоа, со цел да не дојде до абортус.
Ама ова било од бес. Тоа од што е? Стерилизацијата како превентива од абортус ја прават според мене повеќето жени.
за истото постои контрацепција или уште посигурна опција - апстиненција. Стерилизација е одлука по која нема назад. Денес не сака деца, мисли дека никогаш нема ни да посака да има свои и 5, 10, 20 години подоцна тоа да се смени. Ставовите се менуваат ко шо созрева човек , ко што искусува нови работи, среќава нови луѓе, па и љубови. Кој ќе биде советот на авангардните бранители на правото да се биде чак и еднорог кога истата личност ќе сака деца на 20,30, 30+ и нема да може заради глупава и не многу разумна одлука и уште поглупав и неразумен совет?
Искрено, никој не може да биде 100% сигурен дали ќе сака нешто или не во иднина, па така одење на ваква неповратна опција е ризик, особено ако жената е млада.Покрај толку други достапни начини за контрацепција, стерилизација - не. Сега, ако некоја е одлучена да оди на ваков зафат, секако не осудувам, сопствен избор е.Ама треба добро размислување и слушање туѓ совет, особено од доктор.
И ти можеш пример да родиш до 25 години три деца и после тоа да се каеш 40 кога ќе имаш ама нема назат епа исто и ова. Некој избори само еднаш се прават во животот и после си тераме што сме избрале. Еве пример можеби на таа што ќе направи стерилизација бидејќи не сака дете и е чудно како ти си решила да раѓаш на 20 години деца и мисли деца ако се покаеш на 40 дека нема назат.
Јас лично немам ништо против некоја жена да одлучи дека не сака дете. Не мислам дека многу од нив ќе се предомислат, барем сите што ги знам јасно и свесно си ја донеле таа одлука. Едноставно, „да се нема деца“ не е проблем кој треба да се реши со хируршки интервенции кои нити се доволно истражени, нити некој се потрудил да ги истражи. Зошто и како не се истражени е многу многу долга тема, и некако не ми се пишува параграфи и параграфи за тоа баш сега, и онака никој не го интересира тоа. Во секој случај, има побезбедни решенија. А на крај краева, дури и абортусот е едно од нив. Далеку побезбедно е од подврзување на јајцеводи. Вазектомија од друга страна, ем е побезбедна, ем е поевтина, ем е реверзибилна. Ама ќе се жртвуваме ние жените да можат мажите на мира да си го сејат семето, таман работа „машкоста“ да му ја земеш.
А мислиш дека јас имам нешто против тоа да се нема деца? Зборуваме за стерилизација а не дали да се има или не деца. Нека да нема. И јас не сакав да имам свои деца едно 30+ години од животот. Ама погоди што, сега на 37 сум на пат да имам едно. Се надевам. Планирано и тоа. Тоа е таа разлика.
Не бе, само се надоврзав, не беше како реплика осмислено. Нити имам некоја замерка за товето мислење. Знам дека немаш ништо против деца, барем на тебе ставот ти го знам. Со среќа, се надевам ќе излезе се како што си планирате
Те разбрав, ама јас да си кажам, сепак)) пошто и други читаат и сигурно не ми ги читале мислења од пред сто години на форумов не да слушаат секакви совети по форуми, надвор од форуми, особено па актуелни дечковци кои за неколку месеци, години..нема ни да ги памтат, не па нешто друго.
Спомнавте хормонски пореметувања, тие не настануваат кога се чепкаат само јајцеводи. Не настанува предвремена менопауза... немам време да го барам мислењето за да цитирам. Колку што знам, жените не чепкаат јајници при операцијата, па ништо не влијае на хормонските излачувања. Ризиците се други, ко од секоја операција - анестезија и можна инфекција. Многу жени бараат за време на царски рез да им ги "средат" јајцеводите, затоа што решиле дека не сакаат повеќе деца. Тоа веќе не е дополнителна операција со дополнителни ризици. И ми е поприфатливо донекаде. И да, може пак да забремени ако се премисли. Сепак е глупаво (според мене) да се стерилизираш кога постои толку едноставно решение како кондом и орална контрацепција.
Да не ви преведувам, си знате англиски A relatively rare but serious complication of tubal ligation is a condition called Post Tubal Ligation Syndrome (PTLS). PTLS occurs when the blood supply to the ovaries is damaged during the operation to tie the tubes. The result of PTLS is a significant decrease in the production of the hormones estrogen and progesterone. This can have lasting health effects, including symptoms similar to those of menopause. Да ретко е, ама нејќам да сум во тој процент на реткост. Читајте после за последици од низок естроген и за хормонално дополнителна терапија.Да не се чудите после зошто ве боли глава, ич не ви е до секс или имате депресија. А се што треба да направите за да не ве боли глава е да користите кондом