Цело мислење за тоа напишав, ама го избришав случајно. Ме мрзи пак да типкам. Само линкот ќе го ставам пак https://www.today.com/health/post-t...en-discuss-side-effects-getting-tubes-t152367 Tubal ligation should not impact how the ovaries work or change the amount of hormones a woman produces. But doctors admit there is not much research on the procedure — or, more specifically, what happens to women after tubal ligation. Абе не би требало, ама никој не го интересирало да погледа што се случува после - оти хормоните и ефектите кои тие хормони ги имаат на женскиот организам е неверојатно тешко и скапо да се следат - затоа и испитувањата за лекови вечином се на мажи правени - оти мажи се оние со „лудите хормони“ кои имаат различни хормонални нивоа во телото во зависност од тоа дали им се прди или ебе. Жените имаат циклични хормони кои се менуваат во зависност од кој дел од животот и кој дел од месецот е, многупонехаотични и многу поорганизирани од мажите. “They said ‘Your hormones will be fine. You won’t even notice,’” Hoy said. “It was complete havoc.”
Далеку поголеми се ризиците од целосна анестезија и постоперативна инфекција за непотребен зафат, споредбено со тој минимален ризик кој се спомнува на темава за да се додаде на драма. едит: Читајте низ форумов, има многу жени со отстранети туби зашто било неопходно (хидросалпингс). Низ темава направивте ко готово, предвремена менопауза за сите. Кога веќе спомнувате, наведете и процент за ризикот.
Ама тоа е ризикот што никој не ти го кажува. Не е додавање драма, информирање е дека беспотребни операции не се мачкина кашлица.
Немам намера да додавам драма ама ич. Не сум студирала колкав е тој редок процент и кои се можните последици. Се согласуваме дека зафатот е непотребен, и како и секој друг зафат носи ризик. И затоа во нормални земји не е право на избор, односно не е метод на контрацепција пред да родиш Х деца.
Секој си знае најдобро за себе, ама при толку големиот број други, помалку инвазивни начини за контрацепција, сметам дека не треба да се оди кон трајна стерилизација.
Само со инвитро. Ако веќе се решила на стерилизација, мала е веројатноста дека ќе посака деца. Ама ако посака, пак може со свои јајцеклетки зашто јајниците и' се тука и и' работат. И мене ми е глупо и би советувала некого да не прави, ако ми побара совет. @Biljarkata, во сите нормални земји е стандардна процедура при царски рез. Одамна. А тој минимален ризик на повреда при операцијата е ист и тогаш. Само се избегнува ризикот од дополнителна анестезија и инфекција, па го практикуваат и тоа многу често.
Читам дека хормонален баланс не се нарушува со стерилизација. Еве погоре Билјарката ставила цитат што може да се случи во многу ретки примери. Таблети што сите ги пиеме одвреме навреме за глава како аналгин или кафетин, имаат исти вакви хорор приказни во делот -можни несакани дејства. Ама оти ова операција е па самиот збор е пу пу не дај Боже, може да умрИш. Кој има верба во свој доктор и општо здравството, не гледам зошто да не. Фино е да се има едно ограничување на пример до 30 години да не можеш пошто нели тогаш си во филм -се' што лета се' се јаде. После 30 отприлика, ок. Дали ќе се каела после 5, 10 или 15 години, наш проблем не е. Сама си одлучила, сама нека си се носи со одлуките. Може мене ме праша некој за што се каам во животот
Затоа реков после Х родени деца. А и царскиот рез не е право на избор, ко што мислите, туку со лекарска индикација, ама ај да не ви кршам филм
Ама зарем после Х родени деца исчезнува ризикот за хормонален дисбаланс? И фала, ме просветли за тоа дека треба индикација за царски.
Ако зборуваме за жени кои веќе родиле и особено во ситуации со жени со повеќе деца кои се одлучиле на истото или поради било која друга причина...здравствена особено, во ред ми е. Ама на девојки (пошто, јас сфатив дека е девојче тоа што пишуваше на темата, затоа и пишав) кои не родиле... нема смисла некој да им зборува за правото да ја направат операцијата доколку сакаат. Исклучок, некаков здравствен проблем кој, постручен од нас треба да го предвиди.
Јас лично не би го направила. Без разлика дали сакам да имам деца или не. Најокеј средство за контрацепција според мене е кондом. Јас лично не би конзумирала ни апчиња за контрацепција а да легнам своеволно на операциона маса на докторче наше нема шанси.
Сегде кајшто нештата се продаваат, можеш да си купиш што сакаш. Ама спомна Бриџа Ако интерес на доктор му е да му искешираш, ќе те убеди дека тоа поскапото/најскапото е за тебе супер. Ама тоа не е доктор, тоа е трговец. Добар доктор ќе ти ги објасни можните сценарија и ќе те советува што е најдобро за твоето здравје. Ама пиша некој погоре, ако доктор не им дозволел стерилизација, им го загрозувал правото на избор . Што да правиме кога правото на избор не прави истовремено најпаметни. А уствари све тоа ЈуТјубето продава амерички причи @LivingGlam нема да ти се скарам, џабе се закачаш.
Нема зошто да ми се скараш, не се закачам со некоја таква цел. И немаме спротивставени мислења на темава па да земеме да се расправаме. Само ми забоде очи тоа хормони менопауза, хормони менопауза неколку пати спомнато на темава, затоа дојдов. Таков ризик имаат и оралните контрацептиви, патем (минимален, кога дозите се високи). https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/11473959/ Пак ќе ви речам, читајте за хидросалпинкс, не мора да одите подалеку од мислењата на форумов. Многу жени се со отстранети јајцеводи поради медицинска причина. Хормоните и јајниците им останале исти. Минимален ризик да, постои. Но да земеме да го преувеличуваме за да докажеме поента, не е ок. Пологично би било на целосна анестезија да се фокусираме, која е позначајниот ризик од ова.