1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стерилизација како трајна контрацепција

Дискусија во 'Бременост' започната од Sejfullai, 9 март 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.082
    Медицинска причина е исто дискутабилна. Јас имав наводно медицинска причина за истото, според еден лекарски наод, матичниот гинелог имаше поинаков став. Си го послушав матичниот, оти подобри аргументи имаше, и никаков интерес за оваа или онаа варијанта. Не велам дека некаде не е поинаку ама вакво искуство имам, тоа имам да споделам.
    Еве сме фала богу здрави, прави. Истиот став го имаме, да се ги правиме изборите информирано и внимателно.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас сум таа што неколку пати спомна хормони и менопауза.
    Има индикации дека жените со подврзани јајцеводи порано влегуваат во перименопауза и имаат потешки менопаузи. Не е доволно истражено.
    Не реков дека жени со подрвзани јајцеводи не добиваат, ама тоа другото исто така останува.
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    А што мислиш за орална контрацепција, ко метод со сличен ризик?

    Јас еве би се залагала за мажи да ја земаат наместо жени, исто ко вазектомија вс. стерилизација.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Исто. Сметам дека и оралната контрацепција е повеќе гурана од лекари како решение за се и сешто без да им се објаснат на жените реалните ризици кои ги носи. Ич не е наивна како што ни се претставува и дефинитивно не треба да се дава со став „абе ништо не е тоа, напротив - добра е за тебе, ќе ти одморат јајници, ќе ти одмори матка - се пет“. До прва излегуваат куп истражувања за ефектите кои ги има и на здравјето, и на психата и на целокупното функционирање на организамот.
    Цела книга излезе претходната година "Your brain on birth control". Еве и линк ако ти се чита:
    http://93.174.95.29/main/7D528790699C73EADAE7EDCE101EF03D
    Имам и еден куп книги за женското тело и хормоните, не сум се оставила без да си го запознаам телото. :D Т.е. се и сешто читам јас и листа на секоја тема имам. Ако те интересира - кажи да пратам :D
    И да, сум пиела орална контрацепција на свој личен избор, иако мојот партнер беше против тоа - ама нели, „мој избор е“. И погрешно избрав, не ми е проблем да кажам тоа. БЕз разлика што лицето, косата, телото, тежината ми беа подобри од било кога - имаше еден куп работи што не беа, а никој не ти ги кажува.
    Никогаш не викам директно на некоја „немој да пиеш“ дефинитивно е нејзин избор, ама се залагам за отворено информирање, посебно кога се работи за такви „играчки“. Доволно е во темата за контрацпетивни да погледнеш за да сфатиш дека грото од жените не знаат ни што пијат ни како се пијат ни зошто ги пијат.
     
    На tambelina, cresa-jagoda, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Може ли некој да ми пише лп на темава? Ми требаат неколку информации.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Секој си одлучува за себе, ама мислам дека ова не е паметна идеја од причина што понатака може да дојде до премислување. Сега сакаш едно и размислуваш како што размислуваш, по неколку години може да се премислиш. Животот е како тркало што се врти. Има други начини на контрацепција, како подобар избор од стерилизација.
     
    На raww, SummerGirl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ај нвм ќе прашам тука.
    Ме интересира дали има минимална возраст кога смее да биде извршен зафатот? И дали е доволно пациентот да изрази желба или треба некои услови да бидат исполнети, не знам...
    И вазектомијата пошто е реверзибилна, дали после може да има компликации ако се поврати плодноста, како да се изразам...?
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам треба 18 години и нема никаков услов како на пример да имаш деца. За подрвзување на јајцеводи прашуваш или вазектомија? Услови има само во однос на самата операција како зафат, како за секоја друга.
    Вазектомија најчесто е ама некогаш не е реверзибилна. На какви компликации мислиш, ако сака да направи повторно операција за да ја врати, дали има компликации по здравје? Не би требало, ако прашуваш за тоа.
    А деца можат да се добијат и покрај вазектомија, да се земе сперма дирекно од тестиси, да се оплоди јакце клетка и да се врати назад преку инвитро или пак инсеминација
     
    На SummerGirl и Tan4ence им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    За вазектомија ме интересираше.
    Кога мислев компликации мислев на тоа на пример кога ќе се поврзат каналите, да не е прооден па пак да има проблеми со плодноста или тоа што не исфрла сперма да му направи проблем со тестисите евентуално ама не верувам.
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Нема проблем за неисфрлање сперма. Спермата умира и се абсорбира од организмот. Ама некои проблеми за на долг рок сум читала дека можат да се јават години после вазектомија. На пример хронична болка. И некои други посериозни.
    А за првото
    Шансите за бременост се помали и од 1 процент
    Значи скоро еднакви на нула
    Ама скоро. И што повеќе време поминува, тоа се поголеми шансите. Затоа после неколку години прават тест со кој проверуваат дали се исфрлаат живи сперматозоиди
     
    На SummerGirl и Tan4ence им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Искрено .. можеби би преземала ваков зафат , доколку има потреба ( што не верувам дека ќе има ) . Секако , консултации со стручно лице прво , па потоа преземање на зафати .

    Од аспект на бременост - не верувам дека ќе има потреба , бидејќи три деца се сосем доволни , не сакаме четврто секако , па како и до сега - така и од сега , ќе си внимаваме . Посигурна ми е природната контрацепција - вадење на време , од било која друга вештачка контрацепција .
     
  12. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Природна контрацепција вадење на време? :rofl: Ме изнасмеа да си жива и здрава. А кондом не доаѓа у предвид, или толкава доверба имаш у природната контрацепција? :wasntme:
     
    На SummerGirl, minne992, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ти пукне кондом , ќе те прашам во што ќе имаш доверба :rofl: . На мене и мм ни пукна и забременив , затоа ноу тенкс .
     
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    А бе крејзи 100% заштита нема, освен вазектомија мејби:wasntme: Ама меѓу вадење на време и кондом сепак би се одлучил за кондом :rock:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Јас би за вадење и пред време :D . Не им верувам на кондомите :D . А за 100% заштита секако дека и вадењето на време не е идеално . Најсигурно е вадење на репродуктивни органи целосно ( матка на пример ) . Посигурно од тоа нема . Ама не се вади матка онака од ќеиф нели .
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Многу помала шанса имаш да забремениш со кондоми.Ако ти си била среќничка да ви пукне кондомот, не значи дека генерално кондомите не се ефикасни.Во секој случај се посигурни од вадење на време.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Можеби , јас не им верувам ич , па затоа и кога користиме кондом , го вади па ејакулира надвор . А не се случило да забременам кога не сме користеле кондом , а го " вадел на време " :) .
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Кондом+вадење на време најсигурно нешто :D
     
    На Ambrosia, christinnn, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.