Мајки да ве прашам шишињата за млеко сок вода чај како ги чистите? Им ставате ли некое средство покрај попарување и вриење ? Само со вриење и попарувањр многу бели точки ми остануваат на нив од водата
Може некој процесов на стерилизација да ми го појасни. Прво вриевме, сега земав стерилизатор. Прво ги мијам, па ги ставам во стерилизатор. Е после што да им правам, прво има еден тон вода на нив, да ја оставам да се исуши или да полнам шише со неколку капки вода? Некои од работите ми требаат веднаш, дали другите е ок да ги оставам внатре или надвор да ги досушам? Како правите/сте правеле? Бебе е 10 дена.
Молзам, шишиња, делови од пумпа, и молзено има дохрана пие од шише еднаш два пати. Ама пумпата и шишето од пумпата сега за сега ми се на секој подој користени. И замрзнувам па има шишиња и од фрижидер.
Jas pumpata ednas dnevno ja stavav vo zovriena voda od flasa posto molzev i mrznev. Dohrana nemam davano
Јас ги користам така водени пумпата и шишето од пумпата, ако има други работи цуцла или шише ги оставам внатре во стерилизаторот.
Не знам каков е стерилизаторот, јас имам на чико како на два спрата. Пред стерилизација плакнам со ладна вода и редам, а после го отварам капакот и горниот спрат да испари водата и да се подзасушат. Ако нешто ми треба во моментот одма зимам, а другите работи ги оставам внатре додека ми притребаат. Инаку и таму ги чувам, односно мистојат шишињата цело време.
Dali vo sterilizatorot stavate silikonski lazicki za D3 kapki, cucli lazkivki i silikonski odnosno vestacki bradavici?
Јас го ставам лажичето што му давам капки еднаш наутро и после тоа за следна употреба истиот ден го попарувам со врела вода. А силиконските брадацици кога ги користев на почетокот после секој подој ги стерилизирав во стерилизатор.