така пишува на кутијата јас користан NAN1[/quote] Jaс користам Аптамил 1 и не сум прочитала такво нешто..... Баш сега ќе проверам, инаку по два-три пати дневно и јас го полнам стерилизаторот....[/quote] прочитај.абе то можи нема гајле ама така пиши и јас стално го истурам по пола сат ако го нема испиено.е само колку млеко имам истурено
во право си дека нетреба да ги држиме во стаклени ѕвона и не планирам цело време да стерилизирам барем до година. и во право си за педијатрите јас повеќе неможам да ги поднесам сите различно ти казуваат па оди ти после чукај си ја глата.
Саат време на собна температура, 24 часа во фрижидер. Проверено и нормално се имам консултирано. Можеби им одговара одма да го фрлите и да направите ново, од маркетингшка гледна страна.
Jaс користам Аптамил 1 и не сум прочитала такво нешто..... Баш сега ќе проверам, инаку по два-три пати дневно и јас го полнам стерилизаторот....[/quote] прочитај.абе то можи нема гајле ама така пиши и јас стално го истурам по пола сат ако го нема испиено.е само колку млеко имам истурено [/quote] Проверив, нема такво нешто, мене докторката ми кажа дека може саат-саат и пол да стои млекото, ама јас најмногу саат време сум го чувала и го истурам, а за фрленото млеко да не кажувам... Ама тоа е..... Инаку после секое миење ги стерилизирам шишињата заради тоа што барем два саати ако поминат и не го измијам шишето, така знае да замириса млекото што останало што ме фаќа паника ако не ги стерилизирам шишињата..... За НАН-от немам приметено, иако го користев на почеток, ама посебно мирисот е изразен кај Аптамилот
Малку офф топик, ама ако се чува во фрижидер, може ли да се затопли потоа во микробранова? Или како? Не би можело ладно да се даде
во право сте дека можи ми се врати филмот ко лежевме на болница.ќе ни напраеја млеката за сите даца сите оброци и кога ќе требаше во топла вода ги топлевме.ама докторката ми рече дека е поубо стално свежо да му го прам млеко и да не го чувам многу. а на кутијата пиши сега прочитав ,,предупредување:секогаш пригответе само по едно шишенце.нахранете го бебето веднаш и точно придршувајтесе кон упатствата.не го чувајте недовршениот оброк,фрлајтего остатокот,, незнам од кај ми текна дека пола сат можи да седи млекото а исто така и пиши,,од непровриена вода, непровриено шишенче или неправилно разредување бебето можи да се разболи,, исто со предупредување.
Да се пофалам, прво ги преврив шишенцата и цуцлите, ама излезе една мн добра понуда на стерилизатор на Меда за микробранова, кој успеав да го најдам на третинка цена(за смешни 650ден би дошло ако добро пресметав). Одма го пробав и ок за парите ми се виде,а како поната ќе се покаже е тоа ќе видиме. Имаше намалена и рачна пумпица со шишенце на Авент, ама не знам дали да ја земам, иако планирам да дојам, ама од Јануари најверојатно се фаќам за работа па не знам и цело време се мислам. Некоја мама со искуство што морала порано да се врати на работа?
NoellePage Јас ја имам пумпицата од Авент и задоволна сум , и кај нас сега ја гледам на многу намалена цена а кога ја купував беше изгор... Иначе многу не ја употребував само дали 3 пати до сега и тоа кога морав да ја оставам малата кај свекрвата па се измолзував И супер се покажа би ти ја препорачала
Јас си начекав 30% попуст во дуќанот на Чико во гтц и си земав голем стерилизатор Чико,3 шишенца и комплет од 2 цуцли лажалки исто и тие Чико. Долниот дел е за шишенца од 5-8 во зависност од големина на шишенца или било какви садови, а горниот дел е решетка за цуцли, капачиња и лажичиња, самиот се активира на секое отварање и ги држи стерилни 24 часа. Така што не би се замарала со четки, сода, вриење, миење и останати методи на стеризлизација. Мислам дека е практично од машината за садови само да ги префрлам во стеризлизаторот и да не се замарам повеќе. Одма добив коментар од колешка дека било жива глупост и фрлање пари, во нејзино време само се вриело, ама тоа е, секој си има право на свој избор
не сум користела стерилизатор,година ипол сме со шишиња бидејки сме на адаптирано млеко,пред првата употреба се провривам и после од време на време,а шишињата ги попарувам со врела вода и со четка убаво ги мијам и пак попарувам,тоа е се а цуцлите лажливки ги попаувам исто .
Леле читам и си викам па само јас ли сум толку блесава после секоја употреба на шишенцата и цуцлите јас да ги мијам со детергент, врела вода и на крај да ги превривам Ама една работа не ми е јасна, како ги превривате еднаш неделно? А до тогаш бебушите цицаат од шишенца само измиени со врела вода? И во што е финтата тогаш цела недела да пијат од измиени и еднаш неделно да ги превривате? Инаку, сакам да земам стерилизатор, се мислев помеѓу http://encimenci.com.mk/proizvod.asp?id=672890002 на Чико, http://encimenci.com.mk/proizvod.asp?id ... t=1&sn2=15 на Томи и http://bebesupermarket.mk/?p=1309 на Меби, па би ве замолила да ми препорачате доколку сте користеле некој од овие, ми досади веќе после секој оброк миј, превривај, кој што прави, јас во кујна вријам шишиња
Јас на почетокот ги стерилизизрав еднаш неделно во стерилизатор на Baby Nova и добар е стерилизаторот ама јас ми здосади и сега само го мијам шишенцето после секоја употреба со сјај и четка убаво и исплакнам со вода обична од чешма и тоа е тоа. Нема веќе ни превривање ни стерилизирање глупости се тоа, во минатото ко да имало такви работи и еве сме живи здрави прави
Еден совет од мене до вас мамички : за првото дете ги стерилизирав шишињата после секоја употреба во стерилизатор во микробранова. Второто бебе остана во болница 12 дена(беше многу мала родена) и ниту на болница не ги стерилизираа шишињата и ми кажаа дека доволно е во садопер или со детергент и жешка вода да се измијат и веќе не губев време за стерилизирање од сам старт и многу полесно е. Сега е две години и не сме имале никаков проблем .
Незнам што да правам луѓе, посоветувајте ме....мајка ми ме убедува дека стерилизаторот е одлична работа. А јас пак се мислам да не го зимам. Незнам што да правам.
Исто работа ќе ти заврши и вриењето на шишињата и цуцлите со врела вода. Затоа, ако веќе мораш да купиш, ќе си земеш стаклени шишенца, најдобри се. Пластиката под дејство на топлината може да испушта штетни материи во течноста што се чува во шишето. Да, на пластичните шишиња сега пишува БПА фри, ама од кај знаеме дали навистина не содржи такви хемикалии? Како и да е, ова е мој совет. Вриењето и попарувањето со врела вода е исто толку ефикасно. Јас што дека имав стерилизатор (позајмен), не го користев толку многу, иако мојот малечок беше на доење плус дохрана.