почекај, види дали ќе цицате или не, ако сте цело време со ад, е потребен. ние бевме од старт со ад млеко. на почеток немав (2-3месеци) ми се смачи да зовривам (стварно е досадно да вриеш 5-6 шишиња 2 пати денот и си купив за во микробранова http://www.encimenci.com.mk/proizvod.as ... t=1&sn2=15 исто е практичен, нема потреба да даваш 2000-3000 ден.(барем според мене )
Ние со АД сме од 4месеци. Стерилизатор немам, а немав ни потреба од него. Искрнео до сега цуцлите ги мијам со сунѓер и сјај, а неделно еднаш ги вријам. И се стерилизирнао не чини.
Јас пред да се породам купив стерилизатор на Chicco, на попуст од Енци Менци. Ако решите да купувате почекајте да фатите попуст, јас додека бев бремена два пати беше на попуст, го земав за 2000, инаку е 3000. Ќерка ми цуцла не фати, сеуште цица, друго млеко не сум и дала, чаеви не и давав и нема потреба според мене да се даваат на бебе, вода уште не пие, сокови ич. Имав две стаклени шишиња тие ги скрши, ни остана едно пластично, една чашка со клунче, три лажички и три чинии. Тоа е целиот прибор за јадење на ќерка ми и се ми стои во стерилизаторот, мијам и ставам во него, и по неколку употреби на приборот го стерилизирам. Кога почнав со дохрана секојдневно го уклучував, сега веќе не.
Nie sme na cicanje...od pribor upotrebuvame samo edno sise za sokce i lazicka.Niv gi mijam so topla voda i sjaj i povremeno gi poparuvam so vrela voda.
И ние сеуште користиме само шишенце за водичка и цуцли. Нив ги превривам во вода со алкохолен оцет. Сега сум во дилема како да стерилизирам играчки пластични и гумени до сега ги миев само со жешка вода и сјај за садови ,но доколку падне на земја надвор како да го стерилизирам,поготово оние кои се меки а не се перат во машина поради механизамот кој свири внатре? Идеја
^ Испрскај ги со хидроген 3%, потопи ги во вода со сода и тоа е тоа Мада јас само во водата со сода ќе ги ставев....
До 6 и пол месеци на мали мој нон стоп се му стерилизирав во микро стелиризатор, плишани играчки перев на 60 или 40 зависи. За да не ги лапа кога си играше цуцлата во уста ја држеше сам. После полека почнав да не стерилизирам нон стоп еднаш дневно бар, поретко да перам играчки. Причина-како што бевна недела дена на адаптација во градинка, коса има да ти се крене што не буткаат во уста. Како лазаат по под па ако излегуваат заби бап рака во уста, со песка играат паднала цуцлата оп пак во уста, едно дете пластеллин си касна хаххах ама овој тип тие го прават во градинка и не е опасен се им е на природна база. И сега? Мама не е тука да мие и домива па полека го навикнав за не си имам проблем во градинка. Супер е ни болен фала му на Бога и ништо. Како и сите тие деца така и моето. До кај 6 месеци дури стекне имунитет пазење да, јас бар премногу пазев. После полека навикнувајте ги на животнава средина да не им дојде нагла промена и само да ви се разболуваат. ЈАс сум се распишала, ама се надевам ќе му помогне на некој моето искуство.
Ние сме 4 месеци,од првиот ден користиме шишенце со цуцла,1 за вода,1 за чај, 1 за млеко,значи,3 шишиња,плус и лажачка цуцла и после секоја употреба ги мијам со врела вода,а 2-3 пати неделно и со детергент за чинии и со четка за шишиња, па потоа ги зовирам за да не ми мирисаат на детергентот,па до сега, фала Богу,се е ок Сега почнавме и со кашички,па и со тој прибор исто така постапувам.
Мама вчера само ми се јави дека начекала на попуст стерилизатор и ми го купила, што е каков е што функции има ... немам поим. Кога ќе го видам ќе ви пишам.
Каков и да е, сите истата работа на ист начин ја вршат. Јас зедов наједноставен од Медела за во микро и се покажа феноменален. Совет до сите идни мами со дилеми- До 6 месеци, после секоја употреба стерилизирав се, и цуцли и се а претходно 5 минути извриени пред првата употреба па пак стерилизирани. После 6 месеци почнав по препорака од педијатар, да стерилизирам се еднаш дневно за полека малецкото да се навикнува на надворешниот свет и се што доаѓа во допир со него, оти кога ќе почне да лази, не прашува дали ви е подот стерилизиран , а и да сакаме не можеме се да е стерилно, а и не е здраво за самиот организам кој треба да се прилагодува. Сега еднаѓ дневно шишиња и чаши и цуцли или на два дена. Па да не се пожалам, суоер сме. Поздрави и уживкајте со вашите малечки
Ne planiram da steriliziram mislam deka e dovolno da se zovriivat sisencata i cuclite... neka se navikne na nadvoresniot svet za da stekne imunitet...
Јас кога се роди ги вриев на два дена а меѓу оброк ги миев со топла(врела) вода, а сега истото го правам меѓу оброк ама ги вријам еднаш неделно...
Мислам дека ако се мијат во врела вода работите дека се како дезинфицирани и стерилизирани...и да се пребришува се што тоа допира,но неможиш секогаш да го допазиш што и како допира...исто и алиштата мислам треба да се сите испеглани заради дезинфекција.....да се спречи колку толку
Јас после секој оброк ги мијам шишињата и цуцлите со врела вода а потоа ги мијам и со ладна(така се унишувале бактериите..врело-ладно)а на 2 3 дена ги вријам...
имам стерилизатор и кога стерилизирам некако ми е шубе, се мислам дека не е тоа тоа како што е на пример да ги превриеш....
Да не ве цитирам за стерилизаторот , јас сум ептен задоволна , еве 6 месец го користиме 3 пати во денот , најискористено нешто што сме купиле . И со купечка вода не дестилирана .
Стерилизаторот и ние го купивме првиот ден кога си дојдовме од болница и нонстоп работи. (Колку често стерилизирате вие? И дали ги бришете шишињата или ги оставате да се сушат?)
Совет од патронажната од систина - такви какви што се (и со капки) одат во фрижидер. Ако ги бришеш или сушиш на цедалка џабе стерилизацијата.