A zosto gi vadite ? Treba da si stojat vo sterilizatorot . Samo ne treba podolgo od 10,20 sekundi da e otvoren bidejki ke navlezat bakterii . Ako se vadat i brisat kako sto kaza @kukla21 dzabe sterilizacija. Dali nekoj znae do koga treba da se steriliziraat sisinjata ?
Па зар во фрижидерот нема бактерии? И дур ги префрлиш од стерилизатор до фрижидер исто така им се лепат најлогички ми е да си стојат во стерелизаторот.
Ооо фала женски, ме просветливте. Поима немав дека не треба да се сушат или бришат. Сакав само да се суви за побрзо време. А тоа што се мокри не смета? Јас мислев дека водата дополнително може да предизвика бактерии.
Можноста да се развијат бактерии на собна темп е поголема отколку на ладно. А и спектарот на бактерии не е ист.
Тогаш подобро внатре во стерелизаторот да постојат. Сепак мое мислење е дека треба да се остават да се исушат надвор, така и сум функционирала. Бебето треба да се навикнува на бактериите од средината.
Според мене стерилизатор освен за деца кои се строго на адаптирано млеко не треба ни да се употребува. Доволно е шишето да е стаклено, а цуцлата да се менува еднаш месечно. Во меѓувреме миење со врела вода. До сега на син ми се му попарувам, дури и кога се одмолзував и давав дохрана само попарував. Супер е, нит исфтлан нит примил нркоја терапија до сега.
Preterano e.Neznam kako toa dete ke stekne imunutet.Treba da se stai u stakleno zvono da ne dopiraat bakterii do nego
Јас до сега нон стоп стерилизирам , имаме 3 шишиња стаклени за да не е пред секпе јадење ги пуштам 3те наеднаш па кога ќе се потрошат мијам и пак пуштам . Само не ми е јасно до кога треба . Сега почнавме со јадење и чинијата и лажичките не ги стерилизирам . Само измиени и попарени со топла вода од чешма .
Токму тоа сакав да го кажам. Синми е "аптамилско" дете,имав таков стерилизатор на Чико,го користев кратко време.Месец,два,веќе и заборавив колку.Шише директно вадев од стерилизатор и користев. Ете го 3,5 год пу пу...Веќе 2 год пие млеко од едно исто шише(тоа на НУК со Мики Маус)само го попарувам.Пластично е. П.С.И овде ќе кажам,колку повеќе дубиш на трепки за што и да е,толку полошо...особено важи и за козметика.Нема поздраво од хемија сведена на минимум.Но,тоа не е темата,чисто како уште еден пример.
А зошто кога некој ќе отвори дискусија одма има коментари "зошто се користи". Чим некој го користи, така решил и бара совет околу употребата, не околу негова неупотреба. Јас стерилизирам и верувам дека е похигиенски отколку под чешма. И вие што "попарувате" зошто само така не ги замиете, туку со вруќа вода ги попарувате. Секој има своја перцепција за чисто. За мене тоа е стерилизатор, за друг е топла вода. На ладно и собна температура не виреат исти бактерии и не се размножуваат исто. На самите стерилизатори си пишува дека неотворени до 24ч се стерилни работите внатре. По отварање веќе не. И млекото молзено на собна седи 3-4ч, а во фрижидер неколку дена. Значи има зошто. Секој си знае за себе и одлучува за своето дете.
Kukle bez nervozi pliss.Prasav zosto vo frizider poso prv pat slusam sisinja u frizider.I jas steriliziram,no vo frizider ne stavam.Imam sterilizator na Avent.Onoj za edno sise.Ne ko so postirat ovde za poveke sisinja.Nekogas vo nego,nekogas so vrela voda od bokal pa so soda.Taka mi kaza Marina od Remedika
Ќе се развијат бактерии додека да се однесе во фрижидер? По таа логика ќе се налепат бактерии и кога му давате на бебето. Сега да не се разбереме погрешно и јас сум за хигиена. Но опсесивна хигиена не е добра воопшто. Како тие деца ќе се прилагодат на тие бактерии кои што ги има насекаде? Затоа се повеќе деца има нетолерантни и алергични на се и сешто. Секој нека си тера како сака. Јас на ќерка ми и премивам се со жешка вода и слободно си става во уста и нестелизирани играчки. И да. Немам стерилизатор дома
А дали таа кажа ич да не миеме? Кажа само дека до таков степен залудно е бидејќи со еден допир пак се пренесуваат бактерии иако е стерилизиран приборот.
Е сега и ти кукле. Од крајност во крајност. Се што е во екстремна граница секако не е убаво. Ниту немиено, ниту се совршено стерилизирано. Пак ќе пишам. Кој како мисли дека е најдобро, така нека прави. Јас правам вака и фала му на бога 6 месеци сме немале никакви несакани појави. Секој си знае најдобро за свое дете.
Дали некој знае каде можам да купам Petit Terraillon стерилизатор во Мкд или на друго место, само да не е онлајн?