Земи на чико , презадоволни сме . Се собира голем е и практичен ептен . Од енци менци , а може и во лотус да го има .
@didisi ако вриеш , тогаш само пред употреба , вриеш и правиш млеко . А ако е во стерилизатор , внатре си стојат .
Веројатно тие што го практикуваат тоа мислат на обичен фрижидер, не посебен. И верувај ако пазат до степен стерилизирано да чуваат во фрижидер пазат и да нема на таа полица друго ништо : ) Ама и да има салама еве, ако си е во рок саламата нема што бактррии да има.
Јас ставам во фрижидер. Не знам што е смешно. Храна и останато се чува во фрижидер од проста причина што помалку се расипуваат работите и развиваат бактерии. Не ми е јасно зошто воопшто фрижидер сте купиле за да чувате работи. Сосема доволно е да се чува се на собна температура.
Твој избор. Не е смешно ниту некој се смее. Мене ми е само претеризам тоа, ама па други работи што јас ги правам за другите се претеризам, затоа не е важно на другите како им изгледа. Тука споделуваме искуства и ете мислења, никој не мора да ги прифати туѓите постапки и мислења .
Убаво пишав,ако е посебно чисто фрижидерче само за таа намена тогаш и шишињата ке останат чисти. А заедно шишиња стерилизирани и храна не. Ке примат мирис и бактерии сигурно.
Добро а од бактериите дома како ги пазите? Ако не им навлезат преку шише, ке им навлезат на друг начин. Еве синчево си игра, чепка се дома и оди после ја чепка, гали и бацува, сигурно нема на секое раце да му мијам, уште таа обврска ми фали. Боже господе на шише оставено надвор од фрижидер, надвор од стерилизатор ке се налепеле бактерии, а вака дирекно на децата/бебињата не им се лепат нели Еве ја 24/7 рачињата и се во уста, а нонстоп ја чепка батко и...
А како ќе примат ако се затворени? @mariz јас не дозволувам фаќање по раце баш затоа што и се во уста нон стоп. Кој сака нека се лути, јасно кажувам. И внуците се научија, галкање по ножињата ако ја фати некој, одма и ги мијам рацете под чешма. Убаво вика @Igle, некои работи изгледаат претерани за еден, на друг за друго. Не знам што одма скокате.
Аха оди забрани му на 2ипол години дете да не ја чепка Ама зборот ми е ако туку така летаат бактериите и се лепат за шишињата, ке летнат и ке се залепат за децата. Стерилизирајте си, но ова со шишиња во фрижидер и никако вадење од стерилизатор ми е претерано. Имаат капачиња шишињата, незнам како ке се налепат бактерии, ако е затворено...
Прво ти е за следните нема вака да правиш. Инаку, и според мене, претерано е на секое миење на рацете и лицето, како и нонстоп стерилизација на шишиња и цуцли. Мора да се челичат, оти и најслабата бактерија ќе направи проблем.
Iskreno mene mi e smesno sakate lutete se sakate ne.Da cuvas sisinja vo friziderda ne fatile bakterii.So imunitet ke ima toa dete?!So fati odma mij brisi race steriliziraj.Emi ete je pocne da laze,i so praite pod ,igracki ke sterilizirate.Pred nekoe vreme neznam dali bese tuka procitav so alkohol 100%procenten brisele igracki.Abe ajde ko od staklo da se.Neka se celicat decata neka se ucat.Ke pocnat da izleguvaat nadvor togas so pravime,ke trcame po niv race da sterilizirame.Ko edna ovde so poznavan,mnogu "cista"po gosti mie trese pere.Abe ako gi ostavis nadvor cevlite znaj ke gi polie so voda obavezno.Cistotnica prava.Mijam igracki sekako,alkoholi trakatancii ma jok.Race rekov da ne i bacuvaat poso i se stalno vo muceto.Malku moze off sum ama ete morav.Relax br zeni relax deca se a ne staklo.Moderni majki u podem
А децата се челичат ако се во куп бактерии?! Во болницине уште од раѓање што не ги опнат во нестандарни услови. Нек се челичат де. Не ги чуваме во стаклено ѕвоно, ама болни гости не примаме дома, во градинка не одат оти има болни деца, кај педијатар сакаме посебни термини (простории) за болни/здрави деца, а ваму имаме проблем со стерилизација бидејќи треба имунитет да градат. Двојни стандарди. @Annath јас ако не е стерилизирано не давам на бебе. Имам доволно шишиња да не стерилизирам везден. @mariz имам мали внучиња. Научија да не ја фаќаат по раце. Со убаво им напоменав повеќе пати и си знаат веќе.
Еве мене денес педијатарот ми кажа се додека пие ад, да ги стерилиѕирам шишињата за ад. Ми даде и објаснување ама од врискањето на синко не дочув убаво, спомна дека ад не е како мајчиното и лесно можеле бактерии да се развијат така нешто..
И јас мислам дека со мало дете неможиш да се разбериш, особено ако ти е твое дете со мала разлика меѓу нив, нема шанса да се разбери од збор дека не треба вака или така. Ако е поголемо детето ок можи ќе разбери, ама некогаш и од љубомора, намерно нема да послуша... Друго, мислам дека е подобро да не се стерилизира се на секое, треба да се навикнува организмот на домашни бактерии. Кога ќе почни да лази, да оди, да гиба секаде, една секунда невнимание доволна е да пикни в уста нешто...да не зборам кога ќе трча надвор сигурно и кал ќе пикни в уста...и така...многу стерилизација според мене не треба,