Друго е внучиња, а друго е братче. Едно е да речеш не на внучиња, друго е на свое дете, кое не е доволно големо да разбере зашто не, па на друго да се одрази тоа викање нонстоп не...
И друго е внуче кое на пример доаѓа еднаш неделно на саат-два, а сосема нешто друго братче/сестриче кои се нон стоп заедно, секој ден.
Стерилизирате шишиња за да ги убиете обично бактериите што може да настанат од млекото, ако давате АД. Во моментот кога ќе го извадите нештотот од стерилизатор тоа веќе прекинува да биде стерилно, ама е стерилизирано односно оние бактерии што се од органско потекло сте ги убиле. Оние што се во воздух не може да ги убиете колку и да се трудите. Оваа стерилизирање е доволно впрочем за некој со нормален имунитет. Шишиња од АД се стерилизираат за да се убијат бактериите што може да се намножат од самото млеко и ад се раствора во вода на повисока температура од истите причини и се дава по најмногу половина час за да не се расипе. Исто и ако се дава мајчино млеко од шише. Шишето и цела опрема за испумпување млеко мора да се стерилизираат. Млекото е лесно расипливо. Истото се случува и на лекар кога одите. Ве прегледуваат со стерилизирани инструменти (значи бактериите од претходниот пациент ги нема на оние инструменти за повеќекратна употреба), не значи дека нема ич бактерии на иснтументи за обичен преглед (пример гинеколошки или на забар). Таму каде што треба потполна стерилност се оди во стерилни соби или оепрациони соби (каде што има посебни стандарди). Играчки и цуцли не се стерилизираат постојано затоа што не се користат за органски материи. Се загадуваат со воздух и лапање на бебето и нив им е доволно само миење.
Чим куќа одржавам чиста, не гледам потреба толку да се потресувам за се што е внатре во куќата. Чим е здрав, прав додека е дома, значи дома ми е доволно чисто и безбедно... никогаш во живот не сум стерилизирала играчка..
Јас само во тенџере си вријам шишиња и цуцли. Некогаш ги оставам внатре во тенџерето некогаш ги вадам на крпа да се сушат. И да се нафатат бактерии тоа се оние домашните бактерии со кој детето ионака е во контакт. Немам во план да стерилизирам ништо друго освен шишиња и цуцли.
Јас убаво мијам шишиња и со многу топла вода ги парам. Сега тука прочитав во фрижидер, хмм. Искрено, претерано ми е размислувањето детето да не ми го фаќаат други деца, ко божем ќе го заразат. Извинете, ама после ќе ви го одбегнуваат детето зашто многу сте пицајзли.
Еднаш само на почеток кога ги купив шишињата ги стерилизирав и толку. После со врела вода ги попарувам да отстојат некое време. Некогаш само со сјај и топла вода ги мијам и плакнам обилно. Еднаш земав нови играчки да ги стерилизирам во тенџере со вода, целите се трансформираа и стопија. Дома чистам редовно, а не гледам причина се што користи малата да е стерилизирано. Како ќе ствара имунитет ако се е од чисто почисто? И јас кажав да не ја бакнуваат по раце ама пак си тераат по нивно. Ама затоа отпосле и ги мијам рацете. Допирање да забраниш ми е себично, зашто и јас и татко и ја допираме а рацете не ни се стерилни. На ваков или таков начин бебе доаѓа со бактерии кои не се штетни туку само помагаа за развивање на имунитет. На почеток внимавав повеќе ама сега не толку
Играчките ги чистам пред прва употреба. Обично со дезинтал. Шишињата и цуцлите ги стерилизирам во тенџере еднаш неделно или на десетина дена. Во сите други случаи мијам со фрош бејби и топла вода.
Јас немам стерилизатор, но и ретко (дали еднаш неделно) користиме шише. Да би требало везден да користиме и стерилизатор ќе купев и во фрижидер ќе чував и тоа не на полица туку ќе купев некоја голема пластика со капак па во неа. Не ми е претерано, бидејќи некаде мора да се чуваат, па бидејќи во фрижидер помалку се развиваат бактерии таму би биле, сега ми стојат во посебна фиока. Инаку и јас ги вријам во тенџере веднаш по употреба, па мијам со Фрош, па попарувам и оставам да се сушат во посебната фиока покриени. Е сега цуцаме цуце, две користиме, е тие секој ден ги вријам во ѓезве (2мин работа), а со врела вода ги попарувам дневно по неколку пати, чат-пат и со Фрош ги мијам Штотуку купените играчиња ги пребришувам со алкохол, а оние кои може да ги измијам ги попарувам и мијам со Фрош. А понатаму ги пребришувам со влажна крпа чат-пат или кога сметам дека треба
Nikogas nisto nemam sterilizirano. Sisinja, cucli, silikonski bradavici, pumpa za odmolzuvanje... miev ubavo i na kraj so zeska voda poparuvav. Igrackite gi miev samo otkako ke gi kupevme, pred upotreba. I na pod da mu padnese, bilo cucla ili igracka sto ja pika vo usta ne miev. I ne, ne me mrzelo, tuku svesno go pripremav da se navike na okolinata. Koga pocnav da go ostavam na pod go lizese laminatot. Na odmor bese 6 meseci i non stop bese so racete vo pesok i pesok vo usta. Imunitet se gradi so izlozuvanje na bakterii. Covekot e roden vo priroda kako zivotnite i od start bil izlozen na sè. Moderniot zivot ne napravil nezni i bolezlivi i so slab imunitet.
Така не учат и старите педијатри,да допре се за да стекне имунитет. Сега модерните педијатри што нема да измислат и затоа толку децата се осетливи,склони кон настинки и алергии. Така е убаво во пластика и затворено,сигурно ке остане чисто. Ама шише во фрижидер со друга храна не само што ке има бактерии и ке замириса.