Стерилизирање на миленичињата

Дискусија во 'Дом' започната од dream.queen, 22 јули 2013.

  1. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темата бидејќи ме интересира вашето мислење во врска со кастрирање односно стерилизирањето на миленичињата.
    Некои сметаат дека е добра оваа постапка бидејќи се намалува бројот на кучињата скитници или пак со оваа постапка комшиите нема да ви ги оставаат пред врата во кутија новороденчињата (како во повеќе ситуации)Но и во повеќе ситуации кастрирањето има последици како што е на пример нагло здебелување и промена во однесувањето.
    Но некои се против оваа постапка бидејќи миленичето го сметаат за свој најдобар другар и се ставаат на негово место и сфаќаат дека не е во ред ваквата одлука некои срце ги боли за нивното милениче да не осети што е тоа мајчинство.

    Кое е вашето мислење дали го поддржувате стерилизирањето или пак спаѓате во таа група која е против оваа постапка?


    Ваква тема барав ама не најдов се надевам дека не е дупла ако е клуч.
     
  2. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Женските кучиња ако во текот на нивниот живот еднаш не родат имаат поголеми шанци да се разболат од некоја болест отколку оние кои родат или се стерилизираат.Многу е подобро кучето да роди еднаш заради нејзино здравје.Но има луѓе кои не можат да си го дозволат тоа поради причини како (дали ќе ги продадат,нема место и сл.) И затоа ги стерилизираат,што исто ги намалува шансите од болести.
    Мене ми препоречаа да ми роди кучето еднаш а потоа да ја стерилизирам,како најдобра опција.
    Инаку уште е мала па ќе размислам,но најверојатно нема да ја стерилизирам бидејки несакам таа да трпи последици кои можат да се случат после тоа.
     
  3. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    Ние живееме во стан, во една западно европска земја. Имаме мачор кој моравме да го стерилизираме. Најпрво бев против, но потоа кога почна да врши нужда насекаде, по кревети столови каучи, го променивме намештајот и видовме дека нема друго решение. Објаснувањето на ветеринарот беше дека не можејќи да го пуштам да се пари (затоа и нагласив каде живеам, ќе ми го соберат шинтери) , постојано ќе обележува територија кога ќе осети мирис на мачка. Дури и не искара, велејќи ни, кога веќе сте знаеле дека нема да се пари требало додека бил малечок да го стерилизирате, не можете ни да замислите која фрустрација е незадоволениот сексуален нагон кај животните. И навистина после интервенцијата стана многу понеагресивен и помил. И веќе не мочка насекаде :)