да, се спремам да го правам и зе мене и за него иначе он моментално пие едни апчиња на природан база. Трибестан мислам се викаа
јас немам рецепт некој на пишано.. порано јадев еден со ореви и мед (колку кг мед толку ореви плус лимон). Сега ке направам мешавина и место само ореви ке додадам лешник, бадем... поздрав
Знае ли некој каде во Скопје, во која аптека да најдам Condenzyl? И ако некој има купувано во скоро, да не знае колку пари се? Фала, имајте убав викенд
Jas nemam a koj doktor ti gi ima prepisano i od kade ? Ako e od Sistina tie prepisuvaat germanski i nz kakvi lekarstva i poveketo samo vo aptekata vo sistina gi ima i ne se eftini
Kilo med i od se po 100 grama: orevi, lesnici, bademi, indiski orevi, suvi slivi, suvi kajsii, suvi smokvi, semki od soncogled, se se secka se mesa so medot i izleguva tri tegli
Јас знам дека функционира и топло го препорачувам на сите кои имаат проблеми со зачнувањето, доколку се утврди дека причината е слаба сперма кај мажот. Позитивна енергија, овој лек со медот, има и апчиња кои исто така може да се користат заедно со медт ништо не смета тоа... и пред се никогаш да не губат воља и надеж. Добро е и да не се одмива жената после однос, знам дека е глупо ама така викаат, дали е мит или не не знам.
Денеска добиени резултати се Олигоастенотератозооспермија со живи 43% , нормални 2 % , ненормални 98% и неподвижни 62%. До понеделник има многу време дефинитивно не е добар резултатот, дајте совет што понатаму?
Ние имавме 4 % нормални 90 % неподвижни живи 20 % примаше б комплекс, ку 10 и мака во Капсули... За месец и пол имаше резултат 40 % нормални, 60%подвижни..пробајте
Bev deneska kaj mojot ginekolog mi preporaca da odime na urolog. Ama neznaeme kaj koj urolog da se obratime?
Девојки , да не отварам нова тема ќе се обратам тука. Ги замолувам девојките чии партнери имаа дијагноза азооспермија да ми кажат нешто. Дали испитувавте хормони , дали имате брис правено , дали е откриено од што е дојдено до таа дијагноза?? Кој уролог ве води ? Дали може имате правено операција на таа главна вена што ги испушта спермотозоидите ? *Покрај неговите две биопсии , следна препорака е операција на таа вена . Сепак е многу млад сакаат да пробуваме природно затоа што ете инвитрото не беше најдобрата варијанта за мојте јајници и хормони. Ајде ваши искуства околу ова ве молам ..
Девојки вака. Не најдов друго соодветно место за да се искажам. Не сме во брак и не планираме се уште. Ама, на почетокот на врската ми рече дека имал мали шанси за да има деца. Јас разговарав со една познаничка докторка ми рече прати го ти кај мене па јас од тука знам што и како. Ама ова инатов не сака да оди за да не се разочарал. Подобро нека се разочара сега, отколку утре кога ќе сме во брак. Го прифатив како таков и се ќе поминам што е потребно. Па барам од вас совет како да го убедам да оди и да се провери. Ние не сме биле заедно кога тој примал некои инекции од Бугарија, па не знам да ви кажам што и како примал.А никако не сака да слушне за таму контроли, испитувања и се што е потребно. Секогаш ми вели ако си ме прифатила таков каков што сум што се оптеретуваш, ќе одам кога ќе дојде време. Ме мачи секој ден истата мисла, помагајте !
Здраво Постов е малце стар меѓутоа сакам да те прашам дали ги најде апчињата и ако ги најде дали имаат ефект, јас исто разбрав за овие апчиња дека биле многу добри па сакам да ги земам