1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте биле ли ограбени?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maja8, 2 ноември 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ја разгелдав целава тема и не најдов ваков наслов, а изреволтирана сум од тоа што често се случува при очи да те крадат решив да отворам тема... Мене лично ми се има случено ( а и на сите нас) - да не ни вратат 1 денар - и тоа е грабеж, ама не сум се побунила никогаш до сега... Ако купувам нешто што е 499 ден, ке си почекам сметка па ако ми вратат ок, ако не - ништо... Се случува и кога се возиме во такси, обично заокруживаме на цела цифра, па така ако е 78 денари - им даваш нели 80 - никогаш не ми вратиле 2 денари...

    Но она што ме поттикна да ја отворам оваа тема, е тоа штоне колкупати по ред сум била сведок како се краде при наплаќање на паркинг. И тоа паркингот карши Холидеј Ин што е!!! Другарка ми му дава нешто покрупно - на пример 100ка или 200(ако на пр . треба да плати 120), и типот никогаш не врака точно. Ако си застанеш фино лепо да си преброиш може и ке ти врати, ама ние обично све отпосле приметуваме, и ајде нема смисла да се вракаш за некој денар... Сега слушам истото се случило и кај моја една роднина, на која и имав раскажано за случајов, и уште типот се правел наудрен!

    Како и да е му се пишува затвор :lol:

    А за крадењето во автобус да не зборам! Само очи отворени!
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Имав гостинка од фолклорниот клуб. Гостуваа една недела и за крај девојката што престојуваше кај мене додека се пакувала половина од мојата облека и се што нашла во собата си ги спакувала фино лепо во куферот а и еден пар обетки си ги беше закачила на ушите (глупачка слепа ли сум?). Кога ги забележав и го отворив куферот и ми се крена косата. Најубавите парчиња облека, козметика, училишен прибор и незнам уште што не беше собрала. Си ги извадив работите и ја испарталив кај автобусот со кој требаше да си заминат. Бев :@ до 100тка.
     
    На flowersss и Liebe.Love им се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Браво за темава..
    Ми се случи да ме украдат 900 денари
    носев 1000 не ми вратија кусур а јас заборавив. Несвесна кај ми отидоа парите кусурот го вратив од моите заштедени... бидејки вратив кусур дома, неможев да отидам до продавницата и да кажам со оглед на тоа што кога и да е ке кажат дома па ке настане збрка. А тогаш многу ми беа лути па ми беше страв да кажам дека не сум зела кусур , ке ми викаа...


    голема грешка направив и веке внимавам..
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    За жива среќа не сум била ограбена.
    А она не враќање кусур е стандардна работа. Продавачката од секој по 5 денари да земе тоа е на ден уште една дневница бе :^)
    Најинтересно ми е во Веро приметив на кеси и на одредени производи цената е пример 45,5 денари. И нормално наплаќаат 46. А така на секој производ се вадат пари бе.

    Иначе баш вчера се возев во 50ка и во центар одеднаш тепачка во автобусот. Една бабичка маваше еден дечко и викаше женава, никој не ја разбираше. Мислевме дека е психопат. Арно ама се симна типов на станицата и женава дури тогаш разбравме дека ја ограбувал типот, телефонот и го немаше а среќа новчаникот му го земала на некој начин од рака. А во автобусот мажи имаше, ама никој не помогна, сите фаќаа сеир. :fubar:
    Битно бабава не знаете како го тепаше дечкото со шамари, боксови и клоца на крај му удри кога искачаше. Сигурно во младоста вежбала некоја вештина :lol:
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Уфф мене еден пример , во супермаркет... И дадов 1000, тоа што го купив беше 80, и таа ми врати само 20 ден. И јас :o И почнав да се расправам (таа па дали толку заборавила колку пари сум и дала, или се правеше наудрена незнам) па ништо мораше да пребројат каса, да видат... И на крај ми вратија кусур... НИ НИЗВИНИ ни ништо.. Само НА...
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Леле сега се сетив и јас. Лани бев во Барселона си купував сендвич и давам јас 50 евра и наместо да ми врати 40сетина, дека плаќав и за другарките, таа ми враќа 10 и ми вика па ти 20 евра ми даде бе. А смотани шпанци не знаат англиски ко човек да се разбереш! Абе се карав 1 саат. На крај ми вратија 40 и уште ќе ме изнатепаа и ме направија божем јас сум ги зезнала и ми викаат друг пат не прави вакви финти :?: Глупи шпанци!!!! :swear: :swear:
    Дури овие не ни знаеја касата убаво да ја избројат. Божем преброија и викаат да бе 20 си дала. Среќа бев упорна и ми вратија.
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    сум била ограбена и тоа од еден бивши кој знаеше кај си ги чувам парите во мојата соба и ми украде 1000 ден и исто од една поранешна најдобра другарка ја украде бурмата на мајка ми бестрамениееее ееејјј до кај се стигнати луѓетоо цццц :@
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Мооолааамммм???? хахаххахаа...леллелее не ми се верува што читам бе!!! Дечко ти те крадел :x :x :x
     
  9. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    страшнооо и јас ја имав истата реакција ко видовв :D
     
  10. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Се возев во такси и зборував на мобилниот и кога го завршив разговорот несвесно го оставив до мене, платив и излегов. Кога влегов кај другарка ми одма ми текна и се јавив на такси компанијата и им реков кој бр. е таксито во кое се возев. Додека бев на линија жената му се јави на таксистот и му рече да провери на задното седиште дали има мобилен, човекот проверил и и вели-па во овие 10 минути уште 10 луѓе се возеа согурно некој од нив го има земено! Сега дали стварно некој патник го земал или тој не знам.
    Знам дека делумно јас сум крива што го оставив, ама нема ли повеќе чесни луѓе кои ако најдат нешто туѓо нема да си го земат туку ќе го вратат??? Уште не си го прежалив мобилниот, не дека беше скап или кој знае каков, туку сите броеви кои ги немам сега...
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    летово на одмор од соба ми украдоа цел новчаник со 200еврА во него,а ми беше 4ти ден од одмор.останатите 6 дена си живеев со тоа што го носев во мене и на сметка на дечко ми :devil: :@
     
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Не, по некоја среќа. Сама си ги губам работите, понекогаш сум толку неспретна па не знам каде ми е главата, добра прилика да се украде нешто од мене, не дека ќе забележам. Или еве денес, една другарка ми го зеде списанијето од раце, и не ми текна дека ми го нема. :D
    Ете, лесна сум за ограбување, понекогаш. Понекогаш ми се активира шестото сетило, и имам 4 очи. :lol:
    Па тешко на тој што ќе сака да ме ограби. :D
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Сум била .Телефонот во Охрид ми го украдоа од џеб пред 3 години . Бев на одмор таму и се враќав со автобус и дур го ставав доле куферот . Имав шорц и дека не беше уз тело не приметив . Требаше поубаво да го чувам ама ете ..
    Во основно имав во клас една циганка што нонстоп крадеше и така редовно по некој денар ми снемуваше :^)
    Сега пред некој месец си имав оставено на полица кај мене во соба 1000 и бил другар на брат ми кај нас и ги земал . Демек од шала било не знам што , и искочиле си ги поделиле парите и си купиле нешто . За тоа дека мои се парите , брат ми не знаел . Не знам јас со кој памет дал некој си тамо да влага во моја соба . Како и да е , до последен денар ми ги врати .
     
  14. vilda

    vilda Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    и јас сум била ограбена, еднаш сите пари што ги имав и лична картата и после 2те мобилни телефони баш ми беа најнов модел и мајка ми рече некои работи да замам на битпазар на едната страна од џебот ги имав цигарите а на другата мобилните и секако ме пратил како знаел на која страна ги имав мобилните тоа после што ми ги зедоа, тој што продаваше ми рече гледај овде ограбуват и кога видов ги немав и реков зошто не ми каже пред малку рече не можев ништо..... леле и ми беше криво што имав секакви слики мои i на моите роднини :(
     
  15. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Да и тоа од моја блиска другарка. Ми украде 1000 ден. додека и варев кафе :@ Оттогаш кријам се што може да се скрие. :x
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    :x
    Па си сфатила по оваа случка колку ти е „блиска“
     
  17. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Да, сум била ограбена, во студентски ми го украдоа телефонот, а тогаш беа на мода телефоните, ретко кој имаше, плачев како мало дете за играчка ;( И ден денес, да не грешам душа, мислам дека дечко и на другарка ми, го укарде :!:
     
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    За среќа не ме ограбиле,а што се однесува на тие "ситници" кои не ги приметуваме во маркети,аптеки,такси превоз т.е. цени кои се во стилот на 50,45 и кои се знае на каса дека се 51 ден,или во такси правило е дека 65 ден искуцани на таксиметар на рака се 70 ден.
    И ако направиш прерачунка на годишно ниво далеку е од ситница,ама во дадената ситуација не си изреагирал од икс причини,па така да :x

    Искрено не се провоцирам од фактот дека не ми вратила некоја продавачка кусур од 10 ден,туку од кожа ме вади фактот што се прави на Тошо ако изреагираш и гледајќи те во очи се обидува да направи дебил од тебе.Е тука богами ми пука филмот :@ :@
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Баш така. Знаат дека не се во право, а упорно те убедуваат дека ти не си.
    Сум била сведок неколку пати во Тинекс, кога луѓе или другарки даваат 1000 денари, а им враќаат кусур за 500. И убедуваат дека не е така, па треба шефот да дојде, да ја пребројат касата...за да на крај видат дека не се во право.
    Или пак знаете кога се купува многу, не водиш баш сметка, и после излегување од маркетот не проверуваш на сметката. Да знаете така колку само крадат!!! Си додаваат работи, кој ти не си ги купил, а потоа си ги земаат и си ги носат дома. Затоа ич не ги сакам касиерките. :swear:
     
  20. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    и МЕНЕ тоа ми се има случено и многу ме Нервира али тоа е прост народ :(