Од блиска семејна пријателка бев ограбена некаде околу 1000денари.А во паричникот ја носев целата плата,ама изгледа се сожали.Ми беше криво.
Летоска имаше кражба кај вереникот , му влегол во 3часот навечер и му украл плазма телевизор и лаптоп.Повика полиција го фатиле и камерите кога тоа дечко од комшии.. Имал повеќе кривични дела го имаше и на вести, но уште се шета на слобода и краде ) Лаптопот му го врати,а телевизорот го скршил пренесувајќи го.. и такаа
ме ограби друарка.златото од дома.душа ме боли најмногу за вереничкиот прстен.сакам да и даддам до знаење дека се знам.сте имале вакво нешто досега.запрепастена сум.не ми се верува сеуште .
Мене ме ограбија лани во дојран на плажа, цел новчаник со пари картичките моите и на мм со се пин на нив лични карти и 300 евра пари,недела беше не можевме да се јавиме да ги блокират картичките, тек понеделник се јавивме.После една недела ми се јавија од полиција да одам да си ги земам стварите, некој ги оставил ги зедовме секако без пари, среќа картичките не ги испразниле сигурно бил некој неписмен. И замислете не ни кажаа кој ги оставил законски било така, му тврдиме дека бевме ограбени човекот ни вика законот е таков не смееме да кажеме.
Јас бев ограбена,ама доброволно Дојде еден наводно комшија,кој јас не го познавав,така ми се претстави дека е комшија на мојот сопруг Почна да кука како жена му е во болница и неможе да ја земе,треба да плати 1000 ден.Јас се сожалив и му дадов Испадна дека,да тој ни е комшија,и е некој преварант и дрогераш По извесно време дознавме дека, многу луѓе се преварени и дека животот му завршил трагично Моја грешка
Да...иако покрај ланчиња менѓуши што се имав оставено на маса,тој/таа кој и да бил земал само 18.000 што ми беа оставени на маса за рата на факултет.Од полиција сметаа дека било женско нашле некое плаво влакно ама ништо..
Да, и тоа на спиење, како студент. Влегол некој преку тераса, најдолу живеевме, под кирија. Ми украде пари, iPod (тогаш беа хит), лаптоп итн. Картички за на банкомат не беа уште толку популарни, па ми зеде ја трансакциската картичка , хаха. Инаку поштен арамија, новчаникот го оставил, за да не морам да вадам други документи, како пр. лична карта. Среќа не влегол во спалната, сама бев... и чудно што сум спиела цврсто, оти обично и на најмал звук се будам. Добра работа беше што беше познат арамија, кој ограбил неколку стана во маалото, па го фатија. Од се, назад си го добив само лап топот (и тоа е среќа).
Да бевме ограбени со дечкоми на плажа во Црна гора. Ни беше претпоследен ден 10 ти ден И парите и пасошите ми беа во паричникот а паричникот во колата ми беше оставен исто и лап топ нов тогаш купен 400 евра. Ни ја отвориле вратата од колата и ни го зедоја лаптопот и парите од ќесето, Во сета таа несреќа-среќа беше што ни ги оставиле пасошите. Пријавивме во полиција ни рекоа не можеме да дојдеме на лице место дојдете вие. Појдовме ние во полицијата во Будва и да ви кажам дека никогаш во животот не сме биле така исмејувани како тогаш од полицијата. Многу не зафркаваа не маткаја и ништо не направија. Дури ни рекоја дека 200 евра не се пари, кај сме оделе со толку малку пари на одмор... Бензин ни беше при крај, беше попладне сабота. Во Македонија беше затворен вестер унион и нашите неможеа да ни пратат. Исто барав роднини од Бугарија и грција и таму беше затворено. Па среќа тетка ми од Германија ми прати 100 евра па си дојдовме. Од нерви плачев тогаш.
Цели две години ме крадеше цимерката. Најжално од се е што ниту во еден момент не се посомневав во неа. Таа ми позајмуваше пари, па да моите пари ми ги давала на заем. Си се прекорував себе си колку сум не внимателна и постојано си губам пари. Се додека не почна да ми однемува и други работи и на крај ја фатив. И изнакажав се и сешто. Не се каам за ниту еден збор што и го кажав, а и зошто би ми било жал, дали нејзе и било жал кога ми ги крадела последните пари и ме гледала како си ја трескам главата од грижи. Никогаш никому му немам ниту сторено, ниту пак посакано нешто лошо, но нејзе не и посакувам ништо добро. Да ја стигне секоја моја солза.
Да многу пати последно беше во неделата ми го украдоа точакот од двор срце ме боли најмногу за татко ми како нозете му беше
Да сум била ограбена од прва братучетка на сопругот.Ни го "собра" цело злато и 6000 денари.Нормално ја пријавивме во полиција,но залудно.Откако не ограби јас кажував по сите роднини и пријатели дека дотичната не ограби па испаднаа уште 2 фамилии исто така ограбени од нејзина страна. За жал таа не изгуби нас затоа што секогаш и помагавме и неа и на нејзиното семејство, но сега немаме никакви контакти.
Да. Новчаникот од чанта во автобус на ЈСП. Цела среќа беше што имав само 200 денари, а по два три дена ми се јавија од полициска станица дека некој дедо ја пронашол фрлена во паркче и ја оставил во полициска станица. Инаку крадецот го видов кој беше ама залудно.
Ме ограби наставничката по Македонски од петто одделение. Ми зеде 200 покемон сликички заради други деца кои играа мотање. Кога мајка ми отиде да ги побара назад, не ги врати, тоа требало да ми биде лекција мене Сигурно му ги дала на син и.
Да, сум била ограбена. Пред неколку години преку играорната група дојдоа гости од Босна, јас зедов една девојка и спиеше во мојата соба, ми украде златна нараквица. Паричник на излегување ми имаат украдено. Цимерката бивша подолго време ја приметував дека ми чепка по работите. Абе аир да не видат тие луѓе во животот !!!
Да ме имат не парично али некои работи што сум ги сакала. Уште пред многууу години најдобрата другарка ми го украде новчаничето подарок од бабами немаше пари али зашто ???По неколку дена го наоѓам кај нејзе па уште и мајкаи ја брани дека нивно било она и го купила а јас така како тогаш не сум била дрска и реков тоа е мое мене бабами ми го подари ич не ми е галје си го земав и си отидов дома. Пред некоја година славев матура и од тетками добив многу убаво летно палто го носев на матура не помина година од матура една идиотка,лажга и крадачка комшика јас бев на работа и ми се јавува абе палтото да ми го позејмиш и викам неможам да ти го дадам на работа сум кога ќе се вратам океј,а она глупачката отишла кај мене дома братми се бањал и му рекла сестрати ми рече да го земами го земала по некое време и викам ај што си го земала али да го вратиш па уште ми вика го вратив ти го оставив таму и таму цела куќа ја свртив на опаку го немаше.По неколку дена слики на фејс од нејзе со палтото аууу збеснав И реков нека си го носи не ми е до едно палто али да не крадеше барем и да не лажеше последно да и е никад да не види аир! Ја колнам до ден денес
Во школо од девојката во клупа заедно што седевме. Знам дека е она бидејќи само она знаеше кај носам пари и слушалки, и после кога се жалев ми вика па не ставај таму. Два пара слушалки ми има украдено и нешто ситни пари.
Неодамна шетавме со мајка ми низ еден бутик и ги разгледувавме алиштата по што јас пробував нешто а мајка ми ѕирна во гардеробата да види како ми стои. Кога отидовме на каса таа забележа дека патентот од чантата е отворен и го нема новчаникот во кој имаше лична карта, возачка, банкарски картички и околу 5000 ден. Ни кажаа другите муштерии дека се моткале две ромки и сигурна сум дека се тие. Пријавивме во полиција ама бадијала, ретко знам да помогнале на некого. Картиците ги стопиравме веднаш а документите мораше да ги вади повторно Втора ситуација е кога го најдовме подрумот отворен, некој го обил но имаше земено само некои ситници, ништо посебно. Третата ситуација е многу одамна, уште бев помала. Од дома ни исчезна златно ланче и обетки. Се сомневаат во една тетка која често доаѓаше во тој период.