Да, на прв ден од првото работно место и тоа. Ми рекоа да ги извадам и ставам во ташна,и во гардероба да ги оставам, "немаш шкафче уште,ама остави си ги на клупа, сигурно е тука плус има трудници кои чуваат" Златна алка,златен прстен, кафето и влошките ми ги украдоа Ај златово ќе го продаде,ама другово бе .. Мизерија од жени.
Да и тоа повеќе пати, врвот го достигна еден крадец што ми упадна дома за метла да украде, затоа од тогаш ставивме камери и аларми, и повторно завчера бевме ограбени ама на снимката се гледа многу добро кои се, толкава храброст имаа што ниту од алармот не избегаа, мизерија ако полицијата не направи нешто и покрај тоа што им се знае идентитетот.
Не. Но на нашите комшии во другиот влез им влегле сред пладне додека биле на работа и им зеле 500 евра и злато. Станот го превртеле, се искршиле. Иако зградава во сите влеза има домофон за жал не се контролира на кого се отвара.
За што служи само полицијата не ми е јасно кога ниту еден случај не го решаваат, сите лопови се на слобода а од пленот ни трага на глас. Тешко на народот со таква бескорисна полиција. И згора на се дома да ти влезе некој ако се браниш ќе одговараш што си го повредил. Жити законите.
Нека влезат слободно к*р ке најдат Никој будала не чува дома пари и злато златен сеф у банка за 1200 ден годишно ти е секојдневно на располагање а да нацекам некој ке лета низ тераса тоа и на полицајци им го имам кажано
Пред неколку години на еден базар ми земаа околу 50-60$ што ми беа во внатрешен страничен џеб на ташната. Среќа па телефонот и камерата ми беа на друго место, па не настрадаа. Колку бев лута тој ден, уште се сеќавам. Од тогаш сум многу повнимателна меѓу луѓе.
Мене велосипедот од пред тераса ми го здиплија беше околу 21 часот , а ние имавме гости и седевме на терасата. Колкав професионалец треба да бидеш за да направиш такво нешто.
Не, од кога знам за себе пари и злато се чува во банка.Једино ако влезат телевизорите да ги украдат. На другарка моја дома и имаат украдено златен часовник и пари, најстрашно ми беше кога комшиите до нас ги ограбија, тогаш стравот беше на врвно ниво.
Да пред неполн месец, влегол преку прозор додека моите спиеле дома и успеал само во мојата соба да ми го земе целиот накит, од сребро ии злато до бижутерија. Која храброст..
Значи ако се најдеш во четири очи, во борба за живот, со крадец и ако тој губи, нема викање полиција, туку: