Знам сега кога бевме на одмор мм ги стави во сеф,400 ден месец ама нез во која банка беше.. Понудава е одлична, баш да му пренесам
Јас не сум била до сега. Кога бев во Романија на екскурзија ме сместија во соба со девојка од друга држава и сега јас како ќе знам таа каква е и дали може нешто да ми украде па затоа многу пазев на моите работи. Може девојката не беше таква беше мирна и кротка но од кај да знаеш кога не ја познаваш.
Знам дека не е за тука муабетов несакам никој да стресувам само очајно барам помош на сите страни Кажете ми дали има тема на форумов за ограбување? Вчера кога се вративме од одмор домот го најдовме во Хаос и Хорор све не ограбиле и колата ни ја украле На бебе собата неможам да опишам како ја најдовме Страшно сме потресени и бебе осеќа плаче и неспие Посочете ми кај да пишам или преместете го муабетов било кај што ќе помогне Од полиција и инспектори страшно сум разочарана...кај да си ја барам колата Цело злато од бебе од крштевка е земено никогаш и не го проба .... грозно Незнам кај сум незнам што правам само било каква помош и совет се добредојдени Ми се скрши срцето
@Bella* незнам како да ти помогнам, многу жалам, дај Боже да ја најдете колата, златото...стварно страшно нешто
Вие да сте живи и здрави. Две личности у најтесна фамилија ми ограбија, шокот кога ќе влезеш дома е огромен. Лоповска држава која штити криминалци, тоа сме станати. Крадените коли знам у некое село према тетовско ги наоѓаат и си ги откупуваат.
Нажалост ќе ти речам да не очекуваш ништо од полиција. Мене ме ограбија и ништо не се најде а имаше траги, односно знаевме кој е. Жалам, ама продолжи натаму и не се враќај назад. За колата може и да ве побараат да им дадете пари за да ви ја вратат, ама не мора да значи. Најголем страв ми е ова, ама живеам на улица каде има доста стари и нон стоп се тука, се тешам дека нема да се осудат. Ама да не викам два пати, нажалост се е можно. Би рекла да фатиш врски во полиција, да се обидеш по бувљак пазар да си ги најдеш работите, ако успееш ок, ако не, тоа е што е. Гушкам!
Знам како ти е Нас не охрабија пред 2 години. Местото каде треба да се чувствуваш најсигурен веќе не е тоа. Од полиција не очекувај многу. Јас многу се напнав да ги најдам лоповите. За тој стрес имаше некој да плати!! И ги најдов! Ако имаш некој смарт уред дома, тв, лап топ, телефон, истражувај. Ќе бидат глупи да се вкчучат на интернет кад тад. Ако сакаш пиши ми лп за повеќе деталји.
Ги најдовме и ние,ми ја вратија колата Само колата,друго ништо Ќе им се врати за се на такви Нелуѓе Во секој случај матријалното не се враќа ама стресот претрпен отпосле се враќа
I nas ne ograbija. Samo 2 prstencinja i 5000 den mi zemaa zasto drugoto go cuvame vo sef vo banka. Gletkata bese uzas koga vlegovme. Sega imame demek alarm pa malku sme pobezbedni. Kako gi fati daj pisi..
Минатата година задното стакло на автомобилот ми го беа скршиле ,, бидејки забележале дека сум ја оставила другата чанта во која нема ништо вредно ни корисно.. ... и тоа на 100 метри некаде од Полициска станица ,,,додека средував некои документи... ги повикав за записник ...и ми рекоа а па ништо каде ке ги најдеме...друг пат не оставај така ... Повеќе штета со стаклото ..отколку нешто вредно земено.Тоа е
Како не? Ние судсли добивме и имаме извршно решение да не обештети. Нема да се врати краденото, ама ни нему мир не му давам!
Да . Од домашен крадец . Два прстени мои , алката на маж ми и на син ми , привезок на син ми подарок од баба му ( сестра на свекрвата ) и ланче мое подарок од баба ми за веридба . Среќа што другото злато го оставив кај мајка ми на чување . Исто и на чичко му на мм , им украдоа злато во вредност од 500 евра плус 500 евра кеш . Се се случува во текот на еден ден , додека чичко му на мм е на одмор во странство , а ние не сме биле дома тој ден . Оние што останале дома си ја префрлуваа топката еден на друг . Тоа е . Ама златото ги проколна и во последните 4 години , цело семејство се распарчи . Тој што украде , бел ден не виде .