Да, лично на одмор прв ден (така ми почна одморот) се на сѐ штетата ме чинеше добри 2-3 илјади денари. И ден денес помислувам на денот на кражбата и ме боли. Навистина сте среќни ако не ве ограбиле
Да мобилен телефон на тач овде уште ги немаше ми беше подарок од странство. Во вц во Џамбо миев раце го оставив кај мијалникот се свртев да се избришам го снема за секунда. Ја видов девојката одма излегов по неа ја снема очигледно професионалка кажав на обезбедувањето, ама ништо не ја најдоа пријавив во полиција и таму ништо.
Мене лично не но во станот каде што живеевме со моите влегоа крадци и му го украдоја сатот на татко ми.
Да пред многу години на пазарот во Шутка, новчаник ми го земаа. Додека одев во полиција и се објаснуваме што како скоро цела недела, еден дедо ми се јави го нашол во канта за отпадоци и по документи ме најде и ми ги врати.
Мене ми ги украдоа пасошите и знаев кој и не сакаа да ми ги вратат. Бев во полиција пријавив ми кажаа дека ќе ми се јават , не се јавија, и јас им се јавив и ми кажаа дека сум досадна и да си извадам нови. Ај да не знам кој ми ги украде ама кога знам? Ем и се карав со дотичните да ми ги вратат и ми викаа од инат не ти ги враќаме. А на полицијата гајле и е, таму се за да пијат кафе само.
Во станот ко одев го оставив точакот надвор врзан за клупа, ај реков да се качам само да се разберам нешто со мојве и слегувам. Напизден слегувам одам во маркет земам и на враќање гледам некој чепка во точакот. Му ја плеснувам една по врат и го гледам детиште мало чепка во точак со некој иглици шо и да беа, и спишти амааааан не мавајјј другаррр не го земам. И почна да бега, си реков ако тргнам по него готово е, че му искршам коските, го остајв избега. А точакот е толку стар шо пари давам да го земи некој, ама многу мразам крадци.
Vo sredno koga bev me imaat ograbeno vo avtobus novcanik samo sto vlegov da sednam na sediste tasnata otvorena nemav kojznae kolku pari sitno ama dokumenti slobodna imav i toj sto go ukral go frlil na zeleno pazarce ama imav sliki vo nego i eden sto raboti tamu ne prepoznal sto ne znael plus mi ja videl slobodnata kade ucam i mi go donel vo skolo mi se javuvaat da si go zemes novcanikot ti go donesoa.. na rabota me imaat ukradeno od novcanik pari plus za sitni raboti uste mnogu pati ama sea kade i da idam tasnata ja drzam kako oci.
Кај мене во маало тоа е секојдневие, сеа кога правев свадба и као адет е да се стави некоја паричка во венецот, заврши свадбата мајка ми се вратила дома венецот фрлен на скали пароте земени Летно време со нож под јастук спиев. Од зомби не се плашам колку што од крадци.
Без да приметам пар пати телефонот да. Еднаш директно со пиштол но на метар ипол од мене беа телефон и парите, и напаѓачот не ги виде испаничи, го измафта пиштолот (носеше маска) и избега.
Да два пати. Од комшија. Еднаш внатре дома провали зема два лаптопа и тв После неколку месеци мене телефон ми украде, тогаш нов само што го земав. Го имавме пријавено, го фатија после се изјаснивме не сакавме да го тужиме.. Дете, 19 год со веќе дете дома, и што пак би не ограбил да го тужевме, вака мм му кажа ќе му простиме но др пат ако се деси нема да стигнеме до полиција. Иначе мн кражби имаше и на вести го даваа.. Сега дома вредно ништо не држам, златен сеф а доколку му е стало до тв нека каже а не стресови да праи..