1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте биле ли ограбени?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од maja8, 2 ноември 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За жал да, али тоа ќе го препишам на мојата наивност и доверба.
    После неколку години се среќавам со една школска пријателка и така почнавме да се дружиме и као еден ден ај дојди на кафе па од кај мене ке излеземе. Си варам јас кафе, таа во мојата соба оперира - се што имав злато ми украде. И случајно утредента ми текна нешто да земам од таму и што да видам - нема ништо.
    Моментално ми светна сијаличето и право во полиција. Следуваше докажување, соочување, кривични пријави и до Суд ја дотерав и ја добив со Налог за извршување од Извршител. Штетата се процени на 1 000 евра и таква ми е професијата (ме бива за докажување и истражување) ама ја начекав да се вработи и ја осигураат и сега и земам задршка од платата и + камата :devil:
    Не ми беше ни до златото ни до парите, парите се печалат а злато се купува ама најмногу ми беше криво зошто мене да ми се случи па си препишав на мојата наивност.
    И така, кога еднаш се здраво изгориш после дуваш и на ладно.
    Би ви препорачала да не верувате 100% и на најдобрите пријатели и сватете дека никој ама баш никој освен вашите родители не ви мисли добро и можете да имате 100% доверба и сигурност.
     
    На little women, howdoyoudo, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Да, пред 2 недели ми го украде еден таксист мобилниот телефон. :( Ми падна од џеб во таксито и не ми го врати, а диво беше таксито и регистрација не ја знам и... тоа е ум за друг пат во палтотот телефонот да не си го оставам.
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Еден мал милион пати :)
    Тоа беше ептен баксузен период - во рок од две години ми ги украдоа новчаниците, со се лична карта, пари, слики од драги луѓе, и само поради тоа, имав во МВР опомена за граѓанска непослушност зошто имам извадено трипати нова лична карта!
    Првиот пат ме ограбија во автобус, вториот пат на драменбејс журка, ми ја здиплија цела ташна, болката беше преголема 8) :D , после тоа таква лекција добив дома, уште ја памтам. Ќотек не - ама забрани за искачање и притисок, ми го средија паметот.
    После тоа, со бившиот бевме на кампинг на Галичник, оставивме ранци во шатор и се симнавме на три метри подолу од него, да наполниме вода. Ни ги собраа мобилните и парите, све друго - облека, дури и самите новчаници, си стоеја нечепнати. :) Го обвинував цееел век, зошто он ме натера да идеме на несоодветен кампинг у сред Галичка свадба, коа сите чекаат немарност, за да те ограбат :lol:

    Многу бедно чувство, брр, тогаш сфаќаш колку си прврзан за материјалните глупости, во суштина.
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    На улица не. Во автобус, да.
    Пред 2 лета ми купи мајка ми од дивиденда mp4, ја имав 2 недели само, ја немаше ни отплатено уште и туку ја снема.
    Бевме во Барбика на кафе, потоа се качив во автобус и таа стоеше во надворешниот џеб од чантата. Нешто си гледав наоколу и приметив еден човек како чудно ме гледа, како да сака да ми каже нешто со очите, се претресов и приметив дека ми фали mp4ката.
    Е така, претходното лето си работев, ми беше мерак од свои пари да си купам иста. Доста се разочарав кога видов дека нема, ама си купив mp5. Главен шизик во маало. :rofl:

    Стандардно крадење сум сретнала во Тинекс. Ставена една цена, ќе ти искуцаат друга. Оправдување: на погрешно место биле наредени работите, мојот артикл бил 100 грама, тој поевтиниот 80 грама. Или пак промоцијата завршила.
    И како така секој викенд, уште не разбрав, затоа и не купуваме веќе таму.

    За ограбувањето по улиците низ Скопје веќе имам коментирано во друга тема. Страшно.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас не, но станот ни го имаат ограбено. Земаа само пари, а цел стан беше извртен за 360 степени. Замислете си, дури шеќерот и кафето беа истурени (таму барале пари).
    Среќа наша што покрај сите работи во станот (лап топ, ТВ и да не набројувам што уште не) само пари што земаа. Уште не можеме да ги фатиме, ама ко ќе ги фатиме :devil: нека се пазат од мене :swear:
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас лично никогаш не сум била ограбена, дај боже никогаш и да не бидам. Но. затоа мајка ми безброј пати до сега..и тоа се на некој чуден начин...И пак памет не и доаѓа.
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Еднаш и вредеше... :swear:
    мамичето нивно лоповско
    Цел живот работи како будала за во 1 милисекунда да ти се руши цел свет. Господ гледа ќе си им врати...А на едни пријатели кога ги ограбија, жената ги преплави со пцовки и клетви.Добро и мене ми зедоа и те како дебела сума, ама не паѓам на ниско ниво до толку.Ах леле мајко моја, до кога невини ќе страдаат
     
  8. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.377
    ме немаат ограбено ама за малку ќе настрадав...одам по улица и си правам муабет на тел.(на преклоп ми беше) и еден циган ме гледа во тел и се враќа со повеќе цигани и се разминуваме и еден од нив ме прашува колку е саатот(ама јас одма се сетив што е работата)...ако го извадев ќе отидеше и им реков дека незнам :D
     
  9. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    кога бевме на екскурзија двете другарки што беа всоба заедно со мене ме ограбија и тоа на големо. дури и влечките ми ги зеле. Следните два дена морав да ги поминам само со 300 денари додека тие си праевеа шопинг. Тоа е... Ум за друг пат !
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па тоа не е кражба :^) Tи паднал телефонот, може таксистот после не го нашол, може некој друг муштерија го земал!
    инаку до сега не сум била ограбена, ама во бус еден албанец си ја бутнал фино лепо раката во мојата чанта, и таман да ме ограби, друг албанец што седеше му се развика нешто на албански, и овој одма се симна на другата станица!
    и после овој човеков ми вика, абе овој е познат по тоа што краде низ автобуси, пази си ја ташната!
    A да не беше човеков, и телефон и новчаник и се ќе ми дигнеше тој другион :x
    A баба ми стандард ја оперираат низ автобуси
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мене до сега ми се нема случено вакво нешто, незнам како никогаш не успеал некој да ме ограби.

    Имаше едно ромче таков обид кога бев во средно, во автобус малиот си пуштил рака кај мене во ташна, мислеше дека нема да го приметам зошто имав слушалки, кога го видов на прозорот што прави му залепив еден шамар, и одма избега на другиот крај на автобусот.
    Тоа ми беше единствено такво искуство, одтогаш па се до сеа ми се нема случено такво сценарио повторно.
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    Еднаш, уште бев основно, ми ја дигнаа здравствената книшка од ташна додека се возев во автобус. Сфатив дури откако ми затреба.

    Во моето основно многу се крадеа работи ако не си ги чуваш соодветно - штом нешто макар и за секунда заборавиш - ти го снамува.

    Најмногу се разочарав кога на факултет ми снема две работи - чадор и едно џемперче што многу си го сакав. Седев во ходник на клупа, станав, направив 5 чекори да се видам со една пријателка, и кога се свртев назад - работите ми ги немаше. Аман, студенти, интелектуалци.

    Еденаш ми снема околу 150 евра од дома, ама за тоа сама сум си крива, си оставам пари каде стигнам, па после ми ги снемало. А нон стоп има луѓе кај мене.

    Ме имаат и во некоја дискотека ограбено, имаше многу гужва, ама премногу, ми отиде некако таѓната позади, сфатив дека ме крадат, ама не можев никако да изреагирам во гужвата.

    Сепак, најстрашно беше кога ни провалиле во станот. Тоа беше вистинска траума. Се враќаш дома, и си го гледаш станот цел превртен. Нема поодрвратно чувство од тоа. Се случи пред 10 години, а јас и ден денес го сонувам, и кога останувам сама дома проверувам дали вратите се заклучени по 1000 пати! Немаше некоја голема штета, за голема среќа, ама траумата никако да ја надминам. Сфаќаш дека ни на најбезбедното место - домот - не си безбеден.
     
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cрека досега не ме ограбиле,ама имам случки од блиските :!:
    Hа мажот ми пред 3-4 години му провалија в кола,заминал да трча в парк и си ја паркирал колата,заклучил и имал оставено торба со патики,тренерки,и кесето со пари(имало 18000 денари-по наши) му го скршиле прозорот и ги зеле дури и тренеркитеи чорапите :wasntme: :fubar:

    A на чичко ми пред 6 години му провалија дома му,му украдија голема сума пари,а баш тој ден ги извади од банка,и некако беше наместено :@
    Kутрите чичко ми,стрина ми,и братучетка ми не можеа да спијат имаат сеуште трауми,3 месеци спиеја на друго место :worried:
    уф како се нанервирав сега :devil:
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Кај мене во мало има една продавница каде сум приметив дека ме крадат така што газдарицата кажува една цена а друга и стои во компјутер, повеќе од пола продукти немаат цени па принуден си да прашаш, а таа ќе ти каже своја цена која и одговара, тоа го приметив случајно кога капучино нескафе ми го наплати 22 денари, а нејзината продавачка истото неколку дена подоцна ми го наплати по цена од 18 денари, ја прашувм дали поевитнијаа таа ми одговори дека секогаш се иста цена, можам да си замислам колку само пари ми украла газдарицата кога била на смена.

    инаку поголем грабеж јас случајно го спречив едно лето кога еден крадец се обидуваше преку прозор да ми рипне у соба, да не срипав кој знае што ќе беше и тоа на два пати. Сега среде горештини спијам со затворени прозорци.
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Не, фала му на Господ, не.
    Ама затоа мајка ми била, 3-4 пати (секогаш различно) :|
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Среќа досега не ми се случило вакво нешто, а познавам многу личности што биле ограбени. :|
    Еднаш за малку ќе ми се случеше... Се преплашив.
    Бев во автобус, летно време, жешко, огромна гужва. Немаше место за седење, па цел пат си стоев. Одеднаш осетив како некој ме влече за ташната и ги става рацете во неа. За среќа веднаш се симнав, и кога си ја проверив ташната се си беше на свое место. За среќа. :whew:
     
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сум била `ограбена` ако може кражба да се рече.Бев на училиште ама ташната ја оставив во училница,а јас заминав во пресоблекувална.Кога се вратив ми го немаше новото дигитронче,а на другарка ми истрошениот лак :D
    Сеуште неможам да сварам кому му беше дојдено до дигитронче од 80 денари и истрошен лак?! |(
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ако може тоа да се нарече ограбување.. Еднаш се возев во автобус, државен. И сега давам 50 ден. за картичка и не ми врати кусур.

    Еднаш во школо тетратката по физика. Им дадов на мои другарки да препишат домашна, ја вратив во ташна. И после кога имавме физика неможев да ја најдам, испадна демек немам домашно. :!: :D

    Случка на сестра ми: Во автобус и го украле новчаникот, а во него: рата за на факултет, лична карта, и уште некои ситници. (дека сестра ми секогаш носи големи новчаници и све и свешто има у нив).

    Еднаш на баба ми и се има случено во автобус, да и ја украдат ташната. :tmi: И тоа и ја оставиле само рачката. И кога стигна тогаш примети. А имаше иљадарка ли.. незнам точно у нејзе.
     
  19. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Да и тоа моја другарка од кај мене дома си оперирала за време на мојата матурска прослава.
    Додека со гостите сме се занимавале таа си здиплила златно ланче.Среќа што гостинката што ми го донесе ме праша дали ми се допаѓа па така забележавме дека сум покрадена, инаку којзнае до кога ќе си крадеше.После ми го врати ланчето, но другарството никако неможеше да се врати назад.
     
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Никогаш до сега и се надевам нема ни понатака да ми се случи ова. Ја имаат мајка ми ограбено а и братучетка ми и доста стресно е , и двете изгубија многу документи а и пари.