Мене ми имаат украдено мобилен, ама јас сум си крива за тоа пошто несмасно и на изволте го оставив во училница. А мајка ми ја имаат ограбено 2 пати. Еднаш кога бев 7мо одделение, не следеле некои наркомани додека купуваме и кога влеговме во мала продавничка да купам вода, влезе и едниот од тие двајца и за 3 секунди го грабна паричникот и го снема. Имаше многу пари и лична карта чинам, но ништо од тоа не најдоа, а и да нашле, си поделиле меѓусебно во полиција. Вториот пат носела исто така прилично голема сума пари и злато, и не ни приметила кога ја ограбиле во сета таа гужва. Ах бре мајче...
Досега, фала богу, јас лично немам доживеано вакво нешто, меѓутоа им се има случено на моите, а јас бев 3то одделение, на Бадник, додека бевме кај баба ми на вечера. Жената ги имаше оставено ќебињата да се излуфтираат и додека си готвела по дома, ниту слушнала нешто, ниту приметила кога и ги украле ќебињата под нос. Е, значи, ниту на Бадник немаат одмор луѓево. Не.
Да, и тоа лично и персонално во лице со ограбувачот и неговиот нож! Сега ми делува смешно, ама тогаш колку бев упрпана, мада доста изреагирав трезвено. Среќа не ми зема цел новчаник со документи, туку само парите (не беа многу), телефон и златни прстени. Арно ама јас веднаш го пријавив и алфите со цајканите завршија работа. Го фатија во рок од еден саат, па се м'кнев по станици, давав изјави, па на препознавање....абе филм! Истиот ден ме викнаа да дојдам во станица да си ги подигнам моите работи
Да! Во седмо ми го земаа новчаникот од јакна, немав многу пари 50/60 денари, ама новчаникот многу си го сакав, никогаш не го прежалив
Во парк кога имав 15 години и се славеше нешто и идам да се сретнам со братучед ми , по пат двајца ми дојдоа извадиа едно џебно ноже и почна да ме претресуваат ми земаа мобилен само , срека 600 денари имав ама (можеби ке звучи глупо ) ја секогаш моите пари ги чувам во гаки додека да стигнам до дестинацијата после ги вадам и у џеб ги ставам проблемот беше ја толку се исплашив тука па се измочкав у гаки .... и не отидов се вратив дома кажав што било , ова она и утредента со мерак голем отидов до продавница и ги дадов тие пари (купував нешто) на продавачката која ми викаше дека сум се здебелил (7 кила бев дебел тогаш ) НА ТИ МОЧАНИ ПАРИ !!! , пак да збориш патем научив кога те ограбуваат , без противење и све ке биде ок
Во автобус на ЈСП, пред 10-тина години. Се симнав, ташната ми беше отворена , а паричникот исчезнат. Не беа проблем парите( и онака имав 200-300ден.), ама после си трчкав за нова ЛК и слободна. Како и да е за памет-после тоа ташната под мишка и секој пат очи широко отворени. Ај, лесно поминав
Досега не сум била ограбена ако не го сметаме она денарче, два кусур кој баш и не го враќаат посебно во маалските продавници. Поголеми суми не, фала богу...
Не сум била ограбена, ама пред неколку месеци еден кретен проба да ме ограби во автобус. Се обиде да ми го дрпне мобилниот од ташната, ташната ми беше отворена кога се свртев случајно и отидов на крајот од автобусот. Како бе можат да прават таква прљава работа како крадењето, да им се удри по џебот па да видиме дали ќе имаат лепливи прсти. Туку, дали воопшто и имаат нешто во џебот..крадени пари не остануваат.
Ова не е ништо да знајш оние ,,наркомани,,шака јада од луге на што се спремни :geek: АМАН да не пишувам во несвест ке падните !!!! туку ај !
Сум била, и тоа прв пат сега летово во Охрид. Да ми кажеше некој дека на тој начин ке ме ограбат, сама ке си мавнев 3 шамара. Во апартман,во куќа на приземје во Охрид, 4ца внатре бевме, преморени, и ноќта на спиење бе!!!!! ме олеснил за близу 4 илјади денари, (среќа вечерта барем цигари си купив, и сокче) и пафем нов, со триста кефови купен, ај реков викендот охрид ке се шприцам и ми го зел. Е сеа, вината од сите, вратата сме заборавиле да ја заклучиме. Мојата чанта со шминки, и чантата кај што ми беше новчаникот биле најблиску, ги дрпнал и надвор на масиче што сакал си зел, и ми ги оставил. Али чесен крадец, новчаникот со документите го оставил. Сабљето кога видов што се десило, и се пуштив на таа газдарицата оти многу либерте ми се испонаша кога и кажав, за што потоа ми беше жал Од кај знам јас може од крим техника сум, па неа ке и се дерам. Така едно пола час бев испиздена, после ми помина. Ми беше криво цело лето настрана си ги збирав, а за пафемот муабет да не правам пак се изнервирав кога ми текна. Ајде до парите да е, здавје само
За жал ти си во право го прочитА мојот пост погоре токму за тоа сакав да пишам ама од мака неможев ! Во Охрид летно време идет од секаде секакви човек не можит од нив никако да се заштитит ! Јас го фатив крадецот и викнав полиција и одма го пуштија !!!!Па се правдаја дека до толку им била надлежноста !!!! ,, се колнам дека ако уште еднаш крадец фатам ЈАС лично ке го сомелам ке го искршам и ако сум ЖЕНА!!!
Јас не но мајка ми да, пред некоја година на железничка станица, со воз одевме до Бар и еден демек да и помогне и го украл новчаникот. Да не примети мајка ми штом седнавме во купето ќе отидовме во Црна Гора без скршен денар! Со оглед дека таму имаше доста пари жената со денови неможеше да се совземе!
Да, сум била и тоа грабежот ми го изврши некој навистина близок бидејќи ми ги зеде 150-те марки тогашни кои ги имав во новчаник и беа во посебна преграда одделени од денарите така да може и не ја приметив кражбата со денови, а и види лукавост земени беа само девизите . Не прогнозирав кој го извршил бидејќи неблагодарно е да нагаѓаш без цврст доказ. Парите ми беа лично моја мини заштеда од плата и не посакав да ги троши за убаво !
Во автобус од ташна ми дрпнаа новчаник.Носев ташна на страна ,кога влегов го извадив за да платам карта.На наредната станица се качија еден куп средношколци, а јас стоев.Кога се симнав дома,ташната ми беше откопчана а новчаникот со 2500 ден и лична карта го немаше А ништо не приметив Инаку ми краделе и лични работи.Имав една братучедка која кога доаѓаше како помала-на гости,седеше по еден саат во вецето.Земаше шминки,чешели,накит ако се најдеше...Најтрагично е што еднаш и видов дома кај нејзе еден мој сјај и четка за коса,ама татко ми не ми даде ништо да речам Подалечни братучедки-од Белград беа дојдени на гости.Спиеја во мојата соба.Кога си отидоа се гледаше дека шкафот ми беше испревртен и ми ја немаше омилената кошула штотуку купена од хепенинг Ја ставив во ќеса во шкафот зошто требаше ракавите да и ги кратам и отиде...Потоа приметив и дека добар дел од накитот ми го нема ќ Еднаш,мистериозно ми снема тренерки и хеланки.Беа црни ,штотуку исушени од перење и собрани од жица.Најверојатно мајка ми кога излегла до продавница,оставила отклучено па влегла некоја комшивка и се почестила...... А сега нешто најжално-Кога бев малечка,се сеќавам дека ни украдоа цела жица со алишта :worried Колку убави работи ни отидоа,аххх...Мајка ми ги ставила на предната тераса и се качил некој и убаво собрал се Моја бабичка кутра беше ограбена од таксист!Во Скопје!Тргнала во Градска на контрола.Во ташната имала 100 евра и неколку стотки.Прво се симнала на Бит Пазар па оттаму се качила во такси.Кога ја однел пред градска и рекол да и ја даде ташната или ќе ја утепа Баба се исплашила и му ја дала.Ништо не направивме нити пријавија во полиција,нејзе не и текнуваше ништо конкретно да опише најверојатно од траума....