Ме имаат и тоа повеќе пати, а и јас самата многу сум невнимателна и многу работи имам загинато. Летово излезени на кафе и јас новчаникот го носев само ташна не. И и го дадов на другарка ми да стои кај неа в ташна во него имав една иљадарка и 400 денари. Кога ми го врати да го платам кафето не забележав дека ми ја нема илјадарката. Си одам дома леле ко видов притисоците ми се изедначија. И другиот ден нормално. Не бев јас ти цело време седеше тука на маса. А таа 5 пати до тоалет беше и ташната си ја носеше.Ама прости луѓе бе ц.ц.ц. Исто така ми имаат украдено патики од дома. Летно време отворена вратата. 3 пара оргинал патики зедоа. На одмор купачите ми ги украдоа од жица за сушење. И во средно ми го украдоа учебникот по англиски од клупа.
Да! Другарка од маало ми ја украде цуцлата кога бевме малечки. Од толку што ја сакав, дури и кутивчето го памтам што беше спакувана.
Многу често од блиска личност... козметики накит итн...пари...ужаси. Само ќе речам ЗАСРАМОТА! А онака поголема кражба ми се случи во Романија, Мамаја на море. Онака влегувам во водата да се капам, сатот 5 сабајле као демек ке сме гледале изгрејсонце со двајца другари , и се чудам со кој памет али ете онака автоматски, си ја зедов ташната со мене. Ја "скрив" под лежалка, и влеговме во водата. Смејсе, ауау кога излегувам гледам ја НЕМА ташната!! Сум фрлила таа лежалката и да пиштам на цел глас. Во ташната имаше нов дигитален апарат 2 месеци стар, и 70 евра. Убаво си се почастиле. Премногу жал ми беше за сликите во апаратот, таков доживљај како тогаш сум немала, штета. Апарат ќе купиш, пари ќе добиеш али тие слики тој успомен - нигде! Рацете да им се исушат на таквите што крадат!! Најтрагично е што личноста ( во мојов случај) што краде уште ми се прави некој си верник. Али тоа ти е, клептоман, болест.
Ехееее, ме оперирале доста често. Во бифе во школо, јас давам пари, чекам кусур таа дава нешто ситно, а треба да ми врати повеќе. Па јас ќе идам отпосле да се бунам, таа ќе ми рече што не ми кажа тогаш, од кај да знам јас дали ме лажеш итн. Не ми се верува како можеа во средно да ми украдар приврзок срце од ташната ?!? Значи ташната си ја оставам во училна, имам доверба, седат бубалици, не се симнуваат на одмор, доаѓам и гледам на патентот го немам приврзокот. Не ми е за кражбата, ама приврзок народе ?? Како помала почесто ме оперираа, ма да и јас бев заборавена. Имам изгубено 28973 чадори, ракавици и сл. На екскурзија ми имаат украдено тренерка шушкава Адидас, море што пари дадов за неа, а и што убаа ми беше, не ја прежалив, маица од 70 ден., да знаела таа рошлата колку е, подобро ќе и беше да ме праша, ќе и кажев од кај ја купив. А каква иронија, живееше во стан на 2 спрата, татко и возеше џип. Алал нека и е ако ми ги изнаносела стварите!
Нешто поголемо не.. Во шесто одделение си ги заборавив тренерките во соблекувална на физичко и потоа кога се вратив само горниот дел го најдов. Нај криво ми е што имавме посебна закачалка за изгубени алишта.. И претходната недела си го заборавив блокот под клупа, се враќам за 5 минути, на малиот одмор нели, и го нема. Ги прашав тие што имаа таму час, ама се направија на Тошо. Ај, им се нашле на некои.
не се сеќавам на таква ситуација ама не не непамтам таква ситуација лично некој да ме ограби а инаку ми исчезна мн работи без јас д азабележам значи ограбени т.е земени во мое отсуство
Ограбена во буквална смисла не и се надевам нема, но сум имала ситуации кога некој пробал да земе нешто што е мое. Прво што ми паѓа на памет е како дете имав една другарка која ми ги украде Касандра ливчињата што ги собирав И тоа не неколку, туку сите Откако и кажав дека ми ги нема и мислам дека она ги земала (не мислев, туку знаев) ми ги врати. Ете користам прилика сега да ја поздравам ако ме чита и ако се препознае во постов Инаку како и другите, и мене пробале да ме скратат при враќање кусур, но не ми текнува на некој случај конкретно. Дома еднаш ни имаат влезено (а ние во дневна туто комплето и никој ништо нит видел нит чул) и од ходник ја дигнаа на мајка ми ташната. Среќа немаше многу пари, а друго не ги интересирало локалните наркоманчиња, па ја фрлиле во школскиот двор и по личната карта тие што ја најдоа и ја вратија.
ДА! Последен пат пред 2 недели во пошта. Отидов со 3 уплатници од која една беше рата за факултет и кога дојде ред за наплакање, ми фати се на се 6300 денари и јас и дадов 6500. Ми врати една стотка книжна, една 50 железна и едно денарче ( вкупно 151 денар ). Ме украде 50 денари службеничката во поштата. Е сега ке речете дека не видела дека железното денарче не е 50-денарка ама не е така бидејки истата жена пак кога отидов да платам радиодифузна такса пак ми наплати 20 денари поскапо одколку што обично плакам. Не ми е мене до тие 20 или 50 денари дојдено но од секој по 10 да краде ке вади уште една плата плус. А мене пари не ми течат.
Да. Ми го украдоа новиот телефон додека бев на тренинг. А не ми беше стар ни 1 месец + испратен од Холандија.
Па незнам колку вечери без палто сум си одела па како да ме чекаат да го соблечам и тоа сите квалитетни оригинали ама тоа е проблемот тоа е некој што ме познава не е некоја случајност
За среќа досега чувал Господ не сме имале таков проблем и недај Боже да имаме.Толку за денар два не сум да чекам често пати и ги оставам по продавница.Ми се има случено и по 5 ден да заборават да ми вратат па не сум се враќала.Така да не сум некоја личност да чекам да ми враќаат до денар.
Јас не сум била и се молам да не бидам. Ама тетка ми е навистина баксуз, и украа 5 точаци до сега. А на друкарка и, она си идела дома, и си се качувала поскалите дека лифтот не работел. Она наидува на двајца кои носат еден убав плазма телевизор, еден ист како и нејзиниот. И таа доага дома и вратата била отворена и гледа дека телевизорот не е дома.....
Средно, прва или втора година ме поткрадуваа едни две школски.. Околку 200 ден ми се фати да ми имаа земено.. Трагично беше што во цел клас крадеа.. Дома ми имаат влезено преку балкон и од мојата соба ми дрпнаа 20 евра и некој денар.. А таман си ги имав планирано сабајлето да си ги трошам На сестра ми и имаат украдено паричник со се документи и 50 евричи.. Ја виделе како ги разменила во менувачница и баш кај тоа место кај што се знае дека оперираат и го земале паричникот.. Пријавивме во полиција,чисто ради документите ама не се најдоа.. А тоа, ситнурии по продавнички, таму ваму е секојдневие кај мене.. Таков е продавачот и само покраднува кога му излага прилика..
аууу кога ке ми текне, лелеееееее, во исто време бев изнервирана, изненадена, и исплашена, леле што понатаму? јас студент, во скопје си спијам мирно, ми звони телефон мајка ми, и ми вика ти пуштив 5000 денари 3000 да уплатиш на факс за испити и 2000 за тебе(а јас сркшено денарче во џеб немав). и така пресреќна си подрипнувам одам до банкомат да си извадам пари, стигнав куцам таму пинови кодови и извадив пари, и значи секунда беше во прашање, како банкоматот ги дава јас ги земам во рацете уште не осетени парите и ми ги чапнаја од раката и избегаа додека се свестам што се случи замина возот, лелее колку ми падна фацата, да и се јавам на мајка ми пак нема да ми верува се може да си помисли жената, сепак 5000 денари не се малку пари.плачев цела ден и цела ноќ утрето ми беше последен ден за уплата за испити ц ц ц се пренервирав
Да, еднаш, но среќа ништо големо. Ми имаат украдено паричник од ранец, каде ако не на Бит Пазар Не ми беше до парите, 100 денари, ама имав една слика од мене, како малечка со многу виткана коса и многу ми е криво заради неа, не правеле тогаш дупликати, една ми беше
Мене досега ништо ми немаат укадено фала Богу али затоа никогаш не вели никогаш бидејќи никогаш не се знае...