Да. И не можам да опишам колку тешко ми падна. Цела недела неможев да се мирам од плачење. Сега очекувате да ви кажам дека цела куќа ми ја ограбиле, ама не. Јас за еден пуст телефон плачев. Ама не беше обичен. Samsung F480 со тач скрин. Да! Го чекав цел месец од Холандија да ми пристигне. И толку ми беше убав, толку го сакав... По неполни 2 месеци ми го украдоа. И тоа додека имав тренинг. Во грабежот украдоа уште 5 телефони. Аууф колку плачки имаше! Ама ете, тоа е. Дури и сега, по година и пол кога ќе се сетам ми доаѓаат солзи на очите. Неможев ни асално да се пофалам со него, да го искористам малце.
Не голема кражба.На одмор ова лето,во Шпанија,во Барселона,седам на плажа со другарка ми и се сончам.Седејки така доаѓа едно дете и ми го зема еврото што седеше до мене,на таа малата масичка шо е покрај лежалката.Ја ваква останав,ама си ги прибрав после сите ствари за памет.Незнаеш каков народ се има,ама не ми се трчаше по детето за едно евро.Го оставив да се почасти.
Да ми имаат украдено злато. Цело кутивче со златни работи кој ги бев ставила пред да одам на одмор на едно место сите работи, ми ги украдоа..
Во 69 ми го украдоа капутот , внатре во капутот ми беше и шалот и едно тенко џемперче. Ѕмиздрев како мало дете низ дискотеката.
Ужас! Мојот беше ептенн специфичен капут! Да видиш каква сум кога ќе излезам во град- како сокол гледам наоколу да не го препознаам И кога сум сама дома си глумам пред огледало како ќе изреагирам ако го видам на некоја фрик.
Мене ме немаат ограбено АМА... Моите роднини... Отидоа на одмор зошто секоја година одат по 2-3 пати. Влегле во куќата пари,парфеми скапи,документи, лаптопот на братучед ми... И се врати тетин ми од одморот зошто комшивката им јавила дека вратата им е отворена .А врати имаат со се. Преку прозорот... Потоа ставија аларми во сите соби и обезбедување Никоб. Спојлер Мислам јас дека и тие од обезбедувањето не се баш сигурни. Иди укради им се што имаат и после нормално кај тебе ќе се осигураат.
Не беше голема кражба де. Од фолкорот ни дојдоа гости од Република Српска и тоа девојчето што беше кај мене беше една досадна мртла и немтур.Со мене не зборуваше освен кога беше гладна,а со другите можеше по цел ден да се чачка.И накрај она ми даде еден црвен,грозен и вампирски лак,демек ко за подарок.(Јас и подарив колекција) И ми рече да и ги покажам лаковите оти она ми ги покажала а јас нејзе не.И ај ги носам,оти многу лакови имам де (8 лакови).И после ги оставив во собата и не ги тргнав.И по некој ден си отидоа.И еден ден решив да се налакирам и отидов во собата да си ги барам лаковите.Сите ги најдов освен синиот.Ја прашав мајка ми дали таа ми го ставила некаде ама мајка ми рече дека не ги допрела лаковите.И после ми стана јасно дека од таа саканата гостинка е украден.Епа ако она ми дадела лак незначи дека може да се почести со моите.Мамкати ти крадамијска.
Да ми се има десено..и тоа летоска на плажа во Грција ги оставив апостолките и наочарите за сонце и тоа нови од таму си ги купив.. Влегов да се бањам и кога излегов ги немаше ..Тоа е тоа ..Памет за друг пат
Мене ми се нема десено (НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА МИ СЕ ДЕСЕ), ни се има случено два пати . 1.Сите спиевме само мајка ми така дремела. И крадците ја раскршиле вратата од колата и сакале да крадат нешто, но крадецот го стиснал дугмето за уклучување на радиото. И се пуштила песната од Лепа Брена "Уџи слободно" , и тоа на цел глас, ечела колата. И такот ми станал и кога испаднал изблегле крадците и за среќа ништо не земале. 2. Сите спиевме и крадците сакале да ни влезат вп подрумот. И ја скршиле вратата но неможеле да ја докршат и прво шо зеламе биле новите патики на мајка ми , а кутрата жена си ги купи пред два дена .
Мхм, едни наркоманчиња од маало ни ја обија гаражата и украдоа некои вентили чуда, материјали на татко ми во вредност од околу 1000 евра Полицијата не направи ништо и си останавме така. Сега има дупла брава која што многу тропа додека се отвара, нема шанси да не чуеме ако нешто сакаат да прават
за среќа не..не дај боже а оние ситници од автобус 2 денари од такси од продавници и слично баш и ги сметам иако и тоа е еден вид грабеж
Да и тоа некој од мој клас . Имав во новчаник 500 денари и ташната ја оставив сама само кога отидов до тоалет. Кога дојдов дома што да видам. Ете доказ дека не треба да се верува во никој.