да,и тоа два пати од иста особа,ако не можев да докажам,не ми даваше душата да ги претресам. во студентски,цимерката,бедничка. првиот пат прстен златен,поклон од мајка ми за 18 роденден,а вториот пат цел новцаник со 200 евра,лична карта,картички итн,итн.....
кога го прочитав прашајнево се потсетив на основно кога имаше едно девојче кое ми имаше украдено од јакната околу 500денари тоа двојче беше малце проблематична и се такви проблеми правеше...леле само како ме изнервира тогаш,оти сакав да си купам нешто со парите што ги заштедив..ама ете она си купи
Koлку што се сеќавам никогаш не сум била ограбена, секогаш сум внимавала на мојот телефон, ќесе, чанта и др. работи што ги носам со себе.
Мене не, но сестра ми повеќе пати. И украдоа 3 телефони, еднаш со се телефон и една ташничка, а во неа шминки (римела, креон, лабело и др), клуч од дома, пари мислам 200, ама највеќе плачеше за телефонот. Оти само што и го беше купил тато и тоа на тач и веднаш и го украдоа.
Да. Бевме излезени надвор од градот, тоа време ограбиле злато и пари Ама тоа е.. Помина 1 година сеуште ништо не се пронашло
Мене ме немаат ограбено, ама на мојата најстара сестра и имаат украдено ташна со се мобилен, пари и имала среќа што нема во ташната клуч од дома.
Да,еднаш.Една моја школска ми ја украде скоро цела ташничка.И дури лажеше дека други деца влегле во училницата,и демек тие ми ја украле.
Цел несесер со шминки и 300 чуда. Ги носев во чанта на училиште додека еден ден не ги најдов таму. Гледав на сите страни ( и на клупа и под клупа) и дома ги барав ама џабе. Или некој од школските се има почестено или пак некој од спротивна смена. Ама ајде бидна на времето не користев скапи шминки па и не ми е криво, но тогаш ми беше.
Па поголемо искуство...Кога се возев 57 ми се има случено да ми украдат пари, дури еднаш биле учтиви, па ми го вратиле новчаникот. Потоа пред две години, баш за мојот роденден ми го украдоа мобилниот, кој не го најдов. И сега пред една недела ми го украдоа пак моб, и сум во потрага и се молам да го најдам
И мене ми се случило ова, ама и јас бев упорна и ми ги вратија и тоа се лути продавачката мисли дека така ќе може да ме прелаже
Да, на училиште. Имавме час по ФЗО и јас ја имав оставено чантата во училница а во неа имав дуксерка и новчаник и книгите.Ја заклучив училницата (јас самата ја заклучив ) и клучот го оставив во канцеларијата на масата.Кога се вратив во училница дуксерката ја немаше а и новчаникот исто (до душа немав многу пари). Уште ми е жал, се гледа дека било од љубомора зошто тогаш беше прв ден како ја имав ставено на мене и сите ми ја фалеа, беше преубавка
Да и тоа ми земаа 700 денари кои беа криени за да не се куца фискална (како што наредуваше газдата). И на крај кај доживеав стрес, кај не му работеле камерите, па дури и си ги платив од џеб.