Мене тие 2000 многу ми значеа, ко ќе си студент во друг град и 10 ден ти се големи пари, камоли 2000ден. После тоа сама требаше да ги заштедам со се каматата за задоцнето плаќање.
О да, еднаш, во автобус, бев мала, се враќав од проба играорна, на Битпазар, за викенд, во најголемата гужва. Тој ме видел дека сум го ставила новчаникот во ранец и си го зел поштено. Пари нешто немав, 150 ден. ама имав една слика од мене мала со многу виткана коса, која ми беше една и единствена, за неа ми беше криво. Но, ете, се случува.
Сум била.Пред 2 години со една другарка бевме на плажа сами и зад нас имаше едни на просјаци ми личеа и чудно не гледаа , но за жал не им обрнав многу внимание и си влегов во вода кога се вратив имаше што да видам ми ги украле наочарите .Не беа нешто многу скапи 500 - 600 денари ама криво ми беше не ке се збогатат со едни наочари упм и + внатре ми беа омилените моливчиња за очи Глупаци!!!!!
Не, ама баба ми имаат ја ограбено(односно не ја ограбиле туку сакале да ја ограбат, почнале да и бараат по џебовите, додека таа цврсто го држела новчаникот во рака и виделе некој човек и избегале.)
Да,летово во еден клуб.Ми беше тој сумителен уште кога го видов.Ташните на маса,ја стојам тука до сепарето и седнувам кога гледам ташната отворена,но новчаникот никаде ми го немаше. Мислам дека немаше ни 5 минути истиот и ја украде цела ташна на другарка ми. Па и затоа си го пријавивме и оп лисиците на раце.
Јас ги гледам рекламите од Никоб, и доста поволно изгледа човек да си земе обезбедување! Само не знам дали во таа сума влегува и опремата односно алармот и видео надзорот. Ние имаме живеено во западна Европа и таму воопшто не беше скапо ниту осигурувањето на имот ниту пак видео надзор и слично. Буквално секоја куќа имаше инсталиран систем со видео надзор и аларм и се.
До сега не сме биле ограбени. Но, месецов имаше два грабежи во населбата така што планираме да се заштитиме од такви глупости. Ќе поставуваме аларм и надзорни камери, не е воопшто безбедно деновиве ни дома..
Да и тоа 3 пати Првиот пат ни имаја земено злато,ДВД,бежичен телефон и др. работи ама не се сеќавам салам на нив А вториот пат се беше растурено..ама немаше ништо земено И 3 пат беше во визбата..ни го имаја скршено катанецот и имаја земено некои работи
Да да, 2 пати и тоа, не еднаш Првиот пат на мајка ми најновите патики и ги украдоа од подрумот, ама и крадците така изгледа нови на работата биле и мајка ми на вратата ги фати па кучето за панталоните почна да ги влече па ги гонеа и мајка ми и кучето низ цела маала ама се изгубиле на крај и отидоа патиките. Вториот пат ни украдоа мал шпорет пак од подрумот . Е тогаш не ги видовме. А и ни имат крадено канти од пред куќата 5-6 пати
Да. Колата ни ја украдоа..ни отиде негде накај Сарај, а можда и Кондово. Иначе дома не ( фала му на Бога).