1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте пробале ли да напишете книга?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од butterfly4, 8 јануари 2014.

  1. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Јас имам пробано но не ми одеше баш најмногу.
     
  2. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Имам пробано и онака ми одеше, пишував за својот живот и за текстовите во него, но и за убавите работи, но прекинав, не знам, како да немам доволно време за тоа :D
     
  3. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Имам пробано, но се си мислам треба да ја чекам правата приказна, во правиот момент. Како да не ми одеа зборовите од рака, или од уста, или од памет... :? :whew: хммм... :D
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    да..веќе напишав
    кратка ама ме густа :D
    46 странички е ;)
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    33.116
    Пол:
    Женски
    Имам пробано.Напишав околу 15-20 страни и го оставив. :D
     
  6. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Јас имам напишано книга од 138 страници. Научен труд на одредна тема и испечатена во 10 примероци. Може да се најде во библиотеката на универзитетот кај што студирав. Книгата бара посветеност и многу многу труд. Секако и желба. Крајот го краси делото.
     
    На Tanjamm, Зегзи, Snow-Star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Како да ја најдеме таа книга, под кој автор?

    Мислам дека темава е за книга како литературно дело, а семинарски, магистерски и сл.трудови не спаѓаат во пишување книга, тоа е собирање и класифицирање на информативни содржини од домашна и странска литература и од интернет.

    Јас сум пишувала поезија, но проза никогаш не сум пишувала. Но имам идеја да напишам нешто, бидејќи кога гледам какви лесни романи достигнуваат светска слава, на пример овие љубовно еротскиве, на пр. од Силвија Деј, Даблин стрит, Лондон роуд итн..,си велам да му изџвакам нешто на светот кога веќе знам што му се јаде. :lol: Само уште да бидам финансиски добро подготвена. :D
    Не мислев да пишувам еротика, но можеби ќе измислам некоја приказна како Господар на прстените, па уште и филм ако направат според романот бреииииј...не знам кај ќе ми биде крајот.
    Туку, што сакав да кажам... 8)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    хахха а научен труд као не е книга. Тоа е новина.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Мислиш-весник?
    Па хартија е, ама не е прозно дело.
    Собрани туѓи информации во врска со одредена (научна) проблематика, не претставуваат роман.
    И семинарска се прави на одредена тема, со преземени извадоци од туѓи дела, но тоа не ја прави книга-роман. Знаеш за што зборувам а и на што се однесува темата, ама упорно сакаш да докажеш нешто за што и самата знаеш дека не е така. Браво за твојот труд околу некоја проблематика, и тоа не е лесно секако, но тоа не е книга како прозно дело.
     
  10. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Немам, оти знам дека нема да успеам :D
     
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    26.893
    Имам напишана како помалечка онака како за забава со слики во компјутер 40 страници е.А сега пишувам книга во вид на дневник (ама не мој сопствен) и тоа за забава. :lol:
     
  12. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Многу саκам да пишувам, од сеκогаш тоа ми ги смиρувало живците :tmi: . Убаво е да си започнеш κнига чисто за себе немоρа да за ја издаваш. Јас сум ρазмислувала да си напишам κнигиче чисто онаκа да си имам, да знам деκа сум напρавила и јас неκое дело, немам намеρа да ја издавам, хаха и плус κој би ми издал κнига мене :P . Саκам да κажам би напишала и навистина планиρам, а имам напишано и многу поеми, многу теκстови и ρазκазчиња, многу лиρсκи и лиρсκо-епсκи песни ама повеќето само јас си ги знам, си ги чувам во една папκа. А имам испишано и цел еден дневниκ во κој сум пишувала за сеκојдневните случувања во мојот живот, во моментите κога сум чуваствувала осаменост, тага или ρадост. :)
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Да... Имам пробано, но секогаш се откажував. Или поради недостаток на идеи, или поради недостаток на слободно време. :tmi:
     
  14. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Немам пробано, а би сакала. Но не ме бива многу по пишувањето затоа што сум мрза светска, па кој ќе мисли приказни или што да било во таа книга. :D
     
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас напишав една книга. „Плод на потсвеста“ до сега само другарките ја имаат прочитано и освен пофални коментари, други не добив :)
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Имам напишано 2 мали од 30 страници :)
     
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    3.523
    Пол:
    Женски
    Една мала напишав а сега пишувам друга, почнав да ја пишувам уште заломнани летото ама пуста мрза :geek: и пред некоја недела го чистев компјутерот, ја најдов и реков дека нема да биде лошо да ја довршам :P
     
  18. YourBoddy

    YourBoddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    70
    Пробав околу 60 -70 страни али ја заборавив ...... после некое време ми текна ама не се сетив каде ја зачував и ме помрза да ја побарам :D
     
  19. Jovana988

    Jovana988 Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Па почнав да пишувам книга, и веќе ја напишав околу 350 страни е 8) и гледам сега да ја издадам во Матица затоа што желба ми е да станам иден писател. видете дел од книгата и кажете ми мислење:

    Михаела стоеше пред клубот. Набрзина влезе внатре откако ги виде Вики и нејзините пријателки. Местото беше преполно. На секаде сјаеја рефлектори, а таа се чувствуваше ко главна. Шеташе со штиклите ко ништо. Сакаше да се покаже. Застана пред вратата и ги подаде парите за карта. Влезе и во срцето и зачука басот кој ја носеше песната. Таа ги прегрна своите другарки и секоја одделно од нив ги бакна во образ. Почнаа да ги отвораат устите, зборувајќи нешто, но Михаела не разбра ниедна од нив. Музиката беше прегласна за да се чуе нешто. Потоа таа разгледа наоколу. Прв пат влегуваше тука, но беше опуштена. На нејзината лева страна, само четири метри подолу од скалите, стоеше Ди-џејот кој ракуваше со музиката истата вечер, а понатаму стоеше мини бина, која беше направена за специјани концерти и журки изгледа. На десната страна стоеја седишта, кои беа доволно за да седнат оние кои веќе неможат да стојат на нозе, а веднаш до истите седишта, стоеја маси, со кои управуваше главниот шанк во клубот. Михаела цврсто ја држеше чантичката на која стоеше знакот „Луис Витон“. Вртеше погледи кон познатите фаци од градот, од нејзината генерација. Можеше да види различни луѓе. Повеќето од нив ги мрдаа колковите, и се движеа без некаков посебен ритам, со чашата вотка во рака. Елена, најстарата од другарките, им подаде на сите чаша со виски, кое отсјајуваше од силните светла. Повторно преврте погледи, и забележа дека веќе се нашла на средина од дискотеката. Од позади нејзиниот грб, стоеше познат парфем. Се заврте. Стоеше тој. Стоеше...
    Али.
    Насмеан и среќен.
    Беше облечен најобично што можеше. Тоа беше најпривлечното за него. Не се замараше. Во раката држеше ништо освен дотичниот телефон, кој постојано беше со него. Само едно ново елече „бершка“ стоеше над неговиот грб, и двајца другари од кои едниот од нив земаше по два-три дима одеднаш од силната цигара.
    Мислеше да го заборави. Знаеше дека тоа нема никогаш да се случи, но барем за миг, за вечер да го оттргнеше од мислите. Тој невино се кикотеше со неговото друштво, а Михаела не заврте поглед на страна. Стоеше зазјапана од него. Таква убавина не се пропушта. Иако беше зазјапана во него, тој неможеше да ја забележи. Беше премногу темно. А не е ли исто темно и за Михаела? Но, тој сјаеше ко ѕвезда северница каде и да одеше. Ко позлатен аметист. Се загледа во неговото секси исправено и тенко тело, кое немаше потреба од атлетско изградени мускули за да биде убаво. Таа не смееше да ја пропушти таа шанса. Премногу беше совршен, за да биде утнат. Не го загледа повторно. Ја симна главата, за намерно да не ја види. Го помина неговиот грб, и со рамото го допре. Истото чувство како секој ден. Не сакаше да заплаче во дискотеката. Ќе си ја растуреше маскарата. Но, беше среќна што ја почувствува неговата ледена кожа на која секој би се стопил, и неговиот мирис кој и беше заглавен во ноздрите. Го помина и ги затвори очите. Личност која седеше на соседната маса, ја поттурна и чашата вотка падна на подот. Возбудена ги напушти другарките за миг и излезе од дискотеката, од задната врата. Стоеја двајца кои чуваа, и ја погледнаа во истиот момент кога таа го спушти здолништето „прада“. Двајцата се наместија, но таа не им обрати внимание. Излета од вратата, и ги помина скалите. Се допре на ѕидот од дискотеката однадвор, и низ маскарата, почувствува како и потече една солза. Зад дрвото, од другата страна, го забележа него како излегува со останатите кои беа дојдени со него. Другите не беа нималку важни. Тој ги поминуваше сите околу него, како ништо. Не се ни завртуваше. Но и да одмавнеше со главата немаше да ја види Михаела. Таа стоеше десет метри оддалечена од него, скриена позади дрвото, кое беше најблиску до задниот излез од клубот. Единствено тој, ги движеше нозете на посебен начин. Коските му се познаваа, и тоа беше доста привлечно. Секоја црта посебно му се оцртуваше на неговото тело. Фармерките му беа и излитени од несмасно носење. Беше палавко. Смотан. Труп. Будалче. Единствен. Стоеше без изразен лик на него и движејќи ги тие величествени нозе, се изгуби во темната ноќ ко орел во височини.
    Михаела внимателно се скри зад дрвото, и не забележително ги спои двете дланки кревајќи ги нагоре. Во себе, слушна нејзин шепот, кој велеше
    Те љубам, мило...

    инаку ова е само дел од книгата за што се работи за забранета љубовна приказна на Михаела и Али, во Скопје. А, воопшто, книгата е семејна драма. Се надевам дека ќе ми дадете некаква храброст да ја издадам. :)
     
    На bihterka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Е сега да ќе се сериозносам.Оваа вторава книга шо ја почнав ќе биде 100+(ако имам повеќе мозок,може и 200 странички да извадам,па и филм да се снима според книгана)
    А инаку не се плашете луѓенца,еве ви велам каква храброст издај ја,сепак и то е нешто како мала ситна среќа...;)