Ми се допаѓа.Посебно што Михаела е главен лик-така и јас се викам.А убаво е што и темата е забранета љубов,а гледам и лик од друга националност тоа е одлично за тоа дека љубовта може да премине се и дека не познава никакви граници и разлики.Во неа се дише како еден. .Јас имам напишано книга и тоа на 13 години.Се вика Забранет сон во сините очи.Не ми е објавена.
Сеуште НЕ, но некој убав ден сигурно ќе започнам со пишување!!! Spoiler Морам да напишам барем една книга. Една пријателка кога ќе ме видеше како пишувам состави, проектни, семинарски... ми велеше - штета ако не напишеш книга, јас прва сакам да ја прочитам...
Да јас сум пробала почнав ама тоа беше пред една година и тогаш уште немав 18 год. И дали поради недостиг на идеи и време пррстанав сега имам мнпгу убава идеа сакам да пробам пак да напишам некој така помал роман сакам да биде нешто инспирирано од мојот вистински живот да додадам малку моја фантазија и од идеи што сум ги добила од други книги и филмови само сакав да ми помогнете да ве прашам како да го пишувам како роман во трето лице,прво лице или како дневник се уште се мислам помогнете ми побрзо да почнам барем сега кога сум на распуст фала многу однапред
Можеш како сакаш, како тебе ти одговара. Како дневник хмм, не ми се допаѓа таа идеја, нема да можеш да ги доловиш оние пошокирачките моменти. Јас пишувам во трето лице секогаш, во прво лице ми е многу чудно некако Сепак ти си знаеш.
Фала многу и јас мислам како тебе веќе се одлучив и почнав напишав 10страни во трето лице затоа што и ја мислам дека така се има поголем преглед не си ограничен еве малку од почетокот ве молам сите кажете дали е добро или не нема да се лутам Алармот заѕвони,беше 06:30 часот наутро.Како и обично Изабела го помести за 5 минути.Често и се случуваше тие пет минути да станат 50 и често доцнеше на училиште.Доцнењето и беше слаба страна,секогаш доцнеше и секогаш беше во брзање иако се трудеше да се поправи во поглед на тоа.Но, тој ден не се случи тоа,откако алармот ѕвонеше по втор пат таа стана.Не можеше да си дозволи да задоцни тој ден,беше 01:сеп. 2012 година и тој ден и беше прв ден во школо......... Еве нешто и од понатамошните поглавја: Влезе во својата соба но не заспа,уште долго време размисливаше за многу работи.Изабела не беше од оние девојки кои прават нешто само за другите да ги видат,никогаш не се працеше нешто што не е,секогаш им го кажуваше на другите тоа што го мисли наместо да им зборува позади грб.Понекогаш сметаше дека тоа и е слаба страна затоа што знаеше дека светот не функционира така.... Беше многу позрела од другите на нејзина возраст,и како што сама сметаше тоа беше поради нејзиното минато од кое бешто спомнавме а подоцна ќе се запознаеме повеќе со тоа.Се рабира тоа не значеше дека е некој чидак и дека е постојано намуртена,често знаеше и таа да се забавува и да се смее од срце.Колку што беше зрела толку често знаеше да си игра со деца да стане и таа детинеста поради тоа што никогаш немаше вистинско детство. Ве молам мислења ви благодарам однапред
Нештo пoчнaв, oнaкa текстoви. Глaвен лик ми е женa. Нo секoгaш сo рaзни рaскaзи. Тaкa штo .. се oткaжувaм пoлекa,нo сигурнo.
Да, сум пробала.. напишав 20 страници и после ја оставив.. ај денес ај утре..секој ден така..и ништо не испадна
Се обидов, но прекинав. Не се сеќавам каков наслов имаше. се работеше за девојче стидентка кое прв пат заминува во друг град и се вселува во стан. Зградата сепак криеше една мрачна тајна, од еден страшен стан извираше многу зло.
Имам пробано да напишам од пред 3 год одприлика,уште ги чувам текстовите во компјутер,и не дека ми снема инспирација,туку едноставно стагнирав,се прашувам само дали ќе имам храброст да го објавам материјалот и да го вклопам и спаковам во една убава книга,кој знае се е можно
Да. Имам повеќе обиди. Но никако да дојде времето или вистинскиот момент за објавување. Веројатно ми фали храброст или малку повеќе решителност...
Пробав ама во погрешно време најверојатно и престанав. Убаво би било некоја книга за деца со сказни, бајки, тоа ми оди повеќе, можам да забегам со фантазија, имагинација, има повеќе слобода на играње со ликови, суштества.
Да, многу одамна имав обид да напишам книга и почната е, можеби околу 15 страни се напишани и останато е само на тоа. Веќе немам ниту желба, ниту мотив за тоа. Поточно кога се повлекувам во сама себе, или ќе отидам на некое место по мирно во природа одма се буди тоа во мене и имам инспирација за пишување.
јас се мислам, се мислам не пишувам нешто посебно ама сакам да споделам некои пораки... можеби треба да му дадам шанса, па има и на интернет курсеви да се научиш да пишуваш убаво