Сте се разочарале?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од EnaPerfectGIRL, 5 мај 2010.

  1. EnaPerfectGIRL

    EnaPerfectGIRL Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    ....od mojot glupav zivot :( od toa sto veke 4god sum single ke si umram taka SAMO UCAM I NISTO DRUGO veke mi zdosadi od izleguvanja se mi e za zabe :( :( :( :(
     
  2. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Сум се разочарала најмногу од блиски луѓе, кои сум ги сметала за BEST FRIENDS,сакала и почитувала а ме изневериле на некој начин. Тоа страшно многу ме повредило и разочарало. А за други работи... па и не ме разочарале многу, одсекогаш сум била некако спремна на се :worried:
     
    На Alesii и LoveYoreSelf им се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Охооооо Ена не еднаш сум се разочарала ама немам избор , ќе си се изнаплачам , ќе ја исфрлам негативната енергија, па ќе пуштам музика, некоја безвезе, ќе се изнарипам по дома и ми поминува....барем до следниот пат.
    Нема човек што не се разочарал, што не посакал промена, ама баш кога ќе помислиш дека си изгубил надеж, тогаш ќе се случи нешто интересно.
    Млада си , допрва ќе ти се случуваат промени а депресивни моменти секогаш ќе има само мора да најдеш начин полесно да ги поднесеш и побргу да поминат. :*
     
    На afroditaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Се разочарувам од лицемерни луѓе,нешто што стварно и страшно ме иртира,ме вади од кожа,ама тоа е,што да правам,такви се,какви што се,па ми преостанува да ги прифатам или не,можеби и воопшто да не контактирам со нив,да исчезнам од нивните животи,па ке си бидам на раат.Само што таквите мислат дека не ги знам какви се,оф,а јас само како го чуствувам и гледам нивното однесување,се знам,само едноставно не се замарам со нив,а од животот сум задоволна.
     
  5. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    нема кој не се разочарал во животот од нешто дали од други луѓе од љубов од семејството од пријателите...бе од лицемери ми е преку глава така да нема причина зошто да се разочарувам...секогаш треба да гледаме на посветлата страна од животот!
     
  6. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Па најмногу ме разочаруваат родителите кои не ми ја даваат соодветната подршка која најмногу ми треба али јбг научив и без тоа да живеам. Понекогаш и другарка ми која и не ми е веќе толку блиска како порано знае да ме разочара со нејзиниот егоцентризам. :(
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    како што кажаа др форумџики..разочарувања имало, има и ќе има..се имам разочарувано што од пријатели, што во љубовта ехеее..што од непознати, познати и ред други егоистични и лицемерни луѓе..ама ете ме сеуште жива и здрава и права..едноставно таков е животот, а ние сме тие кои треба да се соочуваме со секоја препрека и разочарување што ни го донесува истиот..и нормално секој пат да излеземе посилни :muscle: :)
     
  8. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Ех колку пати сум се разочарала ама изгледа навистина она ВРЕМЕТО ЛЕЧИ СЕ е точно. Станав посилна од сите тие разочарувања, па и се навикнав и да не го очекувам она што мислам дека нема да го добијам.
    :*
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43
    Да... и не верувам дека има човек на овој свет кој никогаш не се разочарал
     
  10. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    I toa mnogu. Od najbliskite luge. Zatoa sega ne veruvam vo nikogo ;(
     
    На LittlePinky, Dulce и anab им се допаѓа ова.
  11. anije

    anije Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    39
    Разочарување? Дааааа и тоа премногу пати како и денеска :( ;( ;(
    некогаш сакам само да испарам да ме снема ;( ;(
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Се разочарав од мојата најдобра другарка која ми беше како сестра. Повеќе не комуницираме, а кога ќе се сретнеме - не се познаваме. Има многу работи од кои сум се разочарала, но животот продолжува, се е само едно ново искуство кое не наведува на поголема претпазливост следниот пат ;)
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Порано постојано се сретнував со разочарувања затоа што многу верував во луѓето и верував дека тие можат да се променат. Но повеќе не верувам, во никого скоро не верувам. Си се штедам себеси од разочарувања. По секако се проследени со нервози, главоболки, можеби и солзи, а сето тоа е штетно.
     
  14. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Нема ништо необично и ненормално во тоа да си се разочарал и тоа повеќекратно.Ако не е така или имаш проблем со начинот на кој размислуваш или живееш под стаклено ѕвоно,во сите други случаеви разочарувањата се сосема нормален и составен дел на животот.

    Дали сум се разочарала?Неограничен број пати.Што може да разочара човек?Апсолутно се` и во секој момент, па вклучувајќи се тука и самите себеси.Како да се заштитиш од разочарување?Да прифатиш дека понекогаш се` и секој може да потфрли и да не ги исполни нашите очекувања и да не дозволиш таквото сознание да ти ја скрши волјата,ентузијазмот и духот туку да те поттикне повеќе да се бориш и да успееш без оглед на се`.
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Ехеее колку пати.. ама тоа е дел од животот. И во љубовта и во учењето и од другарки некогаш, ама ако ни е се убаво и средено, тогаш ќе ни стане досаден животот. Затоа мора да има и победи и разочарувања, само што поентата е во тоа да не дозволиш да бидеш згазена туку од секое разочарување да извлечеш нешто поучно. А лугето околу нас постојано не разочаруваат, ама треба да се навикнеме да не обраќаме внимание на работи кои не влијаат директно на нас.
     
  16. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    51
    сите сме се разочарале од нешто во животот еве јас на пр од другарки веќе ми е стварно дошло преку глава :?:
     
  17. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    razocarana sum od sve,pa do koga vaka..???
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    jas porano mnogu se razocaruvav od drugarki,bidejki da ne si se falam ama stvarno znam da bidam mnogu lojalna i vo vistinska smisla drugarka.niedna ne se pozalila od mene niti pak ima zasto.
    ama bas zasto sum takva mnogu pati tie mene me razocarale,ne samo drugarki tuku opsto lugje,ama kako pominuva vreme si nauciv deka e toa taka,ne sme site isti i ne moze da se smeni.i imav izbor-ke se nerviram za sekoe ili kje go sfakjam kako nest normalno i ke odam ponatamu.go odbrav vtoroto i mi e mnogu poubavo ;)
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Се додека не сум се разочарала од себе е ок...се друго е минливо.
     
    На Mia.MGK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Да и тоа многу пати. Пред се` од самата себе, затоа што имам направено многу грешки во животот, сум била разочарана од моите дома, од другарки од све :) :) ама ќе помине, а и иако сум била разочарувана, сепак неможам без другарките и без семејството :) :)