сум се разочарала премногу ..и од дечко, личност која сметав дека нема никогаш да ме изневери и од другарки кои го криеле своето лице подолго време... но на се доаѓа крај СЕ СЕ ВРТИ
Да од размислувањата на моите. Што не ме пуштаат да имам живот каков што сакам. Од нервози срцево веке ме боцка но што да правам. Ако не сакаат милум еее тогаш нека се нервираат и они. Смачено ми е од се, од се... Проклета да бидам јас и се околу мене
Од некои личности за кои сам сметала дека ми се другарки но ете не било така.Животот ми е полн со разочарувања и мали и поголими а најмногу ме боли тоа што во денешно време не можеш никому да веруваш.
Најразочарана сум од самата себе, од среќата која ја имам во мојов живот, од тоа што не ми иде паметот и сеуште лажно се смеам, од тоа што немав среќа да учам она што сакав и завршив она што не сакав и никогаш нема да го сакам, од судбината која мене ми е пишана, од љубовта која заслужив да ја имам а не ја добивам...разочарана сум и исплашена за мојата иднина која се чудам каква ке ми биде, дали ке најдам некаква работа.... најразочрана сум за трудот што го вложив во моето школување, што не успеав да се запишам на тоа што го сакав, завршив и сеуште ми е тешко што никогаш нема да ми се исплати...едноставно ја губам самодовербата и почнувам да се плашам за самата себе! Тешко ми е... немам на кого да му кажам што ми лежи на срцево...
Ако сте разочарани во животот не очајувајте повеке , молете се на Господ и тој ке ви помогне. Ке бидете благодарни оти Бог ве сака и го мисли најдоброто за вас, само ако му верувате од се срце!
од дечкоми денес крајно тотално ми го скрши срцето никој досега не ме навредил толку никој ме разочара како никој досега
Да од сите по малку... сите гледаат само да те искористат ништо повеќе многу ретки се вистинските пријатели..... се разочарав од љубовта најмногу .... не знам дали ќе сакам некој како него повторно
Многу пати,од многу нешта.А секогаш сум најповредена,бидејќи добивам удар од оној од кој најмалку очекуваш.
не се разочарав само туку и нешто ме стега во грлово.како кнедла која не можам да ја проголтам.ме навреди она-која си ти да ми кажеш што да правам во животот мој? Во право си,јас не сум ти никој и ништо само една глупава која премногу те сака Ама денеска си ветувам и на себе си и на сите-Од утре нов лист..
Кој не се разочарал во животот? О да, сум се разочарала и тоа многупати дури и од време на време си се разочарувам, затоа што очигледно очекувам од луѓево повеќе отколку што можат (читај:сакаат). Тоа е, живот.
се разочарав кога разбрав дека дечкото со кој што се глеам уствари не е single , дека он уствари цело време има девојка у друг град ми идеше да се убијам , значи помизерно не сум се осекала у животов . Ама со тек на време се помирив дека само ке ми е мувач , и еве уште си терам со него . Не дека ми е убаво да сум втора виолина , ама боље со мене да вара отколку мене да ме вара
Па дали воопшто постои човек кој не се разочарал барем еднаш во животот? сепак одлуката е твоја се зависи од самите нас, ние одлучуваме за кого и колку вреди да се тагува.. затоа што секој кога тогаш ќе те повреди на некој начин.. не очекувај премногу и нема да се разочараш
Не верувам дека има некој кој не се разочарал. Сум се разочарала многу пати, ама затоа што бев наивна и самата си дозволував. Ама сега си знам, не верувам на никој за да не се разочарам повторно.
Се разочарав кога видов дека немам веќе улошки. А толку ме боли стомак, не знам како ќе се одвлечкам до продавница.
Не бе па ти, песимист човек кај се разочарува пф! Увек си имам јас песимистичко сценарио за секоја ситуација, пак за личностите што ме опкружуваат си имам правило да не ги воздигнувам ни најмалку, кад-тад ќе те разочараат. Сосем јасно де, пошто од старт кога си ги издигнал си им поставил цртка од која нагоре тие треба да летаат. Е, ако летале под цртката, многу веројатно е дека си ги преценил. За преценување не ме бива.. ама проблемот ми е што, ме имаат разочарано повеќе одошто сум очекувала дека ќе ме разочараат со тој дел не можам да научам како да се справам. Ти им поставуваш ептем достижна дури и грев да ти е од што таму ги ставаш на таа цртка, они бре ти покажуваат - можат и да ползат, можат и ко кртови да роварат в земји. Зашто бе така мило животинче, зашто?!? Е, типичен пример некоја конкретна личност деновиве. Реков од старт трчи-лажи е човеков, ми мириса на неваљал хуманус. Али он ме изненади. Он ти бил уште поневаљал бе од неваљал. Но, што да правиш... ќе се разочараш малку, ќе ти тежи на душата една секунда можеби и пократко и одиш даље with or without him. А, со овој.... животецов ми налага да останам уште некое време... пази да не се поправи.. физички, да има шанси
Секој ден сум разочарана.Од дечковци,пријатели,од родители,од самата себесеси што дури размислувам да исчезнам зошто притисокот не можам да го истрпувам некогаш а некој ми вели:Не вреди.Епа чика не сум од камен јас
Ммм... да се разочарам... најн... Не се врзувам за луѓе... Има мнооогу (читај бескрајно, или со з да не беше..? ) луѓе кои ги ценам, почитувам, за што и да се работи, веднаш би се потрудила да им помогнам... А ми се случило кога некој сам сакал да ми помогне, и на крај ме оставил на цедило. Ис океј, ај хендл ит. Сепак и ова си има позитивна страна, барем си знаеш веќе дека од тој човек ништо не очекувај.