Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте се разочарале?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од EnaPerfectGIRL, 5 мај 2010.

  1. FaniM7

    FaniM7 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Карактерот на таткоми , тоа што немам права другарка, од себе што на сите попуштам и правам добри дела, од тоа што неможам да ослабам и покрај толку трудења, од животот - колку се мачам и правам добро со лошо се враќа, колку се трудам - не успевам ......
     
  2. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    ... Од личности за кој верував дека никогаш нема да ме повредат, од родителите, од животов...
     
  3. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Да секогаш и тоа од лугето што ги сакам најмногу од најблиските, ама тоа е секогаш така!
     
  4. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Сум се разочарала од се ама баш од се и веќе се ми е смачено |(
     
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Се разочарав од тоа што сум 5 години дома со диплома и државен ...од кретенски фаци на шалтери од грешки во лабаратории од баби и дедовци на работни места ... од неспособни фаци кои ми глумат лудило... од непрофесионалисти .... има уште .... :devil:
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Oд самата себе,и тоа денеска. :o
     
  7. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Од премногу дволични луѓе кои секојдневно ме опкружуваат... и од тоа што секогаш сум искрена кон сите што ги запознавам, а тие ми враќаат со лажење и лицемерност!!!
     
  8. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
  9. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Да! Од родителите во последно време... :x
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сум се разочарала од себеси.
    Сум се разочарала и од многу блиски луѓе.
    А кој не се разочарал?
     
  11. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Моментално сум разочарана од другарка ми...од сега веќе бившиот дечко од родителите негови ги мислев за попаметни луѓе...разочарана исто така и од самата себе..затоа што дозволив да останам сама алии ке дојдат подобри денови се надевам :( :worried:
     
  12. OnlyGirl1

    OnlyGirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    9
    Многу пати...после големи очекувања доаѓаат големи разочарувања :worried:
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Премногу. И тоа, од ептем блиски, мои луѓе.
    Не мислев дека луѓе со моја крв, можат да патат од толкава бесчувствителност, толку да се залудени.
    Неверојатно дури.
    Да и кога човек пати, се измачува, се бори за живот, да и тогаш во себе немаш трошка совест, чувство и, тоа ти е родител. Те исчувал. Ти ги исчувал децата. И тогаш да не можеш да простиш и да направиш се’ за да му е подобро на тој човек?!
    А, знаеш- тоа е тоа. Сега е моментот. Потоа, што?! Кога, каде, како. Кога ќе замине, Тогаш?!
    Страшно е сето она што го гледав, сето она за што сведочев последниве месеци. Не се ни потрудија да чујат што им зборам.
    А, и тие се родители. И тие еден ден ќе се на истото тоа место. И тие еден ден ќе го очекуваат, она што и тоа женчуле го очекуваше од нив, макар што никогаш не го ни кажа. Пошто нејќеше да е на товар на никој од нив. И што беше тоа што толку згрешила, та така да ја остават.
    Жал ми е, пошто не и беше времето и не требаше така.
    Толкава фамилија створи, за да ја надокнади празнината што си ја имаше од детството и на крај сите ја оставија сама.
    Бљак. Дури страв да те фати која болештина утре ќе го удри твојот мозок :|
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    често...цело време...скоро од сите па и од сама...
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Последнава година сум разочарана од неправдата наречена - не можеш да си најдеш работа во Македонија.
    Се разочарувам кога гледам какви неписмени и некомпетентни луѓе работат, а тебе одвисоко ти префрлаат дека пребираш, се преценуваш, воопшто немаат почит за твојот ум и труд.
    Кога го допирам дното од разочарување, ми се оди да се качам на брод уште утредента, без да кажам никому.
    Депресијата од разочарувањето обично ми трае кратко, ден или два.
    Потоа размислувам колку работи имам во животот кои ме исполнуваат и ме прават среќна ... и успевам некако да протуркам... до следното разочарување.
    :|
     
    На sadangel и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Од клучните луѓе во мојот живот. А толку и ги имаше... Автоматски се претворија во сосема небитни епизодни ликови. Едно разочарување води кон друго, се плашам да не се закачам себеси. Можеби и се од мене започнало де... Парадоксот на Диоген? не пак, жити се!
    И затоа се осеќам баш ко во сонот на Неда, кога и се рушеше куќата, многу грдо чувство.
     
  17. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Се сеќавам дека се разочарав кога не ме примија на работа каде што конкурирав,и ми испратија известување со име и презиме на примената кандидатка.Се разочарав колку што не верував дека ќе бидам разочарана.Многу ми влијаеше на мојот однос тие денови и со моите дома и со дечко ми,бев навистина многу разочарана иако не сакав никој да дознае која е причината.

    Но нели,секое лошо за добро е,така да веднаш после некој ден ме повикаа на многу подобро работно место,во далеку подобра средина од таму каде што конкурирав.
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Многу пати, и знам дека ќе бидам уште многу пати разочарана, само не знам колкава ќе биде болката. Луѓето се менуваат, животот тече, те плеска, те буди, тажиш, се радуваш и пак тажиш, ама тоа е, еден животен тек, и не верувам дека постои розов свет, секогаш има разочарување кое или ќе те освести или ќе те повлече.
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Не се брое колку пати..........
     
  20. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Се разочарувам многу пати од оваа за никаде држава што не се цени знаењето и секогаш се оди преку врски уф многу се нервирам...... :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@