1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте се разочарале?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од EnaPerfectGIRL, 5 мај 2010.

  1. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Разочарана сум од животот :puke:
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Разочарана сум од се! Од фактот што никому не му е гајле за тебе, од фактот што немам работа, а барам веќе 2 години, од фактот што никој не се ни мачи да ме повика на интервју и покрај квалификациите што ги имам, а ретко кој на моја возраст има така богато ЦВ, од фактот што на секој чекор гледам неспособни идиоти вработени со триста врски на убави места, од фактот што немам е*ан денар и на 25 години морам да барам од моите :@ Од фактот што и нив ги заболе за нивната ќерка која нова маичка или чевли или било што не си купила 2 години и што веќе се и е износено и искинато, а земаат огромни плати ;( Не знам како е родителите да те поддржуваат, да те тешат и да бидеш обезбеден од нивна страна :( Отсекогаш сум се снаоѓала и сум работела, ама сега кога дојдоа вакви околности да останам без работа, гледам што значи да бидеш родител и да бидеш тука за твоето дете без оглед на се и сфаќам дека моите родители не се такви родители, напротив ;( Ама барем од тоа произлезе моето решение дека јас кога ќе имам деца ќе правам се за нив и тие ќе ми бидат се! Никогаш нема да си дозволам да се однесувам со моите деца како моите родители со мене, зошто тоа не е љубов, тоа не е поддршка! Се беше супер кога работев и имав свој денар и бев независна, ама сега :( Не дај Боже да спомнам пари или уште полошо, да побарам да си купам нешто :x Млада сум, ми се носи убава облека, ми се дотерува, ми се излегува, ми се шета, а јас седам дома со месеци зошто немам ни 100 ден за кафе :x Ретко кој разбира, но благодарна сум што барем во оваа неволја видов кој ми е вистински пријател и кој не ми префрла кога ќе кажам дека немам пари за на кафе и дека затоа не излегувам :( Разочарана сум од животот, од ниските удари што ми ги задава, од тоа што брат ми мораше да ја помине сагата која ја помина и едвај се спаси и живее со последици, разочарана сум и не ми се живее! Подобро никогаш да не сум се родела!
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Константно
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.022
    Сеуште не :)
     
  5. RiddleMeThis

    RiddleMeThis Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Од некои ''пријатели'', понекогаш од себеси...
     
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Прашањево ти е исто како: "Сте пробале вода?" Не постои човек што не се разочарал од нешто! Само некои разочарувања потешко ги прифаќаме.
     
  7. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    Ме разочарале пријателите, ме разочарал дечкото (бивш) понекогаш дури и моите родители.....но Цитирам: "Да мислиш дека животот ќе се однесува добро со тебе, само затоа што си добар човек, е исто како да веруваш дека бикот нема да те нападне само затоа што си вегетеријанец". Затоа…биди спремен да се сретнеш со бикот и продолжи да бидеш добар човек! Затоа секогаш го правам она што ме прави среќна без оглед колку е тоа лудо во очите на другите.. Простувам но не заборавам бидејќи си поиграле мојата доверба ....... и најбитно од се јас се смеаамм не успеале да ме уништат ... Во светот во кој живеам јас единствено може да ме изненади добрина и искреност.
     
  8. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Никогаш не може некој друг да ме разочара. Сепак тоа се тие и нивните карактери, и колку и да ми нанеле болка, за тоа сепак се има лек, бидејќи нема мене да ме гризе совеста..

    Но кога ќе се разочарам од себеси, е тоа.. ме тера на мрачни мисли.. од типот да направам грев..

    Не, не, не е претеризам. Важни се одлуките, особено тие погрешните, кои ќе го определат животниот тек...

    Но нели, кога животот ти дава лимуни, направи лимонада, нели? И кога имаш план како и тоа да го направиш, и не успеваш... бидејќи си зависел од некој друг ! За најпростите работи никој не може да ми помогне, секогаш морам се сама да направам, се чувствувам ко сираче...

    Ова е врвот на разочарување но сепак треба да се трудам да го завршам тоа што го започнав, а тоа што сакав годинава, да го сторам наредната. Многу е една година за мене ! Многу е да чекам! Особено кога можев оваа !

    А тоа ќе влијае и на нешто друго. Среќата ја чекам во некоја наредна доба на мојот живот, а како сум започнала, не верувам дека и тогаш ќе ме најде среќата. Не, не можеш сам да си ја направиш среќата, во тоа сум уверена.
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.470
    Пол:
    Женски
    Сум се разочарала од блиски луге, од учењето ( факултетот ) , од излегувањето а најголемо разочарување во овој период ми е за еден дечко кој многу го сакам и ми даваше значи очигледно лажни и на крај излезе дека имал девојка.... Жалноо
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Се разочарав пред точно месец дена дека ќе одам на матура со плус 5 килограми, ама нема врска, пак си бев убава. :)
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    107.832
    Пол:
    Женски
    да, вчера од една личност која не сум помислила дека ке се разочарам ;(
     
  12. Palestinec

    Palestinec Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    17
    да бе...... да се разочарувам......немам друга работа, па тоа да правам.............
     
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Од ''другарките''
    Ги ставив во наводници бидејќи не сакам да ги наречам другарки. Тоа е лубоморни трачарки кои не си гледаат за себе туку само буричкаат по животот на другите.
    И се прашувам? - Што сум им јас на мета цело време? - Да, може ми љубоморат на некои работи. Но, на никој не му е се мед и млеко. Па нема зошто толку да ми завидуваат. :/
     
    На bejbi19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Разочарана сум од другарството. Толку лицемери и користољубци. Бре!
     
    На bella96 и bejbi19 им се допаѓа ова.
  15. lalala.1

    lalala.1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    не постои човек што не се разочарал од некој.... но сепак најголемо разочарување во животот е кога ке се разочараме од самите себе ...
     
  16. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    се разочарав од таа тако звана 'другарка' |(
     
  17. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Да,баш моментално.Како можеше Германија да изгуби,КАКО?
    И оној судијана,и селекторон и Ројс Мојс и Лам....и се упм.Леле бе,во финале кој ќе оди ]:)
    Зошто?ЗОШТО!?!
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Се разочарав од личности што најмалце очекував. Најмногу боли да ти забијат нож најблиските. Тие што си ги ранел и си им се потресувал, сега се однесуваат како да не ни постојам. Ужасно се чувствувам и ми иде да вриштам, ме погоди како горм од ведро небо. ;(
     
  19. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Ехееее...што е најлошо и од сама себе :?:
     
  20. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Да сум се разочарала од "другарки" кои ги мислев дека ми се вистински ама тоа било лага значи јас од свое искуство знам дека нема вистински пријател за жал.... :(