Да се разочарав.Мислев дека заслужувам добрина за тоа што го правам,ама не било така. Сепак животот продолжува понатаму.Мора да се погледне и позитивната страна во животот. И секако...не заборавајте дека кругот се врти
Многупати. Се разочарав од најблизок. Ја сруши сликата што ја имав изградено за него. Исто така , се имам разочарано од самата себеси, тогаш знам дека сум го допрела дното.Ме разочарува и ставањето маски пред сопственото лице и глумење една сосема нова улога. Сешто.
Да! Се имам разочарано бидејќи очекував премногу од некои личности, а не добив ништо назад Не зборувам за материјални работи, тие ни малку не ми се важни. Зборувам за вистинските вредности... Очекував многу од луѓето околу мене, многу повеќе одколку што треба. Ова ми е за памет...
Сум се разочарала многу, многу пати Сепак живтот продолжува понатака, се со време. Таков е живтот. Има и тага и среќа. Но нема лош живот, има лоши денови само Се ќе помине!
Верувај постојат такви што се разочарани претерано од родител, во мој случај татко...Отсекогаш ме разочарувал но сега ги премина сите граници...
многу пати сум се разочарала,ама во животот научив да не очекувам ништо од никого туку да се потпирам само на себе и така ги избегнувам разочарувањата во последно време
Разочарувана сум била многу пати. Разочарувања секогаш ќе имаме во животот, ние само треба да научиме како да се справиме со нив. Да не се предаваме и да не попуштаме. Упорноста, се исплаќа.
Кој да ме разочара? за некој да ме разочара треба да верувам,а за да верувам во некој треба да имам големи очекувања од таа личност,што значи не се разочарувам од другите туку од себе.
Да, вчера. Ми пропадна планот. Ништо од тоа. Кога решил малер да ме бие тоа е. Повеќе среќа следната година, дали тогаш ќе имам шанса воопшто како сега, ама ете.
од таткоми-простими тато дури и овде што го пишувам ова за тебе но мислев дека појак ќе бидиш во животот и цврсто ќе не держиш за рака со братми но ти ме разочара...