Многу пати... Ама тоа е, човек се навикнува и продложува понатаму. Се намалуваат очекувањата и довербата, но што е тоа е, таков е животот.
Нормално не верувам дека не постои личност на зеленава планета која не се разочарала,можеби и во овој миг некој е разочаран.Но како и да е не е добро да се западне во депресија.туку да се налутиш на себе си и да си кажеш во буквална смисла:" Глупава гуско вредеше ли, научија оваа лекција и немој никогаш да ја повториш"како и да е пак ке се повтори но чуството на разочарување ке биде полесно прифатливо...
Да и тоа многу пати. Многу боли кога ќе те разочара личност што си ја сакал и си и верувал. Но тоа е дел од животот...
Сум се разочарала повеќе пати во животот, но последниот пат мислам најмногу. Болката сеуште трае и се прашувам дали ќе помине
Да се имам.Најмногу од самата себе, но и од најблиските, од оние кои мислев дека неможат да ме разочараат.
Од себе се имам многу разочарано ама најмногу се рачорав пред 5 години кога бившиот не ми кажа дека ке се жени со некоја со која идел додека бевме скарани таа останала бремена па и тоа го сокри мислев дека цел свет ми се сруши,ама помина и тоа али сеуште сме во контакт другарски се разбира а дознав од татко му овој нз како да ми каже ма марш бе ко си ја работел не ти е било срам и ден денес ми е криво што не му убутав една ко дознав,А жена му таа е најдоброто нешто што го имам запознаено толку е фина и добра не ни знаела дека има врска секако јас не се претставив дека сум јас била таа ама тоа е.СЕА МИ Е СУПЕР!!!
Да, се разочарав денеска...само што почнав врска (барем си мислев дека Е врска). Од различни места сме, но ај си реков, има нешто меѓу нас, ќе контактираме, ќе се гледаме можеби поретко, но ќе зачестиме со време. А беше од оние за кои веруваш дека цел живот си го чекала и Господ те сакал, па ти го сочувал. Погодени карактери, возраст, вкусови, ставови, интереси...Ми пишуваше постојано, наутро негова порака, споделување на животот, на настани кои не' засегаат. Се гледавме, бевме заедно. Јас заминав на одмор неколку дена, со душа чекам да си дојдам за да се чуеме, видиме. Тој во својот роден град на одмор, но имаше (имал) работа дома тие денови. Но, планираме демек и неколку дена за нас. Утрово на ФБ порака дека му е мило што убаво сум си поминала, но мора да ми каже дека почнал да се гледа со девојка која одамна му се допаѓала и дека се надевал дека не ме разочарал многу...Мајкоо, гром од ведро небо. Попот ни влегува во тој момент дома да крсти вода, јас запирам солзи, се крстам и ми доаѓа да ги избркам сите, да кажам дека не верувам во ништо, во никого...Камен да бев ќе пукнев од тага. Плачев, се разочарав во себеси што ВЕРУВАВ дека е тој што ми треба, што ВЕРУВАВ дека има сродни души. Да, денеска се разочарав, скршена сум...
Многупати! И тоа од блиски луѓе,големи разочарувања,ми свртеле грб оние кои сум мислела секогаш ќе бидат покрај мене..ама тоа е животот..подеми и падови. Исто сум се разочарала од луѓе кои сум ги запознала како "добри" особи, а после да ми станат одбивни,алергична сум на таквите.
Да. Од самата себе. Дозволив да се затрескам во некој што сум измислена за него иако сите другарки од страна ми викаа да се тргнам од него јас верував во љубовта и по 87287128781 бев изневерена
Да и себе и другите... 1 Направив нешто со што изгубив некој кој ми е потребен иако можеби бев свесна дека ке го разочарам со таа постапка но љубомората беше посилна од се а сега неможам да му објаснам за да ме разбере... 2 Го разочарав и се разочарав што не успеав да направам нешто со што ке ги израдувам сите туку напротив толку ми е тешко што секоја вечер колку и да сум силна пред другите нокта е само за плачење зошто неможам да го вратам времето и сменам нештата