Уффф, те разбирам. Дури и некои мои изветреани пријателства се токму такви поради тоа што сум влетала во нечиј проблем, сум сакала да помогнам, а сама на себе сум си наштетила. Моите знаат за тоа и уште од старт ми рекоа: "Се сеќаваш дека јас и татко ти бевме тие што нон-стоп ти кажувавме дека кога некој има проблем нема потреба да се мешаш колку и да сакаш да помогнеш, зошто утре ако тргне на лошо, ти ќе бидеш онаа лошата која лош совет дала и слично." Се ова нека ти служи како поука за понатаму, исто како и мене.. Што се однесува до овој проблем конкретно, девојката е свесна дека ти не си тоа, но за да биде чиста пред своите најлесно е да те обвини тебе. Знаеш, нападот е најдобра одбрана....... ЗА ЖАЛ! Don't worry.. Иако не ја знам целата ситуација, нема зошто да се чуствуваш лошо, кога знаеш дека твојот образ е чист.. Ако таа ти била права пријателка, во тебе ќе барала утеха и поддршка, а немало да те направи непријател.. Такво другарство не ти треба.
... од мојата таканаречена најдобра другарка. Не ја сфаќав на почетокот таа манијакална потреба да одржува супер пријателски однос со моите дечковци, а откако ќе добијат статус бивши, да станува другарка со секој еден од нив. Знам дека не и се ни допаѓаат, немаме ниту сличен вкус, ама ете, се дружат. Не знам што е полошо, да го прави тоа ненамерно, или намерно, да е свесна за тоа што го прави, или несвесно да се однесува така. Ама зошто? Јас си имам правило - а тоа е моја најдобра другарка со мој бивш дечко дечко да си нема никогаш ништо заедничко, освен познанството со мене. Не ме интересира дали јас гаам некакви чувства за него, има милион девојки таму надвор, моите се офф лимит. Нормално, истото важи и за мене. Во животот се немам загледано во дечко или бивш дечко од најдобрата другарка. Друго е , да знам дека ете се вљубила, се случува сите сме од крв и месо, не може без него, ќе замижам, ќе простам за среќата на двајцата. Но, проклето знам дека не ја интересираат така. Се разочарав зашто сфатив дека е така плиткоумна и вниманието на моите бивши дечковци и ласка повеќе од нашето долгогодишно другарство. Бујрум, дружете се, ама без мене. Мене, ме нема.....
Од државава. Секогаш мислам дека не можам повеќе да се разочарам и оп, се случува нешто уште полошо од претходното.
Сте се разочарале? нееееееее се ми е ОК се ми е се ми е супер.... кој ќе го каже ова ЛАЖЕ нема човек што не се разочарал од нешто....но најголеми разочарувања имам добиено од луѓето и од нивните постапки како и да е разочарувањата се дел од животот како и успесите мора да ги има за да постои баланс....зошто многу арно не е на арно
Разочарана сум од дволичноста на луѓето и од нивното користољубие....нешто ми глумат “лудило“ма што ви е на сите бре....незнам како да се поставам пред вас и после сум била многу цинична и саркастична,па не ми се правите многу “примадони“....и не ми глумите покажите го вашето право лице пред мене биди лош/лоша ќе бидам и јас а вака....морам да меѓу редови да те ударам каде што најмногу те боле....извини ама преку глава ми е од вакви пријателки,другарки,па крај на крај и дечко ми(пусти близнак)извини ама морам и тебе така да те третирам не можам на друг начин.....тебе дволичноста ти е вродена....ама за тоа и јас најдов начин....не сум дволична баш дирекно на сите дволични им враќам.....ГИ МРАЗАМ!!!!!!
Сум се разочарала од скоро сите што ми значат и што ми значеле, од кој повеќе , од кој помалку . Можам да кажам дека само од моето куче не сум се разочарала . Секогаш ме радува , ме смее , ништо лошо не сум видела од неа ( женско е )Во последниов период трпам многу работи , се разочарувам , ама се тешам со тоа што после валда ќе ми се исплати сето тоа што ми се собира. Така треба да мислиме кога не разочарува некој . Се врти кругот , денес ни е нас лошо ради некоја личност , утре на истата ќе и биде лошо , ако не и полошо .
Многу пати.Работите не излегле на крајот како што било планирано,ме разочарале луѓе од кои тоа најмалку сум го очекувала но тоа е што е.Барем учам од грешките и гледам следен пат да не верувам слепо на секого.
Неколку пати .Но секогаш сум се дигала од пепелта и сум била посилна од огенот. Се разочарувам од лицемерие ,скриени интереси , љубомора,дволичност,да понекогаш и од самата себе што сум добродушна и што незнам да кажам не ,неможе ,недавам незнам... Единствено не ме разочарал мојот партнер и моите деца ...бар до сега Насмевнете се и тогаш кога најмногу ве боли -не им го давајте задоволството да ве видат разочарани и скршени верувајте тоа ќе ги боли.Еднаш и мене некој ме посоветува така искрено и видов дека вреди.
Разочарана сум од себеси..Секогаш ги бирам погрешните луѓе.. За пријатели,за оние од демек,посилниот пол,а они се прави лигуши! Разочарана сум од мајка ми...Мислев полесно ќе помине низ климаксот,ама кутрата...
сите ќе се разочараме некогаш...таков е животот ..во последно сум разочаарна од самата себеси , почнувам да се запознавам подлабоко и си влегов во сопствената интима како никогаш досега , бев во доста непријатни неочекувани ситуации и дешавки , изреагирав избрзано и донесов незрели одлуки кои и тоа како ми го свртеа животот за 360 степени ..тоа е , памет за друг пат учи од грешките
Многу пати. Премногу дури. Лошото е тоа што по секое разочарување станувам мека, кршлива...Се имам разочарувано од се и сешто, па дури и од ситници.
Разочарана во сите области од животот ,не само од луѓе,животов ми задава тешки удари по кои ми треба време да се опоравам,губење на член од фамилијата,мој сериозен здравствен проблем,финансиски кризи,а за дечко или пријатели немам време ни да размислам а камоли да плачам.Тие се камчињата на мојот трнлив и непроодлив животен пат по кој чекорам,но главата горе и одиме се додека не се истоштиме и паднеме ,и да се надеваме дека ќе има кој да не крене .
Да, се разочарав , ама од себе. Каква сум станала, да можам сите обврски да ги одложам за еден месец, би го направила тоа...ама после ќе ги одложам пак и пак...се додека не ми се плесне се во лице. Ако за нешто немам воља, и нож под грло да ми стават јас пак ќе пробам да одложам .
Секогаш постојат многу идиоти што ме разочаруваат........ Станав мизантроп.......разочарана од луѓето, околината, државата! Но среќна сум, си ја сакам фамилијата и таа мене! најдобар пријател е моето куче!
Од дечкото,другарките,од семејството но секогаш имам големи очекувања од него и секогаш ме разочарува.Како да престанам со тоа ?!?!