Razocarana sum opsto od lugjevo vo denesno vreme, tolku sebicni ladni i ljubomorni. Vo najskoro vreme najbliski prijateli na mnogu vazen nastan ne ne viknaa tuku si vikanaa par so koj i ne se ni blisku tolku bliski. Vo toj moment se razocarav nekako posle 15 godini drugarstvo.
Да, сум се разочарала многу пати и тоа разочарувањата најчесто ми биле "сервирани" од блиски луѓе. Реално, само тие и можат да ме разочараат затоа што некој што не ми е близок нема ни да ми значи ако ми згреши нешто. Многу пати сум била и самата крива за тоа разочарување. Но, поминува. Како што поминува времето, очекувам се' од секого.
Една ситуација која се случи пред недела дена толку ме однесе доле што намалив 4 кг. немате поим колку се трудев да ги симнам. На крај им благодарам на тие што ми приредија таква драма, ме повредија но ете и ми помогнаа да симнам килограми во празничен период
Генерално од луѓе од кои не сум очекувала да ме разочараат и сум ги величела, но морам да признаам често знам да се разочарам и самата себеси.
Само еднаш ме разочара личност од која не го очекував тоа.... и не верувам дека ќе можам да преминам преку тоа и да простам
Bev najsreken covek na platata deka se vrab na strukata i deka ke go rab toa so ucev ke bidam srekna i se,se vrab pominaa nekolku meseci (pomalku od 1 god)i se osekam deka nemam nekoj prosperitet i mi stanuva somnez deka sum promasena investicija od 4 god vo mojot zivot
Проспетиритет не се стекнува со неколку месеци работење. Треба постојано да се докажуваш дека знаеш и дека те бива за таа работа. Барем така јас мислам. Не те познавам, но мислам дека зависи и како си се поставила на тоа работно место.
Да. Само мислам дека колку е поголемо разочарувањето, толку сеедно ни станува, па после отрпнуваме. Тешкото е пред да се отрпне. После веќе се фаќа некој ред и не допира ништо до нас.
Ми го зема зборот од уста. Ме боли многу ама сеедно ми е веќе, гледам и не осеќам ништо… Му преќипува на човек повлекува линија и само набљудува процесира и продолжува…
Te sfakam se vo napisanoto i ponekogas mi stava strav toa kako mene me gledaat vo toa...sepak se ima vo predvit deka sum nova vo ova so 0 den iskustvo i sve i sum nekako lik koj e povlecen koj koga se zboruva ,zboruvam i ja se smeam i de najnormalno ko sekoj covek svesna sum deka nemozat uste na mene da se potprat kako stabilna licnost ke pomine vreme se razbira i ja go razbiram toa kako okej,i se trudam da ne ostavam los svpecatok na mrzliv covek ne stabilen ili sto bilo ednostavmo povlecena licnost so ne komentira ili ogovara i nz nz....mn izmesani misli se nadevam deka nema da steknam takva etika ...najgolem strav do sega da mr etiketiraat pogresno kolegite
Тргни го тој страв, зашто и најдобра да си ќе се најде некој/а контра да оди. Не си ти таму да се докажеш на нив, туку да си сработиш и зедеш плата. Цел живот се учи, нешто ќе знаеш, нешто не. Процес е, скроз нормално. Со тек на време ќе научиш и како да се поставиш, секоја ситуација различно си бара.
Se boram so toa nekolku meseci...veke razmisluvam da idam na razg so psiholog oti od den na den se poveke se razocaruvam ,od toa ,od plata,od muabeti od se...
Тоа е дел од животот, прифати го како такво и продужи даље. Верувај многу луѓе се, у моја околина нема некој што не е од нешто разочаран. Убаво ти пишала @prashinka take it easy ,не си го ставај на срце толку.. Нормално разговор со психолог нема да штети.
Ми се чини дека имаш проблем со самодовербата. Не е лошо да посетиш некој психолог. Али мојот баш и не ми помогна кога ја прашав како да имам самодоверба. Еве ќе ти кажам што ми рече. Дека треба да се гушнам себе си. А јас во тој период се мразев себе си и сакав да побегнам од таму кога ми го кажа тоа. Со текот на времето сама си ја стекнав.
probuvam sekoja den barem da procitam nekoja kniga barem 10 20 str da si ja izbrkam maglata od mozokot,znam deka problem mi e toa samodoverbata i vo nekoj raboti na rabota mi kazuvaat 1 ili 2 pati i pak ne sum sigurna moram da podrabotam na toa,isto taka nekoj nesto ke kaze mislam deka se odnesuva domene nekako gi fakam rabotite zdravo za gotovo i posle cel den imam eden baven proces na overthinking zosto ova vaaka zosto naka oti voj vaka rekol zosto taka so treba da sfatam od toa nekoj rab gi fakam premnogu seriozno i pokasno ke doprat domene. pa pocnav ovde da vrtam na forumov mislam deka ako napisam vaka ako smenam 2-3 reda muaebt so nekoj dr ke mi olesne ...sto znam mislam deka se osekam podobro izvinete na ang podrska imam problem so kom pa nemozam da smenam )
@Boka98 убаво е да отидеш и на психолог, нема ништо страшно. Дури и секаде во светот луѓето практикуваат да одат и тогаш кога немаат конкретни проблеми. Само не се потпирај целосно, на крајот мора самата да си створиш една зона каде ќе "бегаш" пред да се згусти и одмориш. Пишувај и тука ако ти помага, луѓе сме и си сакаме да сме барем малку сфатени. Нормално, не си земај и во буквална смисла (ако добиеш иронично мислење) зашто и тука има истресени во умот.