Да, мислам дека годинава ме тресна од земја јако, а уште сме на средина. Најтежок период до сега. Ништо од рака не ми оди, ниту едно животно поле. Буквално секој втор ден ми е нервен слом, ме заредија лоши ствари. Се надевам ќе помине бурава...
Да, од животов... Проблеми од повеќе страни , знам каде лежат проблемите, но не зависи од мене, не можам да ги решам, морам да се помирам, а тешко е...
Во изминатиов период од повеќе блиски луѓе. Посебно разочарување е кога откако ќе им се најдеш на луѓето кога им е најтешко, откако ќе помине бурата сфаќаш колкави лицемери се...а најразочарувачки ми е што се сметам(в) за паметна жена а излегов наивна...ама нивна загуба, од целата ситуација се тешам со тоа што сега ќе се посветам повеќе на себе наместо на други.
Баш сум разочаран. Како да сум некоја нула. Проклетие ме снајде. Реално немам причина да патам. Посебична личност и не можеше да бидеш. Уште кога избега да живееш сама и ги остави твоите родители требаше да ми е јасно дека немаш нити жал за нив нити намера да живееме заедно. Ти бев само алиби за пред народот. Многу ми е тешко. Боже кажи и дека ме срони со земја.
Сум се разочарала многу пати во животов. Ќе испливам и сега. Секое разочарување ми е болна лекција, но никогаш нема да се предадам. Нема да враќам со зло. Ќе се средам јас, секогаш успевам. Сама. Сосема сама.
Периодов бев разочарана без да го покажам тоа, од луѓе што сум им помагала, и сум им била поддршка, а кога јас се најдов во ситуација некој да ме поддржи, оп..никој не се замара со мене. Си реков ок, не е неопходно, ама убаво ќе беше. Како и да е, се нешто ново учиме, кој е тука за нас вистински..кој е за забава. No prob.
Од шо толку сум се разочарала порано, веќе ништо ни ме разочарува ни ме изненадува од луѓето. Посебно затоа шо го overthinking- aм.