Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте се разочарале?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од EnaPerfectGIRL, 5 мај 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Сум се разочарала многу пати од Љубов, од неправда, од сиромаштија, од глупави, неписмени луѓе. Таков е животот - секогаш ќе има разочарувања, убави и лоши денови. Ќе си поплачам неколку дена и потоа станувам од креветот и излегувам со исправена глава надвор. Никогаш не заборавам - дека тоа што не ме убива, ме прави само посилна. Си помислувам на убавите работи кои ги имам - моето здравје, семејство, домот и пријателите и се чувствувам поубаво, макар и трошка. Животот е убав, се живее еднаш и не планирам да го поминам во плачки и депресија, колку и да е тешко некогаш.
     
  2. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Скоро секој ден се разочарувам од некој или нешто али Живот јбг ! ]:)
     
  3. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Секако дека сум се разочарала од многу ситуации во животот, од многу мои постапки, од многу луѓе. Не верувам дека има некој човек што барем еднаш не се разочарал во животот. Но тоа е животот, со среќни и тажни моменти, восхитувања и разочарувања, така да мораме да го прифатиме таков каков што е. :)
     
  4. butterfly22

    butterfly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Речиси секој ден се разочарувам од нешто и тоа најмногу од "другарките" и од многу други луѓе што не можам да ги сватам, не можам да сватам колку се лицемерни, озборувачи, искористувачи... Ама што и да се случи јас никогаш не плачам и за ништо ( тоа си го ветив самата на себе ). Не ја полевај болката со солзи, затоа што се што полеваш расте! Веќе не верувам на никој ( освен на себе ) и не очекувам нешто, особено ако тоа зависе од некој друг. Само се надевам, ама не очекувам, затоа што така помалку ќе бидам разочарана.
     
  5. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Да, многу.... ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
    Ми фале ептен
     
  6. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Сум се разочарала од многу работи...Од пријателите, најдобрите другарки, домашните, дечкото. Обично кога гледаме некој како се менува на полошо се разочаруваме..А некогаш и само една мала грешка може да не натера да се разочараме. Најмногу сум разочарана од себеси... :(
     
  7. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Од се и сешто......
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    по најново ништо неможе да ме разочара , станав вечен песимист ..ете така сега само на најлошото се надевам :| тоа ако не друго е сигурна гаранција дека разочарувањето ќе биде помало
     
    На Pebeka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Исто како и повеќето, се разочарав од пријателите. Пред се поради љубомората. :worried:
     
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    И јас... :(
     
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Моментално најмногу сум разочарана од неповолните прилики за вработување,цело лето барам работо но без резултат,а за во помалите градови да не зборувам како е тешко да се најде работа......
     
  12. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Се разочарав во човекот кој што го сакав повеќе од се' во животот и во неговите планови и празни ветувања и "искрените изјави" кои ги кажуваше додека ме гледаше право во очи, а јас знаев дека има нешто што крие! :@ :swear:

    Иако му реков дека не сакам ни да го гледам, ни да го слушам, сепак уште го сакам. Поради тоа сум бесна на себе си, затоа што знам дека тој не вреди, ама свесна сум дека не смеам да се разочарам во себе си, заради себе, моите блиски и заради инат на сите оние кои се радуваат кога ќе ме видат повредена! :devil:
    I WILL SURVIVE!!! :muscle:
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Е значи упорно и упорно не ми доаѓа умот, па се разочарувам од машкиов род. Де бре, па не сум до толку глупава, да му се сневиди... :|
     
  14. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    секогаш се разочаруваш од тие најмногу што ти значат ..
    сум се разочарала од бившиот, семејството, најблиските пријателки .. :worried:
     
  15. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    сум се разочарала од моите најблиски,никогаш не ме подржале во нешто,ме тераат да правам се и на крај не ми даваат кога се веќе сум направила....
     
  16. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Сум се разочарала во повеќе работи во кои сум вложувала премногу.
     
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Да токму пред половина саат ... Откако исконтактирав со докторот ми беше кажано дека на една моја тетка и нема спас ...Канцер- болно нели и сега некако ме скина и не ми се работи ... Боже колку само не ги сакам ваквите вест и како сега до мојата мајка која чека одговор од мене.. Таа живее во Сараево и е сестра од мојата мајка.
     
  18. slatkoto-malenko

    slatkoto-malenko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Сум се разочарала од луѓе кои најмалку сум го очекувала тоа...
     
  19. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Секој ден се разочарувам од злобата на луѓето :(
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Сум се разочарувала од цело живо битие.
    Почнувајќи од роднини, тетки, стрини, вујни, завршувајќи со далечни другари, и другарки.
    Само родителите не ме разочарале.
    .... а зошто сум се разочарувала? Прашањето е лесно, бидејќи има луѓе кои во тебе гледаат само корист, материјално нешто, не го гледаат твоето срце,не ја ценат твојата добрина, Само зима зима, а никако да даде.. -Ти им даваш прст, они цела рака ти ја зимаат.
    Од машките, без срце, без памет, што летаат по плави коси, кои имаат 100 кила шминка на нив, а ни грам мозок во нив.
    Во последно време се разочарав кога видов дека еден мн добар другар, ме избришал од фејзбук.. Тоа е, негово си е.. Ама сепак ме разочара ;)