Прилично! Се разочарав од животот за тоа што ми се случи, а вечерва се разочарав и од една личност што многу ја ценев и сакав...
ДА!...сум се разочарала...од тетка ми од која не очекував дека така ке биде..од дедо ми...од него најмалку..колку човек се боре да биде се добро тој секогаш ке го сврте да изгледа наопаку..не е фер не е..од братучет ми со кој сега не ни комуницирам..од другарка која ми го презема момчето кое го сакав...од машкиот род..од сите машки што ме имат повредено...а можеби и од многу други кои сега моментално неможам да се сетам...но сепак сум мнооогу разочарана и од овие што ги наброив...
Да, и тоа повеќе пати затоа што давам многу на луѓето и очекувам исто за возврат, а честопати не сум го добила.Сум се разочарала од моите родители, од другарки кои сум ги сметала ко сестри, некои роднини, од градот во кој живеам, средината која ме опкружува...И на крајот пак верувам и пак се надевам...и пак се разочарувам..Во тој дел не учам од грешките, за жал
А кој се нема разочарано? Јас лично се имам и тоа многу пати. Само се надевам дека разочарувањата ќе ме направат посилна и дека ќе учам од нив.
Од форумов....беше место каде уживав читајки и пишувајки...место каде што го минував слободното време,понекогаш бегајки од моите проблеми влегувајки во проблемите на другите феминки...а сега со модулаторите тоа е невозмозно НЕ ТОЛЕЛИРАЛЕ некои мислиења...т.е. не не толерираат нас...еххх каде отиде форумот
Денес , од професорите . Никој со ништо не се замара , потценуваат и омаловажуваат . Ни таа мала бедна плата што ја добиваат не ја заслужуваат .
не знам веќе од кој не сум разожарана.. родители, другарки.. од животот па дури сум разочарана и од самата себе..
Се разочарувам од самата себеси. Се разочарувам од дечкото.Колку само не мисли на мене.Си го покажа правото лице. Се разочарувам од лицемерните другарки. Се разочарувам од животов.Суров е знам...ама само најупорните успеваат.
од сестра ми. го стави дечкото пред мене. ме чувствувам дека тотално ме заборави, толку ни се заладија односите што мислам дека веќе никогаш нема да бидеме блиски....
Сум се разочарувала од блиски сакани, од мене лично, од животот, од одредени ситуации, реакции и уште од што не... Незнам веќе од што не сум се разочарала, но сепак имам надеж дека еден ден ќе биде подобро, дека после дождот изгрева сонце. Со таа помисла се будам секој ден.
Јас комплетно се разочауравм од животот секој ден,но тоа е тоа мора да се продолжи да се бара некоја смисла во тоа што можеби утре не чека подобар ден.....Премногу вистини,премногу невистини,горчина ,стресови..огромни тајни кои од неодамна станаа горчлива реалност -едноставно никогаш не можев да замислам дека и мене би ми се случиле - но сепак тоа е животот еднаш на кратко си горе потоа на подолго време си долу...и за повторно да се искачеш горе треба премногу залагање ....се во последно време животот ми наликува на шпанска серија..Не да сум разочарана, има моменти и кога се чувствувам како да не постојам зошто премногу си ставам се на срце.........Реалноста е таква девојки !! Разочарувањето е дел од животот и тоа треба да се проголта ....