Марамче немој...Ко јас да се гледам пред неколку години..Знам колку боли кога те повредува некој толку близок..Ама се ќе помине..не сака и таа верувај...Ние сме сега подобри со мојата..пуста менопауза нивна..ќе бидете и вие..Секоја мајка живее за своето чедо.. Само биди силна
Како то,се разочарвите од животов ? Да се разочарате од случка,личност..во ред е,ама од секое лошо имат и полошо,така да..тапа е то со животов. Животов е сепак убав,ако се потрудиш .
Од родителите се разочарав. Немаат разбирање. И уште еднаш се покажа (по незнам-кој пат) како се поставени нивните приоритети. Ме разочара со нејзините зборови. Не и‘ личи на годините така да размислува, а камо ли да си дозволува на детето сопствено со експлозија од хормони да му кажува ТАКВИ работи. До кога?
Сум разочарана исто така и јас од мојата мајка Имавме голема караница пред една недела и ми кажа некои работи што не верувам дека некогаш ќе ги заборавам. Од моите сестри сум исто така разочарана.Само се чудам како можат да бидат толку злобни.Зарем немаат срце па такви работи ми зборат. Исто така и од пријателките.Секоја гледа само за неа. Ептен сум разочарана,а немам сили да се борам.Едноставно ми прекисна секогаш јас да плачам.Се уморив,па не сум јас од камен бе луѓе.
Од многумина сум разочарана. Но морам да признаам највеке од самата себе. Секој прави грешки, но тешкото е подоцна,кога ке ги согледаш и ке сакаш да го вратиш времето назад. Направив една грешка, пред една година, која уште ме следи како сенка, и многу ми е жал за тоа. Се мразам себе си поради таквите мои грешки. Најмногу тагувам и плачам за татко ми. Тој е најдобриот човек на светот. Се сака да ми угоди и многу ме сака. Не дека го злоупотребувам тоа - сосема сум свесна, и многу му благодарам и го сакам за се.. Дури и кога ми вика, и во најжестоките караници, само површно сум лута, но во себе знам дека најмногу го сакам, повеке од мене. И покрај таа ужасна грешка што ја направив, иако ме караше, сега заедно се обидуваме да го решиме тој проблем. Морам да престанам да пишувам, почнав превише да плачам.. (пс. ова онака ми дојде, ако помисли некој дека сум бремена, не е тоа лол..се насмеав со мислава)
се пронајдов во твојот коментар и јас го сакам мојот татко најмногу на свет имам во неколку теми напишано и душата ме боли што поради моите грешки го имам многу повредено се надевам еден ден дека за све ќе се оддолжам... тебе ти посакувам среќа
во слична ситуација сме изгледа.само сакам да станам више паметна и да не избрзувам со постапките. Кога нешто ке наумам, во тој момент тоа ми изгледа правилно, и се ке направам само да се исполни, но доцна свакам дека било грешка. со таа грешка за која зборев горе, највеке себеси се имам повредено, а потоа доага и татко ми..многу ми е жал, и душа ми се кине ненормално што го направив тоа..али тоа е, дупли јарец сум у хороскоп што да се прави..инает ненормално, кога ке наумам нешто по мое ке биде и не слушам друго мислење..не да ПОслушам, нејкам ни да чујам.. си ја мразам таа моја особина. Работиме на тоа да ја исправиме мојата грешка и се надевам за неколку месеци се ке се среди. Ти благодарм, и ти посакувам и тебе срека. се ке се среди. надежта последна умира!
душо и јас сум таква кога наумам нешто нема шанси да не го напрам макар и да знам дека ќе има последици по секоја цена морав да го напрам но не повеќе по цена на тагата на таткоми и јас напрајв грешка што треба период да помини за да се исправи се надевам дека таткоми никогаш нема да ме напошти да и тебе ти благодарам изгледа стврано се наоѓаме во слична ситуација за жал
од таткоми човекот кој најмногу го сакав знам дека и јас го разочарав него нотој мене денес срцето ми го скрши па мн.добро почна годинава немам коментар за никаде
Да.. а кој не се разочарал? Всушност сум се разочарала мноогу пати од луѓе кои не биле вредни уопште да претставуваат нешто пресудно во мојот живот. И скоро секогаш ми се кршело срцето за сосем небитни работи...
Се разочарав од личноста која многу ми значеше, можеби и најмногу, ја сакав како родена сестра... личност што ги знаеше сите мои недостатоци, слабости, што ме читаше ко буквар, секогаш знаеше дека нешто не е во ред со мене, знаеше како дишам. Толку години, моменти, толку убави сеќавања имам со таа личност, што некако не ми се верува дека е возможно да направи такво нешто, да падне толку ниско... Како и да е, станав имуна на разочарување во последниве неколку години, сфатив дека се е минливо, ВРЕМЕТО НАВИСТИНА ЛЕЧИ СЕ, можам да бидам цела недела затворена во соба, и да плачам секоја вечер во перница, да размислувам со часови за тоа, но неможе да трае цела вечност. Луѓе сме, се ќе пребродиме.
Во потполно иста ситуација се наогјам...и многу ми е тешко..иако мн ми викаат дека не сум јас крива али цело време размислувам некако да не сум згрешила ....али се надевам дека ке се најде некоја друга што мозе ке биде повеке тука за мене и што нема да ме разочара Ч/
Се разочарав од секое можно живо суштество на некој начин. Секакви коментари и критики ми влегуваат во главата. Сама сум си крива, го барам поубавото налетувам на погрозното, го барам несекојдневното налетувам на секојдневното... Тоа ти е живот. Секој се навикнува и пробува да ги ублажи грешките на другите луѓе па и своите. Понекогаш сме горди на себе, а понекогаш се проколнуваме по сто пати. Човечко битие. Тоа е. Жив се човек на све навикне.
Од секогаш сум мислела дека имам прекрасен живот, никогаш во ништо не сум била разочарана, но за се има прв пат, но мојот прв пат едноставно целосно ме скрши.Ме разочара некој на кого најмногу му верував,некој на кого што можев секогаш да му се обратам кога ми е тешко и ми треба помош.Имавме врска од година и 5-6 месеци кога прв пат решив да имам односи со него.Му се дадов од љубов.Прв ми беше.А тој место тоа да го цени едноставно после тоа го снема никаде.Ми се јави уште неколку пати и тоа беше се,, дури смува и друга.Поминаа и месеци од тогаш а јас уште неможам да се најдам каде сум.Секоја вечер заспивам мн доцна и се разбира плачејќи.Не се каам затоа што сум го направила, сум го сакала.Но само ми е криво што дозволив некој да си поигра со мене на 21 год.но најмногу ме боли што од тогаш сум мн сменета како личност и несакам никој да ми се приближи.
Па како да не се разочарам кога цел живот немам среќа.Се што започнам секогаш се најде некој да ми го упропасте тоа на било каков начин.Највеке разочарувања имам од мајка ми.Што и да направам и секоја моја желба што си ја замислам и што сакам и се трудам да си ја остварам,секогаш таа е тука да ми растуре се,тотално се.Немам веке ништо што би ме терало да продолжам понатаму,кога веке се ми растури и дури најмалата искра што ме одржуваше у живот...И сега само се прашувам што е тоа разочарување кога веке нема за што да се разочарувам?!
Секој се има разочарано од нешто или од некоја личност.. И јас се имам разочарано од најдобрата другарка и не зборам со неа веќе 6 месеци.. И најискрено на моменти ми фали но секогаш има некој до мене и секако заборавам на неа многу брзо.. Не сум личност што сака да седи дома да плаче и да мисли на минатото. Тоа го правев порано, а сега сватив дека не вреди да се нервирам и да плачам за некој личности кој не го заслужуваат тоа. Тие ако толку мислеле на мене и ако стварно ме сакале немало да ме разочараат. Сепак животот продолжува и секогаш ќе постои некоја личност што навистина ве сака.. Па немојте толку да жалите за личноста која направила нешто што ве повредило, се се случува со причина!