Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сте се разочарале?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од EnaPerfectGIRL, 5 мај 2010.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Да неколку пати сум се разочарувала во животов и тоа што е најтрагично од најблиските, од тие што најмалку очекував. На почетокот си викав аххх како не сум си малечка и засекогаш да си останам, па да не се замарам со вакви работи, пошо моите разорарувања беа ШОКОВИ за мене, меѓутоа тие ме направија поцврста личност и позрела. Си ја научив конечно лекцијата дека на никого не треба да му се верува, сега некој ќе помисли неможеш сите во ист кош да ги ставаш кога неколку личности те повредиле, меѓутоа мене ме повреди тој што мислев дека е совршенство без мана, со кого живеев во розева бајка, која за жал мораше да излезам и да се разбудам од неа, најдобрата другарка и братучетка...Страшно боли и треба време да се залечи!
     
  2. Snegulkaa

    Snegulkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Да, се имам разочарано повеќе пати од многу личности.. Од најблиски, до најдалечни. Од личноста која мислев дека НИКОГАШ нема да ме разочара :( , од неколку личности кои ги нарекував "најдобри другарки" . Само сфатив дека не е злато се што сјае .
    Srekicka си ја научила лекцијата дека не треба да се верува на никој, а јас моментално ја учам. :)
     
  3. Annce

    Annce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    И јас бев во иста ситуација но полека се ќе дојде на свое место. Боли знам, ама мора и тоа некогаш да ни се случи за да сватиме какви се луѓето уствари. Мене откако ми се случија сите тие работи јас престанав да им верувам премногу на женските, додека имам еден другар ама онака најдобар на кој можам да му кажам све и кој сака може да каже дека машко - женски пријателства не постојат јас нема да престанам да верувам во тоа. :)
     
  4. Annce

    Annce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    И да.. јас ако почнам да ви ја раскажувам цела приказна Ехеее.. :)
     
  5. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Не бидете тажни....после секое разочарување човекот станува попаметен! А ние сме тука дојдени на овој свет да собереме колекција на разни чувства :* :*
     
  6. Annce

    Annce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Мхм.. да, така е. Сепак сите што ме разочарале ги сметам за грешки кои не верувам дека ќе ги направам пак. Колку и да ми се мили тие личности и колку и да ги сакам неможам да заборавам што ми направија. Но сепак сега се чуствувам многу подобро без лицемерие околу мене ;)
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ха....па за среќа не многупати, два-три пати до сега ама квалитетно....мојата најдобра другарка за која животот го давав и таа за мене...сигурна сум дека такво другарство не постои и тоа секогаш го викав...6 години неразделни, буквално...зависни една од друга, нема мое твое, јас ти....јас и она бевме...излагавме јас таа и дечко ми....6 години....фати дечко после долго време, беше и во депресија можеби, се појави еден идиот, почна да не ми крева телефон, да неможам да ја најдам да ја добијам...тој и забрануваше знам....последниот пат кога отидов да ја прашам што се случи, не беше таа....ми зборуваше ама како друг да беше пред мене...ми рече не е ради него, сфатила дека не сум и била баш добра другарка.... ;( многу болно го доживеав....не и се лутам, тој и го уништи животот...таа беше во лоша состојба кога го запозна и тој го искористи тоа....мада кога и да се освести и да дојде јас ќе и простам.....
    и завчера на род. мој, најдобрата другарка, далеку од другарството со онаа првата, но сепак, страшно ме разочара....фати дечко и почна да се менува...не ми се верува...добро само јас ли можев да останам своја во врската??????????не се менува према нас, другарките, туку како личност...глуми некоја која он сака да биде, а можеби и он не сака, супер е чоекот, само она мисли дека тој сака таа да е таква...не сум мислела дека ќе се смени во врска..беше личност со карактер...сега глуми....глуми друга личност, внимава на секој потег....дечкото и е успешен, супер човек, треба да го задржи, се согласувам, заљубена е...ама да станеш некоја друга...или до кога да глумиш...многу ме повреди....пред него како да се конкурира со мене, а јас сум мажена и нон стоп сме сите заедно...во стилот, ама кажи кој ти кажа вака да направиш, ама кој го положи тој испит побрзо, ама нели јас вака.... :o добро да, ти ти ти...повели фали се...јас не кажувам, јас се докажав, мојот сопруг знае колку и за што сум способна...ајде на мој грб фали се.......и разговарав со него за работата моја затоа што го ценам и сакав негово мислење и почна како дете, да му чепка во телефонот да го прашува која слика од кај му е додека зборувавме и така на 4-5 пати ни го прекина муабетот, и јас си станав....ајде сега што е ова ќе ве молам за мислење................мнооооооооооогу се разочарав и никако не и звонам деновиве :devil:
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Нокта на 9-10 јануари многу се разочарав од човек кој не очекував такво нешто од негова страна така да постапи спрема мене.Сакав веднаш да пишам на форумот одма наредниот ден но во друга тема немав сили да ви се исповедам кога ке бидам спремна ке ви се доверам.
    Се разочарав многу,многу и многу.Простив и овие денови се понесувам нормално не спомнувам ништо но внатре во душата ме боли.
    Се разочарав и незнам дали во иднина ке го гледам со истите очи и ке го сакам со истата душа како до тој 9јануар.
    Разочарувања сум имала многу во животот но сум се справувала некако потпоминувале,но ова не.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.091
    Пол:
    Женски
    Енца, изгледа другарка ти пати од комплекс на нижа вредност кога е во твоја близина, па се обидува да се истакне. Најверојатно уште е несигурна во врската и не може да се опушти... Дај и малку време и имај трпение. Поретко гледајте се, барем додека не стекне некаква сигурност.
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Да, Енца јас те прочитав и потполно си во право, не се јавувај. Јас немам искрени другарки, си ја имам сестра ми,неколку пати во животот ме разочарале, една ми се ситеше што не се запишав на факултет,( иако наредна год. се запишав и дипломирав), друга спиеше со мојот бивши, наводно биле пијани, сега не ни контактираме.
    Мислам дека таа твоја другарка или има некои комплекси, можеби затоа што и таа сака нешто од она што ти го имаш(на пр. бракот) или едноставно не сака никој да се зближи со нејзиниот сегашен дечко, таа најдобро си знае зошто.Од друга страна ако таа тебе ти недостасува би требало да поразговарате и да видиш што се случува, некогаш не треба брзо да донесуваме одлуки.
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Енца, во животот постојано се сретнуваме и ќе се сретнуваме со такви личности. Мора тоа да го прифатиме како дел од животот.
    Е сега за оваа првата твоја најдобра другарка, која ете и самата знаеш дека кога би се вратила би и простила, не ја обвинувам многу, уствари до некаде, затоа што дозволила ете дечко и да манипулира со неа до тој степен да и забранува да се гледате и да се слушате. И затоа ќе те советувам да разговараш со неа и малку да и ги отвориш очите, ако знаеш дека вреди другарка ти....
    А оваа втората, на неа и јас ќе плукнам да ти кажам!
    Со нејзиниот опис што го даде ме потсетува на материјалист девојка, која фатила добар позиционер, и нема со што, т.е нејзините вредности и способности не се видливи, затоа што очигледно определено време се бавела со ,, пронаоѓање на идеалниот ,, , и сега не знае како да му каже, да му докаже дека и таа е ,,идеалната,, за него, и затоа така се губе во простор, демек ај ќе биде нешто што не е, некоја фуфица, па тој ќе и ги лиже нозете..... Извини ако ја навредив, ама тоа го сфатив да ти кажам.

    И нема потреба да си фина и добра спрема неа, штом таа ти задава таков удар, врати и со посилен.
    Спушти ја на земја некогаш, онака со зборови. Па да видиш како ќе се врати во реалноста.

    Од искуство ти кажувам дека таквите личности како оваа втората не се сакаат самите себе, а не другите околу неа. Таквите си гледаат само за себе, и за остварување на своите цели, обезбедување на безбеден живот, и затоа се прават нешто што не се, тогаш му е шансата.
    Имам таква другарка, затоа и знам :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Да ви кажам женски мои и јас мислам горе доле како вас....за првата моја другарка вреди да се бори човек, но мислам дека додека е со него е бесцелно, ви пишав дека беше како друга личност, момент кој потсеќа на оние од филмовите, таа зборува а јас замислувам секој на нејзино место само не ена, излагаа механички само зборови...не беше таа....и други наши пријатели кажуваат дека не ги поздравува на улица или слични работи, не комуницира со никој. Ако се раздели со него и реши да се врати во мојот живот ќе биде добредојдена...ама во спротивно.... ;( ...последниот пат кога зборувавме нормално, ми кажа дека и забранил да комуницира со братучедите нејзини, ќе и зборувале за бившиот од детството :@
    тоа е тоа, проблем ми е вторава, што се понаша како да сме две тинејџерки што се намерачиле на ист дечко, па која ке превари таа ќе товари....неможам да поднесам...а јас имам една дебилна особина, несакам да прифатам некои особини вакви кај луѓе кои ми значат, намерно се правам будала, свесно попуштам и свесно несакам да се соочам...премногу лошо се однесува, сака да го убеди дека е најдобра на целиот свет, совршена...а нема потреба, човекот е сосема разумен да небара совршенство туку ок девојка....се губи во простор и време...мада кога ќе размислам подобро ова го правела и пред минатиот нејзин мувач, другар на маж ми....да се истакне во однос на мене....а нема потреба бе....за што се конкурира со мене...тоа што ми го направи таа вечер, ме навреди до коска...јас се усрамив...ко да и го земам дечкото....неможам да верувам...и што и да се кажува таа е на штрек, смо ти дава знак да ќутиш да не ти се испушти нешто, а незнам што би можело....а да не додавам дека во тој момент од четири мужи во собата, имаше легнато со 3 (освен маж ми)....можеби е недостаток на самодоверба, ама па со мене да се лечи???јас која вложувам се што имам и немам во врска...било љубовна, било пријателска....мада иако во пријателството дозволувам да ме газат за сметка на тоа што јас сум таа што гази во љубовните релации..ама каква карма....цел живот ми иде со дечковците, буквално со сите што сум ги имала, ама затоа никако да ми се погоди другарка за цел живот.....по што копнеам цел живот...али добро...фала му на бога за мојот беспрекорен сопруг....ама и другарка па си е другарка...како и да е...многу ми тежеше, извинете што гњавев толку, фала ви за советите ама многуууу се нервирам :@ :@
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.363
    Јас не би се борела ни за обете.Немаат личност ниту двете,ќе го повторат истото,кога тогаш,особено па вторава која е рамна на мало дете,но во суштина изгледа и така се доживува штом од петни жили се труди тебе да те елиминира ко конкуренција со оглед на фактот дека ти си мажена и имаш среден живот.
    А оваа првата...имам таква...па што да кажам...ниту сум ја видела од нова година,ниту сме се чуле,само преку фб.Почна да глуми као јас се замарав со сите,никој со мене,врската си ја упропастив,е сега никој не ме замара,а тој кретенот и прави психичко насиље,глупа е и трпи,мисли до другите е,од сите што вистински ја провредија(можда) најде на мене да се вади,а плус е тоа што...ниеднаш вистински не се израдувала на нешто што мене ми се случило.Последно,почнаа некои работи да одат во нагорна линија,од петни жили се труди да се насочи и таа така,но патиштата ни се различни,па ќе и потрае и ќе се помачи.
    Не очекувај од жена вистински пријател.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    За се се согласувам освен за генерализирањето дека НЕ ПОСТОИ искрено другарство од жена.. Од моето лично искуство им должам по два-три шамари на неколку особи на кои целосно сум им се посветила, зошто ко некој кретен сум за другарки, душа давам! Со едната ми се деси ваљда некоја латентна љубомора, јас имав врски и дечковци и СЕКОГАШ и секаде ја носев со мене, фала богу ми годеше нејзиното присуство и ко некој психотичен манијак своевремено ги условував и им наметнував на моите дечковци да ми ги сакаат другарките зошто иначе ништо од бизнисот ( веќе не)! И девојчево полека почна да не ми се јавува, да се губии да исчезнува без никаква причина и објаснување и да се претопува во некоја исфрустрирана особа.. Денес ми е дури жал за неа. Уште повеќе што нашето другарство го изгуби за сметка на ништо, а многу објективно тврдам дека како другарка сум страшен папучар и не знам искрено со кој памет реши да се издистанцира на таков начин.. Минатиот роденден ми плачеше дека уствари... ме сака и ќе се поправела и поминаа 2 недели- оп се по старо... Веќе не гледам ни начин а немам ни желба за градење на изгорени мостови...
    А вториот случај, се работеше за инстант другарка, од оние што преку ноќ ти се бест френдс. Девојката излезе дека има некоја сериозна патолошка фрустрација зошто во сите свои другарки гледаше предавнички и курви, за сите збореше пред мене и нормално мене ми падна чудно и почнав дистанцирано да ја анализирам целата ситуација. На крај ме обвини дека сум имала нешто со ДРУГАР на дечко и, што само по себе е неточно, и сва и свашта се изнаслушав- бидејќи он имал девојка. Ни онме интересираше ни нејиниот дечко ни нејзината перцепција на нештата... Си се чудам како не сум ја отерала у п м своевремено ама сега само ми е смешно зошто кристално ми е јасно дека луќето врз другите ги проектираат своите недостатоци и фрустрации и се плашат од самите себе па стануваат подли и непријатнио суштества... За оваа девојка и не ми е нешто криво зошто ко 2 и 2 ми е јасно каква е а и искрено, длабоко се разочарав бидејки I didn't see it coming…Не беше ценета ни мојата искреност ни мојата предаденост и тврдам дека од сите луќе во нејзиниот живот јас и бев единствената вистинска другарка.. Ама она нема таква особина во акарактерот и драго ми е што ми се изгуби од животов по пат на природна селекција...
    На друга страна пак, имам другарка за која =ивот давам и ја сакам БУКВАЛНО ко сестра. А и она мене...Имам такви 3 од кои едната ми е братучедка. За нив со живот тврдам дека се исклучителни девојки бидејќи во принцип...Немаат комплекси и не се осеќаат загрозени ни од мене ни од своите рустрации ( кои не сум ги ни забележала). верувам дека ваквите примери како оние две погоре служат за да ги цениме повеќе овие вистинските другарства.. Малку се...ама постојат!
     
    На LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Во право сте сосема....Лилитко баш така е ко што напиша, само што пуста јас себеси се лажам и погазувам...ми се јави другарка ми (втората :lol: ) вчера, во стилот, абе зашто те нема, дрн дрн, и јас..........јас дебилот продолжив ко ништо да не било :headbang: така ми треба.......се мразам што сум таква...нека патам...на другарка и немам префрлено збор во животот и нека го јадам.........а ме боли, упорно се надевам дека во животот ќе најдам и една другарка како што сакам...и мислам ќе бидам комплетна личност тогаш...несакам да сум на штрек, и со резерва да се доверувам....да не го злоупотреби потоа,или да се плашам дека ќе се сити...ах ах аххххххххххх.........јас...не личам на ЈАС во овие другарски релацииии....шејм он ми...се разочарувам и од себеси што воопшто ми треба некој таков, и што им дозволувам се...................
    А Пирамитке, неможам да не искоментирам....со твојот пост во целост се најдов, а посебно делот кога битен критериум кој мора да го исполнува некое мушко за да ми биде дечко, беше да во пакет ги прифати и ги влече со нас другарките мои, кои сите на свој начин ми ја дадоа клоцата...а кутриот колку само се нервираше што најчесто во тројка излагавме со првата....ама мораше да ќути.....мила мори мајко...ама ако ми е....така ми треба...свесно си работам против себе........ако ми е...........
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.363
    Абе и мене ако ме прашуваш по тема првата,ти не си се поставила како што треба,не е таа крива.Сума сумарум и твоиве се сведуваат тука некаде.
    Сеедно...жените не знаат да бидат искрени како машко.А башка што тонат во куп небулози и паранои,постојано се споредуваат,бараат повод и причина за љубомора во која увек тие не се кривите шо се најдобри.Нејсе...ту мач хормони на едно место,тоа е,експлозија.Увек тие некого менуваат на подобро(те само се трудат,не знам за што се мислат),некој нив им греши,увек има бич на другата страна на просторијата,увек нешто не им чини.
    Никогаш не сум ги примала као предмет на конкуренција и увек им биле делени шанси и шанси и шанси,сега не се замарам.Не полагам надежи дека ќе се поправат,сепак јас сум тука за добра дружба,искрен муабет (за кој кога-тогаш си доаѓаат,зошто знаат дека боли од што е искрено) и по некоја солза,леле извини што ме немаше...ама сеедно реков.
    Имам едно поголемо разочарување од една блиска другарка и од тогаш трепкам црвено по тема женски пријателства.Сега се трудам да ја сведам мојата комуникација со жените на друго ниво,да не кажам интереси,информации за напредок и не многу блиски контакти.А башка шо никад не ми недостигал дел од мене као храброст или нешто такво,за да негувам чопоративни излегувања и широк круг на пријателки,како би ја замаскирала својата несигурност со оговарање на останатите кучки во општеството (така де,тие така се однесуваат,кучкасто,а сите останати се кучки).Увек ми било одвратно тоа женско однесуваање,ама нема везе избегав од темата,што значи ни треба цела една ваква,џилитка нова тема.
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Еее девојчуленца мои, затоа држете си ги поблиску до тело непријателите, тие барем не можат да ве изненадат непријатно, само пријатно. Кој ќе ве разочара ако не пријателите?!

    Една реченица ми кажа една моја другарка кога „изгубив“ доста блиска особа, затоа што открив дека цел живот го живее со маска и лагите и игри без граници позади грб и се секојдневие. „If you lost a friend, that's because you never even had him.“
    Потпишувам!

    Дафне кажа многу голема вистина!
    Луѓе ај некој нека ми каже со сигурност дека некоја другарка ви мисли само добро. На една рака ќе ги изброите таквите нели? Абе се гледа вилиците како им се кочат кога се насмевнуваат и ви кажуваат „Леле баш ми е мило за тебе!“ Кого лажеш сестро.
    Знаете они ви посакуваат се најдобро, се додека вашето најдобро не го надмине нивното најдобро. А кога сте несреќни ве прашуваат - има нешто ново?, и кимаат со главата небаре им е многу жал а во суштина се што ги интересира е дали вашата агонија и статус кво ситуација сеуште трае. И си ја тапшаат душата - охохо!

    Кога ќе размислам одвратни суштества сме ние луѓето. Лечиме комплекси и фрустрации и мастурбираме кога можеме да ги спуштиме на едно скалило подоле од нас најблиските. Ех колку вакви личности познавам, те пецкаат каде што немаат основа се во име на тоа себеси да си докажат колку се они најдобри или барем подобри од тебе!
    Ваквите луѓе ми се на една квалитетна игнор пријателска листа. Заради некоја фамилијарна историја и поврзаност можам да ги „испоштуем“ со неврзан неутрален муабет, ама повеќе од мене нека не очекуваат. Мојот квалитет и мојата посветеност се скапоцени работи, треба некој да ги заслужи минимум со својата искрена и фер егзистенција. Фрлање камчиња под нозе, е тоа не! Това.

    Едит. p.s. Енца да не мислеше на Дафне? ;) Таа тоа го пиша, иако и јас сум како вас двете. Енца мој совет, абе најискрено и најсмирено кажувај си се што те нервира. Душичката ќе си ја олесниш ако ништо друго. И јас порано преќутував, а сега? Нееее, си се ценам и јас. Како можат мене другарките да ми го плеснат у фаца и да не се навредам до крв, поготово ако гледам дека се работи за добронамерен совет или критика. Ако некој се навреди и повеќе не ти збори - значи не ти ни бил вистински пријател!
     
    На Dafnee и thatsmysecret им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Го делиме сосем истото мислење за жените како другарки.
    Имам дури една. Една, ама вредна.
    Остатокот од дружината се тројца машки другари и мојот братучед.
    Верни се, лојални, забавни, не ме загледуваат манијачно во чантата и чевлите, за да подоцна се убијат од озборување и нема опасност дека ќе му се џитнат на мојот бивш или сегашен дечко и преку ноќ ќе станат најдобри, неразделни другари. :^)
    Секогаш наоѓаат време за мене како нивна другарка, без оглед на статусот - сингл или во врска.
    Јас тука просто се срамам поради мојата женска днк |( , некогаш ги занемарувам , давам приоритет на други ликови и си давам за право да ги земам здраво за готово.
    Работам на целосно искоренување на таа срамна и патетична, ТИПИЧНА женска особина.
    Жена. Ѓаол. :devil:
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    На крајот на денот, жена на жена не е едноставно. Како што кажа Лилит хормони натпревар и љубоморење се стален придружник во овие релации.. Искрените пријатели ги сместувам во сосема поинаков ќош и за некое чудо се фаќам себеси понекогаш како не ги ценам доволно и ги подразбирам, додека со секоја втора исфрустрирана глупачка се трудам психички да ја оправам од поглед кон свет до начин на комуникација со луѓето, за на крај да излезе бедна и ништожна со тоа што ќе се уплаши од моите чесни намери.. МОРА НЕШТО ДА НЕ Е ОК!
    Параноја и фрагментирање, негативно индивидуализирање, пропаѓање на морални вредности и на квалитети на луѓето! Преплашени сме од се, затоа што го допревме дното со секакви морални инхибиции и знаеме точно за што сме способни! Криво ми е што станав таков скептик, и дури несигурно поаѓам во градење на нови пријателства, ја ставам себичноста на прво место - добар провод за мене па вие кршете глава после и се задоволувам со таква апатична релација со повеќето луѓе...
    Блиските себично ги чувам и они имат чест да ме видат разолена со маани и недостатоци.. Со другите правам - здраво како си ај да се начкаме релации...И доста ми е.
    Femina feminis lupus est!
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.363
    Дафни,тоа е поентата,да не дозволиш да подпаднеш под глобалниот ни проблем.Фрабричка грешка,шоидае...и да се однесуваш онака како што чувствуваш и да си го тераш животот својски,со редуцирање на целосното вложување на себе во нечиј живот,но индиферентност и себичност,ни под разно,у тој случај можеме да го поздравуваме секое утро сонцето со шоља зелен чај и во мир да ја чекаме 2012.Подобро таа да не снајде,отколку присилно да создадеме глобално заладување на светот.Малцинсво ил не,одржува рамнотежа на светов и е нужно за да се движиме ваму или онаму.
    Не се трудам никого да променам,но нема ни да се променам јас заради нечиј кретенлук и пак ќе и се насмеам кога ќе ја начекам у ходник.

    А инаку,мислев на тебе во однос на првата девојка...мислам дека не е нејзината латентна љубомора,туку твојата потсвесна потреба за икс нешто,со икс резултат,нејзиното е само последица во целата ситуација.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.