Како некој шо не носи, не. Неќам да ме гледат. Сакам максимално да ми е чист патот од луѓе и да си живуркам комотна и слободна. То е исто ко да речам јас дека тие шо носат прслук бараат некој да ги зјапа оти лично јас гради во прслук сметам дека се далеку посекси. А уствари жената така му е поубо и така си се носи. Со кое право? Ме сфаќаш? Јас долго време не носам прслук и не сеќавам дали некој ме гледа дека не носам или не, шо не беше случај кога почнував понекогаш да не носам и божеее колкава анксиозност ме јадеше тогаш. Носам кога сметам дека треба или кога сакам и кога вежбам оти ми е потребен. Ама за низ град, за на кафе, за патување - јок бе. И навикната сум. Не ми е ни инстинкт да клам. Не ни обрнувам внимание дали некој ме гледа оти не ми е важно и релевантно за мојот живот и среќа. Ама толку зборам тука за тие шо се стегат, а се мразат за то и после наидват на вакви подли коментари, пред се од други жени, и си одат против чувството кое го имаат само за да „не се зјапани“. Ама уствари ништо не си барат, сем комоција.
Не знам како најдобро да ви објаснам, ама ќе се обидам Едно е јас да носам градник за пред дечко ми во кревет, или убав градник од оние модерните што се малку како топ и се како дел од комбинација, или пак ако одам на интервју за работа па да носам градник како дел од кодексот. Сосем друго, а и на поголем дел од жените на темава ни смета што се форсира носење градник во град, на кафе, во мол и се со цел да не вршиме дистракција на мажите со нашите гради или дојки. Пошто реално е дел од телото. И не е во ред кај мажи да е оправдано гледање на гради на изволте, а жената кога бара нешто едноставно, како да не се стега под граник одма „си го барала вниманието“. И јас лично сум пробала различни градници, тие без жица и без потпунки ми се најидеални. Ама, ми сметаат, посебно кога е надвор 30 степени не ми е сеедно.
Си носам градник секогаш. Имам големи гради, со големина на портокал, не ми се виснати, ама па без градник, ај што се оцртуваат, туку и неубаво ми е. Инаку, имав една колешка во исти сектор, ама во сосема друга фирма, која се залагаше за слобода за градите, форсираше да не се носи градник, и така одеше на работа, по семинари. Многу лошо, се се оцртува, развисени гради, на ништо не личи и е крајно непрофесионално. Така може по дома, ако не сака да ја стегаат, ама на работа не.
Баш дека треба да се гледаат од поширок контекст. Сите сме жртви на тие правила, стандарди, очекувања, како и да ги наречеш. Барем во ова време сега, кога стандардите се веќе испишани акцентот и напаѓањето не може само кон едните да е. Треба колективно да се гледа на работите. Бидејќи како што има манијаци од машки род кои би зјапале во жена без градник, така има и жени кои би ја коментирале, како е растресена, неуредна, толку ли нема пари за еден градник итн.
Не носам, на лето во тесна маичка се познава дека не носам, и се осеќам секси и со и без, а тие што ме гледаат, ме гледаат и со и без, тие што не ме гледаат (културните) не ме гледаат и со и без. Удобноста моја ми е побитна од удобноста на жени чии сопрузи ме гледале. Гола не сум излегла досега никогаш па да му е на некого неудобно, сум излегла со маичка преку која се познаваат пупки исто ко што се познаваат пупки кај маж, така што ако не им е неудобно на луѓето од машки пупки, нема што да им е неудобно од женски. Да можев да направам нешто да не добивам внимание, ќе направев одма во моментов, ама нема што да се направи. Едноставно јас не носам прслук пошто ми смета, а доволно убаво се осеќам без прслук, да имав поголеми гради може нема да се бендисував без прслук и ќе носев.
Во меѓувреме во Саудиска Арабија: *Покриј го вратот. Што многу сакаш да привлечеш внимание? Либерална една.*
Фала богу што мнозинството размислува како што размислува, има напредок и ќе има напредок. На кој не му се свиѓа има избор да не зјапа, толку едноставно е. А која не сака да се кува во лето и и е поудобно кога и да е без градник, слободно нека си прави како што сака. Ех, за се во животот има некој што мрчи зашто вака или онака, ни прва ни последна работа.
Носам прслук за да ми ги подигне градите и да ми направи деколте. Оти иначе буквално ми гледаат надолу. Брадавиците ми се на пола пат до папокот. И ми е срам да ми се познаваат такви, па носам прслук, кога облеката не им ја прикрива формата. Да имам гради со убава форма, никогаш нема да носам прслук, оти ме нервира. Ко ќе си дојдам дома, едно од најубавите чувства ми е кога ќе го извадам 'околопот'. Кога некоја ќе ви речи дека не носи прслук, не си замислувајте антигравитациски цицки. Оти не е секогаш тој случај.
Ова е ОК според нормите, и не се цензурира на интернет. Не е срамота, не е голотија. Мажи се, ако имаат поголеми од моите. Ова е секси, според некои си факинг норми: Ова е невкусно, несредено, и овие жени бараат внимание: Чаре за ова?
Вајлд темата не е да ги тера жените да не носат прслук. Во ниеден случај. Само разменуваме мислења за парче облека кое не секој сака цело време да го носи, а неговото неносење најчесто не е социјално прифатливо. Да тргнам паралела со некој прејак фустан. Да, има денови кога сакам да го облечам, да се осетам секси, да извадам нога, да ставам штикли и да одам да искачам. Ама има денови кога толку не ми се замара, толку ми е напорен денот или треба да добијам па сум целата потечена и за нигде што стварно не ми се носи прслук. Ако е лето и иам добиено на 40+ степени кога треба да работам цела престегана ми е СМРТ. Многу полесно би ми било ако ми се познаваат градите тоа да не биде прочитано како барање внимание, провоцирање, акање на цицките на маса, вулгарност итн итн. Дали биле секси вакви или такви цицки не е тема на муабет затоа што грди цицки не постојат. Секоја жена си ги има уникатни и какви и да се, нејзини се и не треба да се чувствува неубаво ради некаков стандард кој кажува какви цицки се убави. Дури и се чудам кога ќе прочитам оти ви се гадни на некои, мене никогаш не ми се згадило од нечиви. А и сакањето да се привлече внимание апсолутно не е поврзано со носење на прслук. Сите луѓе некогаш сакаат да привлечат внимание и секогаш си го користат најсилниот атрибут, без разлика дали е сукња која ги истакнува облините, гола нога, убаво деколте, црвен јак кармин итн итн итн. И нема ништо погрешно во тоа, сите некогаш во животот сме излегле за да привлекуваме внимание. А ако некоја сака да провоцира тоа може да го направи и со ролка до врат, провокацијата е работа на понашање, не е само цицки без прслук.
Знам дека не е за тоа темата. Се надоврзував на муабетот дека не носиме прслук за да привлечеме внимание. Не сакам да привлечам внимание кога не носам прслук. Ако сакам да привлечам внимание, тогаш носам.
Епа глеј пример моиве.Едната брадавица ми е повлечена, не знам зошто, едната не.Ок искочи дур куцав.И да искочам без прслук, мене ќе ми е смешно некако.Не знам шо ѝ е, ама си седи внатре у шелфот. еве пак се прибра, и кај да идам надвор искочи влези да ми праи у сред кафич
Или имате мали гради па пишувате колку е кул да се шета без прслук или се работи повторно за некакви замислени либерални ставови што никој не ги практикува, освен до маалска пиљара и назад. Големите гради бараат носење на прслук. Не е мода во прашање, туку потреба. Дека ако видам некоја без прслук ќе ја погледнам, а можеби зјапам, нема да лажам. Впрочем и останатите што коментираат спротивно. Дека е невксусно или не, зависи од милион фактори. Се зависи од убавината на тоа што го имаш. Ако со тој дел се гордеам и е убав ќе го истакнам, ако не е, што има да се докажувам за некаква стигматизација. Јас само дома не носам градник. Па и до маалската пиљара. Многу би било несериозно во сериозна фирма, да не си пристојно облечен. Човечкото око е љубопитно. Исто ми е како машко да не носи ѓаки. И гради и тестиси треба да се приберат. И двете имаат тенденции да се однесуваат како њутново клатно. На крај краева, прслукот не е единствено решение. Има куп други решенија што имаат иста функција, а истовремено не изгледа воопшто непристојно. Едно е да имаш мали гради, друго е средни, трето големи. За некој е малтретрирање, за некој е медицинско помагало.
Поентата е да е социјално прифатливо жена да носи и да не носи прслук, без предрасуди. Значи некој ако сака и секогаш нека носи, некој никогаш, некој според потребите. Нормално дека на интервју нема да одиш со брадавиците надвор, ни маж не би требало, друго е ако постои дрес код, збораме за секојдневни ситуации
Една од најпознатите инфлуенсерки во моментов Немам вакви гради ама често не носам градник. Кога сакам боља форма носам. Летно време бирам фустани за кои не треба градници. Како и за многу работи, ич не ми е гајле дал некому не му е пријатно од изгледот на моето деколте.
Не сум видела такви купачи Има и такви со потпунки А ти фала што ме мислиш Гледаш мене ме заболе за туѓата комоција