Со години сум префрлена на беби дол ние ги викавме сега модерно спортски градник. Додека бев помлада знаев да не носам и на фустанчиња каде што се приметува дека немам (со гол грб пример ). Сега носам само кога морам на работа,со потенки маички. Зимно време кога знам дека нема да соблечам јакна никако не ставам . Немам против ни тие што носат ни тие што не носат ,само да не е некултурно не во сексистичка смисла туку онака за око како што ми е изваден гз на машки низ тренерки некултура така ми е и ,,разлетани " гради под проѕирна маичка.
Предрасуди сеуште имаме за теми од типот на блондинки vs. бринетки, а не пак за деколтеа, градници и слични деликатни расправи. Стварно сметам дека голема улога, околу ставот на темава игра и самодовербата на жената. Теоретски да, града си е града, ги има во секакви форми и големини. Се слагам со една феминка погоре што пишала дека кај големи гради е нужна, (а не опционална) потпората. Од ортопедски причини меѓудругото. Кај мали гради е да речеме "поневулгарно". Како и да е колку и да се обидувам да бидам либерална на темава, на интервју за работа, да, ќе облечам градник. На вечерно излегување, немам проблем да не облечам воопшто.
Идентично "играат ламбада" и дојки во градник, посебно ако се поголеми. У лето шо да им праи, да ги исече ако не па? Прво и основно, треба да прифатите дека ДОЈКИТЕ се создадени за доење и дека нема ништо срамно и гнасно во нив (не се ни гради, ни цицки, туку дојки). Втора работа, има жени кои од здравствен аспект не смеат да носат класика градник (оној со жици и корпи ала панцир), па мора да носат обичен памучен градник од еден слој и замисли, кога ќе се наежат пупките се познаваат преку блуза, кошула па и тенок џемпер исто како да не носи градник. Што да прават во ваков случај според тебе? По секоја цена дојките да ги приберат у панцирот и по цена на загрозување на здравјето? Исто ко у темана за доење во јавност, како тоа мајка да си го нахрани детето во јавност. Или нема да излезе од дома дур не престане да дои, или ќе му дава формула, ама дојка "на изволте" што би рекле многу "современи" луѓенца никако, тоа бљак, гнасно, се нуди и сака да привлече внимание. Шо ви е значи? Треба да прифатите дека ДОЈКИТЕ се дел од телото и дека треба да ги гледате исто како лицето, косата, рацете, нозете. Ако ги гледате на поинаков начин, тогаш проблемот е во вас а не во жените кои носат или не носат градник.
Исто како што и вие треба да прифатите дека некому еве мене не му е океј Непристојно му е и вулгарно океј? Симпли ес дет. Затоа реков, џабе ќе се натегаме. Постојат лепенки на крај краева Замислете.
Не зјапај тогаш во женски дојки и машки полови органи и нема да ти е вулгарно и гадно, ете толку е едноставно. А инаку, лепенки исто некои може не смеат да лепат, некои не сакаат ко на пример јас, замисли... Тоа што не сакаш немој да правиш. За другиот не се замарај.
Вие сите се испозамаравте со моето мислење.Не ја со вашите.Така шо ја не се замарам. Абе нишо не смеат извини Сите болни се глеам Со гола кичма и минич на -3 степени и без прслук.Лошо ѝ било. Да поплачам стој
Мешаш баби и жаби. Опседната си со голотија, дојки и полови органи. Те замислувам ко човек што оди по улица и сите ги мери од глава до пети. Инаку да, колку и да ти е неприфатливо, има жени кои не можат и не смеат да лепат лепенки по дојките. Посебно не па трудници и тазе породени жени кои се со отечени дојки и преосетливи брадавици. И баш тие не можат да го поднесат панцирот па во твои очи ете се вулгарни, гадни и сакаат да привлекуваат внимание. И тука ќе ја завршам дискусијата со тебе конкретно зашто гледам дека водиш инает и не сфаќаш некои основни работи. Ама и ти си девојка, утреден ќе бидеш жена и ќе се соочиш со некои работи па се надевам ќе ти се смени мислењето и ќе прифатиш дека си грешела и дека џабе си плукала по жените кои од одредена причина не носат градник или носат тенок памучен кој е исто како да го нема.
Што испадна од темава, дека 90% жени или не можат или не смеат да носат градници? Ај и без гаќи ќе одиме сите, лето иде, топло ќе биде. Не мора да е привлекување на внимание. Мене простачки ми делува жена без градник на јавни места. Исто ми е како да немиеш коса и заби, ама шеташ наоколу. Треба да се има некој бон тон, некој степен на култура во јавност, не сме во камено доба, па стави едно парталче на задник и шетај. Што и се напнавте на @Feminka22. Мoja колешка на семинар си ги постела цицките на маса. Ем во рамбовка маица, ем без градник, и кога седна, што да кажам. Цицките и легнаа на маса, а таа збори ли збори, ич гајле нема, пука од самодоверба без да се погледне на што личи. Келнерот и носи чинија со јадење, и бидејќи таа седи, а тој стои, човекот сакал не сакал и ги гледа цицките. Па и ако одиме по некои правила на облекување, на семинар каде дошле странци да ти предаваат, не се оди во рамбовка, се знае како се облекуваш, во сако, кошула, да делува сериозно и официјално. Не секој ден одиш на такви места каде треба да оставиш впечаток. Една врата отвора друга врата, преку деловни контакти, и ај сега да не носам градник, на што личи тоа?
Ако веќе вреѓаме, попростачко размислување од ова нема. Ти си останата во камено доба ако ти е исто ова со немиење заби. Тоа којзнае од дома што ви збореле како мали, па сте вака со трауми од цицки.
И за градиве на маживе вака да се замаравте арно ќе беше. На темава, и јас сум за тоа секој да си носи како му одговара. Секако не загледувам дали некој носи градник или не, најбитен ми е комфорот искрено.
Ги боли пошо сум искрена.Пошо јадам гомна отворено дека е грдо и гнасно.И сеа се као увреџени..баш така-ќе испадне пола Македонија не смее прслук да носи. Викам ја голи нека идат, ич да не се стегаат цицките.Они не… Поготово така да искочам и да ме гледаат мажи шо може да ми се татковци Боже ме сачувај Па секакви мисли да им се вртат у глава Тоа и облечени свашта мислат и напаѓаат не па така. И не не е сама си го барала, ама провокативно е.Ќе се најде будала испровоцирана од тоа Многу либерте овде на форумов синкир у Америка сме..бребре Да бевте толку паметни и либерте ќе го ширевте тоа насекаде и ќе напредувавте Не мене ми зборите као сум имала комплекси итн
Тие шо неќат да носат прслук: "значи ЈАС неќам да носам прслук и НЕЌАМ внимание само сакам да ми е комотно, некоја ако сака нека носи - нејзино е" Цицко мразачите: "зНаЧи ОтИ нЕ пРиФаЌаТе РаЗлИчНо МиСлЕњЕ вАу БаУ дИсКрИмИнАцИјА" Исто така цицкомразачите: "е ај голи да шетаме, гнасни сте, растурени, ух има самодоверба а не се гледа каква гнасна и растурена е угх г н а с н о" Тие шо неќат да носат прслук: "нормално дека некои места имаат дрескод ние зборуваме за шетање, кафич, со пријатели, на јадење, кино ... Не во формални ситуации" Цицко мразачите: "тА дОјДе нА сЕмИнАр Со ЦиЦкИте" Нема да паднам на ваше ниво да ви кажам какви се, des ur specialty. Доста ви е ова.
А зјапате ли и во машки гради, имате ли мислење за нивните ако брадавиците им се познаваат преку маичка, ако им се поголеми и се тресат, ако ги потпреле на маса, и секако ако не носат маица. Невкусно ли ви е на плажа затоа што мажите не носат горен дел купачи... Или ќе се оптеретуваме само со женските гради, женските гзови, женските усни и што ли уште не
Да.Ја бар реков И да гнасно ми е дебела мушка цицка. Сакам убави гради извежбани, не сало фул и да виси ко партал. А во рамбовка, маица, кошула не сум забележала на некој да му штрчи брадавица.А на плажа вртам поглед одма Сакам згодни мажи
@Feminka22, нели ти беше таа што ќе се тепаше со мажите што споделуваа слики во Јавна соба? И сега пишуваш работи ко: Ти не си искрена, игнорантна си. За дел од телото, кој се создава додека плодот уште нема пол, кажуваш дека кај жените е гнасен и одвратен доколку е нецелосно покриен. Не треба да сум во Америка за да имам култура и да не гледам во нечии гради, или пенис.
Хахахаахахха ти дечко не си добар Каква врска има едното со другото? Нормално дека ќе се тепам за тоа.А за другово МЕНЕ не ми е пријатно да ме зјапа некој И вака и така се расправам секое искачање бар со една будала А не па скроз да ми се гледаат не треба да си, ама природа е до негде во прашање.И друга членка пиша.Тебе ако не те палат ни мажи ни жени и не гледаш, не е мој проблем
Како нема врска? Не ти е нормално да праќаат слики, а нормално ти е ви живо да манијачат? Леле те молам престани, секоја кажана работа ти е поскандалозна од претходната.
Па тогаш бурка носи ко не сакаш некој да те зјапа толку, што да ти речам. Премногу грди работи се испишаа на темава. На крај да затвориме на "сама си го барала" уште фали. Женските гради биле гнасни, од згодни мажи не биле. Туѓ срам ме изеде.
Ти не си добар жими мајка хахахахахахахаххс Кај реков дека ми е океј? Баш затоа не сакам.Неќам нит да шера мои слики некој нит да ме зјапа.Цицки се интима исто како и њудс.Нешо шо не треба секој да го гледа и да има пристап Ама така ти чини Макијавелизам и вртење зборови со мене не