Ок ќе викаме дека црното е бело и ќе негираме дека градите се секс симбол. Тоа не значи дека жените треба да стават оклоп впрочем женственоста не треба да се преставува како нешто срамно. Некој може и од прст да се возбуди па негов проблем, ама не мора да викаме дека градите се исто ко и секој дел од телото. Не носам прслук до продавница пример ама и не сум се замарала дали некој ме гледал или не.
Дома можат како сакаат да се облекуваат, а продавница е јавен простор. Имало случаи со краток шорц да не ги пуштаат во продавница, да ги вратат. Пишале Скопје? А што ако е Скопје, го спомнале, таму не ли важат правила за пристојно однесување? Спомнале Исламабад, нека видат на карта кај е прво. Не е работата кој ќе те гледа, и манијачи, туку пред да излеземе од дома треба да се погледнеме во огледало и да видиме на што личиме, поради себе пред се. Патем градниците не се од лим, железо, па да се проповеда неудобно било.
Ама that's the thing. Не се знае покрај кого ќе пројдеш. Ги анализираш и запознаваш сите надвор пред да искочиш, за да знаеш дали се манијаци? Не. Тоа што ти припаѓа тебе е само твое, без разлика дали е телото или материјален објект кој може да биде украден. Како туѓите очи и раце реагираат врз тебе е само нивна вина. Ниту "си провоцирала" ниту си "полупровоцирала" со тоа што си имала дизајнер ташна, па некој ти ја украл..
па тоа викам (за болдов) ја не зборам дека сами си го бараме.Него нашиот изглед у нечив болен мозок буди секакви побуди.Не знам како другачије да ви објаснам.Лоша сум во цртање иначе ќе ви нацртав
Нема врска облеката со провокација и силување. Жените во Авганистан носат долги плавобели мантили кои на лицето се покриени со мрежа, па пак имаат едни од највисоката стапка на силувања. Буквално ни очите не им се гледаат. Ама да, на жена ако не и се носи прслук дента провоцира, предизвикува и стопан бара да ја плоди.
Не. А тоа сама си го барала не да нема врска со темата туку како небо и земја е разликата. Ако се облекуваш без прслук еве ќе речам пошто к*р те боли и така сакаш, да знаеш дека ќе привлечеш внимание! Сакала ти или не, сите ќе зјапаат во тебе и точка. Дали ќе превртуваат очи или ќе им се дигне или пак ќе ти се восхитуваат што си либерте - внимание ќе привлечеш! Мислев дека никој ништо не си бара сам и дека мањакот си е мањак без разлика дали си во бурка или по купачи. И дека на некој ако му се дигне ќе му се дигне без разлика шо носиш на себе.
Тие што носат бурка одоздола носат градник колку што знам. Имаш муслиманки на форумот нека ти одговорат. Јас сум православна. Што има врска вера со неуредност и запуштеност?
Ова во државава било? Идиотизам. Продавница е, не е образовна институција. Ама, зјапањето треба да престане. Наместо да се критикуваат девојки и жени за неносење градник, треба децата да се воспитуваат дека зјапањето не е во ред за да немаат вакви заостанати мислења и однесувања.
Ама природно доаѓа да забуљаш некој не знам како да ви објаснам.Глеаш убав/а маж/жена и го загледуваш.Као и со некој грд или невообичаено облечен. Ви викам, мене шо ми смета шо идат и тесни тренерки на тренинг па ги загледувам пошо им штрчи и фаќа на око.Вртам поглед, ама се движиме низ салата не сме као во училна. Некои работи као да неќете да ги сфатите.Да и ја се љутам кога ми свират по улици и ме гледаат ко пичка да не виделе, пошо знам дека ме гледа така со очи ,,уф шо би ти праел”.Има разлика во гледањето.Ме гледале и у кафич у фаца, кај шо сум облечена со јакна и не може ни да види дали носам отворена затворена маица, прслук или не.Ама коа шетам у цевка фармерки или фустан на улица знам со која помисла ме гледа. Ја пример на jawline и вени се палам.Со тој највише шо се иам гледано, кога ми збореше ја у вилица го гледав не у очи.Едноставно ми скренува поглед.Кога сме лежеле, не го гледам во кур, во вените на рацете го гледам и го допирам.
Колку пати на форумот сум прочитала како жени зјапаат во други жени, се свртуваат по нив и сл, ако се убави, убаво облечени и сл. Двојни аршини, како и за многу други работи низ форумот. Во темите за доење се зборува дека градите не служиле само за доење, овде се спомнува како градите служат исклучиво за доење
Во Македонија било. Еве јас во Охрид тргнав на плажа и така летно облечена, одоздола костим за капење, а одозгора маица и шорцеви и ташна за на плажа, влегов во маркет попат. Продавачките ме изгледаа убаво. После осетив вина, дека не требаше така да влезам.
Како треба да влезеш? Кога сум одела во Гр на одмор сум влегувала само по купачи во продавница па никој не ме изгледал. Оти никој не се замара. Само тука свој леб јадат туѓо гајле берат
Едно е кога е продавницата на сама плажа, друго е у центар.Ја у Охрид исто во Рамстор иам влезено по купачи еднаш, и измрзнав.И сега коа си праам ретроспектива си викам сељачки е, ама мозокот на 16 не ми мислел као сеа на 20.Шо ме кошта шорцеви бар да ставам, или фустан некој.Не треба јакни, ѕиври.Натни нешто да не си без ич.Не ме гледаа толку на криво, колку шо сама се заебав и измрзнав пошо ми беа мокри.А у Грчка, карши плажите одма имаш маркети. Мада ја со парео сум влагала.Од култура ако нишо друго.Зашо пример у школо, црква, факултет не смее да се иде со шорцеви да кажеме? Некаде не е вкусно да влагаме као шо сакаме. Бонтон малце.
Ugh вулгарно, се да ти е на изволте. Ко не те убедвам, само кажвам дека мене ми е вулгарно и провокативно. Се ти е на изволте, то е проблемот. Коса, врат, лице, раце. Вулгарно е и провокативно. Ич не те убедвам, дома прај си шо сакаш, ама надвор се знај, не смеј така.