На никој не му е до толку гајле за вас и обично луѓето не ве ни приметуваат дека постоите, а не па да ви ги гледаат шорцевите. Тие луѓе во маркетите секојдневно гледаат стотици луѓе, дали стварно мислите дека би вратиле некој заради нешто такво. 100% Не е до толку драматично излегување од дома без прслук, а за шорцеви е скроз нормално, ја не знам кај шетате и по кои маркети одите. Баш ме интересира кој е тој маркет во Македонија кај шо има дрес код за да влезеш?
Ама лоши ми биле бе шорцевите, до тоа било ( од баба ги позајмив, ххахаа, секако не, и имам 120 кила, успп толку дали и Вајлд има, јас сум со 65). Има маркет еден во мојот град каде имаа строга шефица и ако дојде маж без маица или некој со краток шорц вели „не си соодветно одбелечен, не си пристојно облечен“. Ова за шорц што ти покрива гаќи и е краток, ама баш краток, не до колена.
Ама шефица е, и се јаде муабетот и таа поставува правила. Веројатно газдите не би ја карале, веројатно смее така да прави, инаку не би правела. Инаку и за во автобус, не давале мажи да влезат без маица, ако си ја носи во рака, го опоменуваат да ја облече, без разлика дали е топло. Ама па и тоа е глупаво, маж без маица во автобус да сака да се качи и нормално дека ќе му речат.
Абе природна цицка со големина на добар портокал не е за потценување. Може ме загледале во маркетот во Охрид со мисла „да не има силикон оваа или природни се?“. Ххаххаа мала шала на моја сметка.
Зошто да не бидат? Ерогена зона се. Што е проблем во тоа жената да биде жена и да има секси делови, зошто да одиме против природата?
А, зошто мора да се потенцира сексуалното ? Ради тоа и не можеме да искочиме без некој да зјапа. Луѓето треба да се одучат од тоа. Дел од телото се, дел од кој се храни бебе.
Леле шо се правиш на три и пол? По изиграваш наивна не ми е јасно? Да, служат за доење, ама се и ерогена зона. Не знам, од Марс да не сте паднале. Природно е да ти привлече внимание, опција е дали ќе зјапаш или не.
Мислам, градите некогаш се намерно истакнуваат да зрачат сексапилност и тоа е во ред, јас 4 од 7 дена во неделата, ќе носам деколте пошто така си се свиѓам и сакам партнерот да ме гледа, за друг дали и кој ме гледа, не приметувам. Ама неносењето градник нема врска со ова, мене ми најнормално изгледа, не провокативно.
Ти сиротата никогаш немаш загледано маж или жена, мижеш кога се разминуваш со нив. Смешни сте. Гради се како и секој друг дел од телото. Ќе ми каже некој кај да гледам, ај важи
Е готово, пун погодок мислењево Иначе муабетот погоре, баш СО прслук градите изгледаат посекси. Ако сакам внимание ставам пушап, не одам без прслук во широк џемпер. И затоа неносење прслук баш не го гледам како провоцирачко. И за гледање, скроз е океј да гледаш други луѓе на улица. Има разлика од манијачење до нормално погледнување.