А ние ако речевме, т.е еве јас.Дека тие шо идат без прслук идат за внимание, пуздер ќе ме напраевте.А вие ако сакате внимание, ќе стаите прслук. Темава е глупа.Има две вистини, нашата (шо не ни` се сфиѓа тоа) и вашата (шо ви е океј така да шетате). Сеа ти ќе збориш дека Стојна ќе носи прслук илу пушап прслук за внимание да привлече, ама јас ако кажам дека се шетате со брадавици на изволте, сум идиот? контрадикторни сте, и после кога ќе се испонашам, плачете кај Реин и ми пријавувате мислења.На 30 и кусур години, не може да прифатите различно мислење од вашето..
Прво, не плачам кај реин? И немам 30 и кусур години? Друго, тебе ти сметаат брадавици. Не знам од која причина ама ти сметаат. Тоа е поентата. Што не мора да паѓате во несвест кога ќе видите ЖЕНСКА брадавица под блуза. Не знам од која причина би ти сметало и тоа ме буни уште од почеток. Плус, ако речам дека правам нешто за внимание тоа го кажувам за МЕНЕ, ти тврдиш за ДРУГИ луѓе. Гледаш разлика? Башка што дали и како привлекуваме внимание со облека е скроз друга тема, а видов дека се збори за тоа во скорешните мислења па прокоментирав. Друг муабет што сте правеле немам читано ниту планирам да читам 10 непрочитани страници. Само на едно делче се надоврзав.
Не мислев на тебе конкретно, за плачењето човек, не ми сметаат, не знам као да ти објаснам Само ми е невкусно, значи тоа трубам со страници.Дека мене лично како Феминка Феминковска ми е неубаво на око и непристојно.Интима се цицки.Зашто да ви ја гледам интимата? Маж да си го извади надвор, го пријавуваат у полиција.Може го стегале фармерките, не? Реков од почеток дека не ми е пристојно.Не знам зашто е толку несфатливо.Неам ништо прптив таквите особи, ама не ми е за на кафе така.За од овде до онде, да претрчаш океј.Ама у ресторан не. Поготово, глеам од аспект пошо ја не би носела пошо не сакам некој место во очи, во цицки да ме гледа.Некултурно е.А ќе се деси пошо бодат на очи. Една у 10 да нема прслук, ќе фати на око,Сите 10 да не носат, никому ништо. Ја не знам шо се најдовте сите испрозвани, нити ве извреѓав нити ништо.Не се ни знаеме на крај краева, паѓате на мислење на анонимус на форум. Па тек во живо другарки да ви кажат така, ќе ги испотепате.. не прифаќање туѓо мислење, т.е одма се тепате.е тоа не го сфаќам а во МЈЛ се плука по Спенџарска зашо спиела со шминка, зашо ставала сториња со шминка од претходната вечер.Ете удобно и` е така.Не ја сакам ни ја пошо се церека ко надувана, и ми антипатична, ама пробувам да го доловам хипокризмот на форумов.Се фура либерте за цицки на слобода, а коментирате некој шо спие без да извади шминка. Башка ако, е нормално да не се носи прслук, т.е вас ви е нормално, зашто барате да се НОРМАЛИЗИРА тоа? Ако се чувствувате добро во тоа шо праите, и мислите дека не повредувате никој?
Ама и едното е интима и другото е. What are intimate body parts? Intimate parts the buttocks and the anus, the perineum. for males: the penis, testes, and scrotum. for females: the vagina, vulva, and the breasts and nipples. шо сум должна да ви ја гледам јас интимата?
Само овој дел ќе ти го цитирам зашто дволно кажува. Седни, одмори од форумов, прелистај основна анатомија на човекот на гугл и после размисли пак. Задоена си со идејата дека барадавици се нешто срамно, најинтимно и тајно(океј, интима е) АМА ги ставаш на ниво на полов орган и правиш вакви споредби што се смешни и стварно не знам што да одговарам.Немам проблем со тоа што не ти се свиѓа како естетски делува неносење прслук, туку со тоа како го третираш проблемов. Компарацијава е на ниво на јаболко и круша. Ние збориме за неносење прслук, ти зборуваш за шетање голи? Нзс? Ја не ја коментирам Спенџарска ама спиење со шминка е врв на нехигиена, кога веќе спомнуваш.Тука мешаш либералност во општствен контекст со коментирање на одредена јавна персона за нејзините навики. Пак, нема поента.
Не разбирам како би познала дали машко носи гаќи, или женско дали носи прслук. Не збориме за шетање голи, така? Настрана од сериозната фирма, може да не носам прслук на други места? На пример, во несериозни фирми, во супермаркет, во парк? Иначе, да, градниците се корисни за женско здравје колку и високите потпетици, ама нема везе, све за лепота.
Џабе зборам.. не се сфаќаме и тоа е тоа.. интимна зона е интимна зона.Не зборам за полов орган.Не мора да ме учиш ти мене биологија. Ако гради се интимна зона, како и пенис, вагина, а се.Треба да си седат по кри е ни.
Речено e. Не од тебе али и нема врска прајте крос- лајкинг. Од @fana беше само ме мрзи да барам, ако не те мрзи скролни неколку страни. Два пати само кај шо памтам. И обично ко ќе се прај мулти цитирање оти сепак е активна дискусија нешто можи да сфатиш дека е за тебе, а не е. Сигурно и мене ми се случило. Ама и ако нешто лајкниш во активна дискусија по дифолт се оди дека се согласуваш. Барем јас со најголем број од мислењата шо лајкувам не е без да се согласам. Или во најголем % ако се согласувам. За малку знам да „простам“. И тука никој не рече дека некоја друга ако носи пуш ап бара внимание туку дека ако сакам ЈАС да си ги „наоружам“ градите ќе клам пуш ап оти мене лично поќе ме привлеква града во прслук. Значи јас гради ги перцепирам како привлечни во пуш ап. Привлечни, не вулгарни, зборот кој вие го милувате. Не сметам дека треба да се мањачат оти се во пуш ап, ни дека се провокативни, ни пак вулгарни. Не сметам дека е срамота да се кренати. Секој си прај шо сака. Ако некоја носи до мене пуш ап многу често не ни забележвам оти не ми е гајле. „Забележвам“ прслуци ко ќе другарка си купи нов и сака да ми го покажи. Исто како шо не забележвам дали некоја не носи градник. Пак, оти не ми е гајле. Пишам во прво лице али тие со кои јас прам крос- лајкинг ова го пишеа, впрочем и јас. Така да мислам дека сите сфаќаме дека ТИ неќиш вака ЗА СЕБЕ и то е апсолутно валидно, ако неќиш - ништо не мораш, ама крај краева не можиш да кажиш подалеку од за себе шо мислиш па да користиш зборови како „гнасно“ и „гадно“. Колку и да велиш дека ти не навреди никој, а идат луѓе навредени ради вакви описи и зборови, можеби НЕСВЕСНО барем навреди некој. Не памтам кој од овие два „г“ зборови беа, ама ти си знајш. Другите работи шо ги коментираме за кои се попалуваш, обично не се од тебе речени, пример делот „дома си е дома, ама продавница е јавно место и треба да се носи“ беше на @Tanjamm ( го спомнувам оти памтам кога ја цитирав неа мислам дека во исто мислење те цитирав и тебе idk па лесно можи да се сфати грешно) али ко ќе го лајкниш нештото дур има активна дискусија е само природно да се претпостави дека и ти се согласуваш со то. И та не рече дека та преферира да носи, туку дека ТРЕБА да се носи. И последно постојано збораш дека другите сме биле фрустрирани, вакви, такви, па ти си била дрска и зато сме те неќеле. Неколку пати го изигнорирав ова зошто си мала, па си греота. Ама, ко ќе имаш една група шо си бара само слобода и друга шо плука, ваљда има причина зошто плука. Фрустрации мач? И делот за дрска и брутално искрена. И друг пат имам речено, и ќе речам пак, брутално искрен е само passing card за да си an asshole. Немаш намера да кажиш шо мислиш со брутална искреност и дрскост, имаш на ум само да повредиш некој. И во мое искуство и мислење, hell, наречи ја и предрасуда, дрскост и брутална искреност е повулгарна од било шо поврзано со било кој дел од женско тело. Јас и понатаму ти посакувам убав ден ( и не, не те мразам иако неколку пати напиша дека те мразиме ), иако денес да ме видеше низ град ти гла изгледа ќе ми свретеше оти госпоџите ми беа слободни . ШЕГА! Ми се чини морам да нагласам. П.С. Во темава дознав дека цицка = портокал е уствари голема, и сега имам криза на идентитет оти јас секогаш си ги сметав за мали. Исто така до Фана и Танјамм само пишав шо пишавте, не е критика или незнамшо на то шо пишавте ( овај пат JK), сметав дека ако не ве означам е ко зборање зад грб „омг та значи така рече вау, не ти кажав јас“ и некако ми е подмолно.
Да го повторам ова. Значи, треба да престанете со тоа „привлекуваш внимание“. Не е до градникот, до карактерот е. А, и има и други причини поради која некоја не носи градник. Некоја ја болат градите и нејќе да носи градник оти ѝ ги стега.Некоја е доилка, а и градник за доилки не ѝ одговара да носи. Наместо да критикувате, не зјапајте во градите. Никој не ве тера да зјапате.
Чекај, стварно Ама колкав портокал, не може така бе, од кај знам ја вие какви портокали имате, кај мене се по 300 грама отприлика или 3 портокали во кило. И сега, мали се, големи ли се?
Реков дека е гнасно да.Не реков дека сте исфрустрирани, реков дека има хипокритизам и дволичност на форумов. А не ми ни беше поентата да навредам некој, ја затоа реков, некој се пронашол па затоа се запаливте.Ја да сакам да навредам, ќе кажам директно.Као можам да ве навредам кога не сум ве видела и не ве знам? едно е да ти речам ,,еј абе грда си" друго е да речам ,,гнасно ми е искачање без прслук".Ја не реков дека таквите особи се гнасни.Сеа некој тоа ако го сфаќа лошо и се пронаоѓа, и ја има мувата на капата.Нот мај проблем. не него сум буквално искрена, тоа во моментот што ми иде на памет, тоа и го куцам.Таква сум и во приватен живот, ако ти одговара ќе се дружиме/ т.е читај ме (за на форумов), ако не ти одговара нема да се дружиме/одмини ми го мислењето, стај ми игнор. Таква сум.Ако ми е нешто гнасно, еве и свинско ми е гнасно.Како приготвено јадење, а обожавам прасиња вака.Треба сите свињи на светот да ми се лутат пошто реков дека е гнасно? Ми смрди едноставно, полно е лој и не е здраво.И сеа ајде ќе се лутат дека реков дека е гнасно Бог да чува и да брани сте
Па би те учела зашто или многу се изнапишува па веќе не знаеш што пишуваш или стварно мешаш основни работи. Еквивалент на женски гради кај маж не е пенис туку машки гради. И ај пак - темава не е за шетање голи?? Не знам зошто упорно зборите за шетање непокриени.
Гледај, ако сметаш дека ништо не згреши, се надевам нема ни да се попалваш по то шо те цитираат пошто, како шо реков макар и несвесно, ти навреди. Т.Е. луѓе те перцепираат како да навреди. Ама ако ти сметаш дека е океј - you do you I guess. И сериозно, не мислам дека прасе би се навредило дека телото му е гнасно на некој да го јади. Бар ќе има надеж дека нема да го јадат луѓе во иднина. Оти гнасно де. Па така прочитав на неколку наврати. А јас си споредвав со портокаливе на маса шо ми се. Грејпфрут веќе го сметам за големо, обично поќе големи грејпфрутс сум нашла него портокали.
@theowndemon да јас реков така. И е точно! Пишав пред некоја страна. Сакала или не ќе привлечеш внимание. На вајлд и реков и тебе ќе ти речам. Сакаш да се кладиме во чии гради ќе зјапаат ако двете носиме ролка, јас со градник со најголем пуш ап а ти без градник?
Сериозна ли си за последниот пасус? Ме изненадуваш. За каква лепота правиме муабет? Пишав, не е само за лепота, туку и поткрепа и помошно средство. Патем таа функција е и примарна. Каква поткрепа нудат штикли, не заебавај и ти сега. И ако не правиме муабет за ЈК, како што некој претходно напиша како дотичната гордо се шета без прслук, патем се работи за масивни силикони кои немаат никаква тенденција за движење, ниту пак гравитација ги бие, да, се приметува. Како и зошто, ги имаш, претпоставувам нема потреба да објаснувам.