Чудно е што ви е гнасно оцртување на дел од тело кој го имате и вие, а го има и вашата мајка и од кој сте добивале млеко. А, зјапањето во градите е она што е гнасно.
Забележителни се. Глупо е по други гради да зјапа на дејт нели? Имало немало прслук, ќе си гледа во нив.
Што важи истото не ми е јасно? За мене хеланки, дури оние и кои се проѕираат кога ќе се наведнеш или нешто, не се вулгарни. Едноставно хеланки се. УДОБНИ СЕ, нели? Ти се изгуби во твојата логика.
Трпи бабо за убаини- таква лепота. Или трпи бабо, оти не било ...пристојно Каква поткрепа и помошно средство? Мене ниту ми е поткрепа ниту помошно средство. Некој има потреба, некој нема, разбирам. Проблем е тие што немаат потреба, што им се со големина на портокал или мандарина, на некој посматарач, божесачувај, брадавиците му пречеле Јас лично, дури живеев во МК, се измачував со несреќни, фишбајнести градници. Лекарска препорака е, градникот да биде без фишбајни, без полнетици, без пушапи...памук...што не носи до фамозниот ,,беби дол,, модел и повторното ,,грешно,, оцртување брадавици. И така...
Малку мајтап, ова беше пред скоро две години, си одам така накај дома замислен в земја се пулам и пред мене две девојчиња си праеја муабет, ваљда беа 20тина години, и еднава вика: Го гледам Јован... ја слекува маицата и чоееееек ко извадеее ЦИЦКИИИИ ЦИЦКИИИ (и покажува со рацете нешто мафта), ПОГОЛЕМИ ОД МОЈТЕ! Ко ме фати една смеаааа, ама стегнав заби и во душата си се смеев само хаха.
Феминка, ти ми кажи, зошто е вулгарно оцртана брадавица ама не е вулгарно тесни фармерки и хеланки? Зошто женските гради се дел од интима, а гзот не е, кога „стандардот“ за интима се поклапа - мажите ќе зјапале.
Сфаќам дека не разбираш шо зборам. Пошто има не забележвање и не реагирање, ни па гледање од една страна, и од друга страна има реагирање, гледање, hell, возбуда, коментирање, зборање за фантазија. И то е магијата на убо кренати гради, напраени да се на вечерта. Дали можи и без прслук таков ефект? Скроз ама не во сите алишта, додека со прслук, во мое искуство, шо и да носам носи до таму ако сум на дејт. А и на зима кога сум излегвала, во ролка или џемпер, прслук бил попрефериран за изглед наспроти без прслук. Од мажи де. Впрочем рече не гледам околината. Одамна не гледам. Ама гледав едно време така да знам кога поќе ми свиркале. Поќе од еднаш имам пишано за harassment на форумов само. И вчера на нерва еден ми се качи, в лице ме гледаше и пољубац ми праќаше. Вентијага носев запетлана, да не речиш до прслуко е. Ќе речев можи вулгарно нашминкана бев, ама се шминкам само по некогаш. И вакви моменти беа преодни да не ми е гајле за околината околу мене. Оти ако јас одам да се менвам да не ме забележва никој и да имам мир - буквално треба бурка да клам. Али и тогаш ќе ме забележеа како "она во бурката". Пак ќе нагласам. Ова го пишам ко охрабрување за жени шо сакат да фрлат прслук ама му е срам и страв. Околината е worthless. Прај шо ти е удобно и ако на некој му смета - нека мижи.
Не се согласувам со тој дел. Сметам дека не разбираш искуството шо ти го носам како чоек шо бил на "двете" страни од паричката и ми го невалидираш оти не се совпаѓа со твојата реалност. Али ако мислиш дека друго велиш, you do you I guess.
А, значи и гзот е дел од интимата. Нејќам да те видам ни во фармерки, ни во хеланки. Па уште постира слика како и стојат хеланки. Ако веќе откривање на интима значи ОЦРТУВАЊЕ преку облека, треба широко да се носи. Ќе ти го извадам преку нос ова, од 18 страни, 17 се од тебе испишани со глупости, најголем хипокрит на свет.
Па не е пристојно. Според мене. И не би сакала спротивно да ми се докажува. За мене е дел од интима. Да не беше, немаше ни маица да носам. Што се однесува до мене, слободно може без градник да се шета кој сака, каде сака и како сака. Дека ќе зјапам, ќе зјапам. Дека убаво мислење ќе имам, ќе немам. И не знам каде е проблемот. Тоа сум јас, тоа си ти. И не знам зошто ми објаснуваш какви градници препорачуваат, кога ниту јас пишував за пуш ап како е помошно средство. Прслук е прслук. Подобро со било каков, него без ич.
Хахахахаха ова е најлегендарно Зашо на газот немаме брадавици госпожа А ова мажите ќе зјапале, не знам која ти е поенатата.Де кажи ми
Не носам прслук веќе десетина години. Не се замарам дали ме приметил некој или му смета на некого. Сметам дека секоја жена има право како сака да се носи, а за зборење... пак ќе има некој што нема да му се свиди.
А вака може А ја да кажам дека неносење градник е гнасно, не може Кој циркус сте Среќа не ви се замарам толку.Не гледате дека и сеир терам со вас, ја ве палам вие се палите на тоа..