Не носам скоро никогаш. Само во случаи ако носам некој отворен фустан и одоздола некаков декоративен прслук пошто се гледа, да изгледа како дел од аутфитот. Ни на лето не носам, а имам маички што се тесни и се познава дека не носам. Манијаци се манијаци без разлика што носиш. "Провокативно" е толку одвратен збор, пошто нели не се они криви туку се испровоцирани. А купувам цело време со панделки, со цвеќиња, убави ми се и ги купувам.
Изгледа единствена сум што не можам без градник. Додуша преферирам без жици, него меки со потпунки, ама така да ми "рипаат" нема шанси. Ептен ми се осетливи и на најмало тресење знаат да болат. Така што и да се нормализира неносење градник, јас пак би носела
Одкако маливе се родија,4год.по ред,на прсти се брои кога носам. Кога носам имам чувство дека се гушам,имам тахикардија,едвај чекам да го извадам.
Сфатив дека се бебидол, само апгрејднати Ќе разгледам баш, нешто и во Бонати видов, имаат и попуст. Фала за идеите, сум ги заборавила овие.
Сум излегла без прслук, прво многу анксиозно ама од ко ги видов „придобивките“ и колку послободно и поубо ми е - многу почесто не носам прслук него шо носам. Башка, анксиозноста ми беше за како ме гледат другите, коментари од мајка ми дека ми се познава дека не носам, па си прам ако мајка ми сети - сите ќе сетат. Па оти да сетат, шо ќе мислат за мене. Од ко открив не ми е гајле шо ќе речат за цицките мои открив ослободување и си вајбам без прслук лабаво и е предобро. Скроз треба да се нормализираат цицки кои се слободни, кога сум подуена ( пошто со то имам мака) и плус ко ќе сум стегната во прслук ми отежнува уште поќе. Ама и генерално не сфаќам шо е лошо во то. Цицка е. Природата не ја дала стегната во прслук, ја дала слободна. И апсолутно да - треба да се тргни цензурата од нив и да прекинат да се сексуализираат. Цицки се, не виша математика. Сега дочитав шо сте пишеле па да докоментирам, и јас кога носам прслук пред се носам бралетс, прекомотни, многу од нив со чипка и се ненормално секси, и во ситуација кога сум купвала прслуци фенси бралет е посекси од било кој друг прслук шо сум го имала - нели, ако то е цел. Има и многу обични, едноставно убај, комотни, нема да сетиш дека прслук не си ставил. Ама пак, не носење прслук >>> бралет >>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>> обичен прслук.
Леле јас па 24/7 сум со прслук, некогаш кога сум заспана не го ни ваѓам, некогаш го ваѓам. Искрено го слекувам за туширање и кога променувам друг. Така се научив не знам зошто ама ете, а знам дека и не е баш најдобро. А пак надвор без прслук нема шанси, поготово не на факултет каде што би ме исмевале или кога сум на прошетка. Не можам баш да навикнам да одам и нешто на мене да се треси, а и не се баш мали. Не знам зошто но така сум навикната и не го ни осеќам на мене.
Јас имам мали гради па поради тоа скоро никогаш не носам прслук, да дека кога ќе ставам прслук и ќе ги дигнам изгледаат и поголеми и поубаво стој на некоја маичка, ама не можам. Баш деновиве кога беше топло и облеков тесна мајца па морав да ставам прслук, мислам дека не можев да дишам додека беше на мене и ми идеше на сред улица да го извадам, стварно не можам да поднесувам, ми ствара и тахикардија и гушење (во буквална смисла). Со тоа дали ме гледаат кога не носам и како на другите им изгледа, реално јас не се замарам, ако на некој му е грдо или дегутантно или не знам како што јас не носам прслук, нека не гледа, едноставно е. Слобода за цицките.!!
Не се сеќавам некогаш да не сум носела. Откако прв пат облеков го немам слечено. Порано дури и за спиење го носев, сега веќе не. Подобро и поприбрано се осеќам со прслук, не сакам растресено, ми ствара болка. Имам различни, ама многу често носам пуш- ап. Го чувствувам како дел од мене и воопшто не ми смета. Кога бев тинејџерка, летно време кога носев поразголени маички што не трпат триста прерамки , не носев прслук. Ама сега гравитацијата си го прави своето.
А зошто се стигматизирани градите, зашто прво учиме дека гради постојат исклучиво за машко задоволство, а потоа дека уствари основна функција им е да си го нараниш детето. Се сеќавам порано, основно кога бевме имавме видено жени што си дојдат во јавност и другаркиве беа запрепастени како смеат така, мене ми беше скроз во ред пошто ни тогаш не гледав како може да се става сексуална нота на мајка што си го дои бебето. Океј ај, тогаш сме биле мали, ама има возрасни луѓе кои сѐ уште се шокираат од ваква слика во јавност, додека најдлабоко деколте за на журка им е прифатливо(фала богу не е деколтето неприфатливо, туку чисто за споредба). И особено друго што ми смета кај други жени е кога се убиваат од оговарање колку ѝ биле градите свиснати/големи/мали на некоја друга, па како не ѝ било срам...ај дома нека ги остави ако не. Јас лично никогаш не сум носела прслук 24/7 а особено никогаш не сум носела дома и на моменти искрено мислев дека правам нешто погрешно зашто сите другарки ми кажуваа како носат прслук дома зашто нели е срамота пред татко и брат да се седи така. За надвор најчесто носам, зашто повеќе си се свиѓам со прслук, ама не секогаш, секако кога одам до продавница или тука низ маало не носам. Дома кажав, нема шанси, жици и материјал што ме стегаат по цел ден не фала.
Викенд преферирам да не носам.На работа носам, имам мали гради и поубаво ми изгледа со кошула,маица. Носам градници од NBB, H&M со перничиња и релативно ми се удобни.По неудобни од кинеските градници не сум видела,поточно ужасни. Инаку сметам дека не се добри за здравјето да се носат. Една познаничка ми кажа дека носи градник непрекинато и дење и ноќе.Дури и се пораѓала со градник иако докторите инсистирале да го извади.Дали позади тоа стои некој наметнат срам ,којзнае.
Јас сум ги доела децата во јавност,на болница,на гости,на клупа,дете да ми плаче за храна,а јас да се туфкам кој што ќе рече ,ма нема шанси.
Да имав помали и понеспуштени, немаше никад да носам. Мислам дека преубаво изгледаат одредени маици без прслук, додаваат нешто плус на отфитот. Ама вака, не ми е ни практично без прслук, ептен ми се мандаат за жал, дури и дома носам нешто како бејби долче ради практичност.
Имам средни гради (наклонети накај големи) и отсекогаш сум носела градник, дури и за спиење, затоа што го сметам како дел од долна облека, како гаќи. Искрено, до пред некоја година не ни знаев дека е "thing" „ослободувањето" од градникот пред спиење и сл . Сите што ги знам се шокираат како може да спијам со градник . Мене лично повеќе ми се допаѓа како изгледам со градник: ми се тресат градите дури и со градник, а камоли без него. Им завидувам на сите што спортуваат, трчаат, скокаат, па дури и пешачат, и не им мрдаат градите; сум носела и ептен припиени спортски градник и пак се тресат . Не ми е срам од машки или слично, туку не ми се допаѓа мене лично како изгледа тресењето. Друга причина зошто преферирам да носам градник е тоа што се потам многу, особено при било какво движење, особено во лето и особено при стресни ситуации, па ќе треба да шетам и со „линии" под гради . Вака барем градникот ја впива потта, па не се познава... Реално, објективно е така како што се вели - зошто машки брадавици да се океј, а женски не? Нема логика, ама ете јас искрено чувствувам срам да ми се познаваат, ги доживувам како интимен дел од телото. Дури и кога би доела во јавност, би се покривала со нешто. Патем, нели постои и дискриминацијата дека мали гради е океј да се познаваат, а големи ако се познаваат е вулгарно. Не можам да го објаснам овој феномен, иако и јас лично ја имам таа предрасуда .
Како се облекуваш така и луѓето ќе те третираат. И за мажи, и за жени. Градите немаат само биолошка функција, туку и сексуално стимулативна.
Се согласувам. Треба да се пази на облека. На пример многу мажи треба да носат маици на кои пишува МАНИЈАК за да знаат жените и да ги третираат соодветно со максимално избегнување.
Порано немаше шанса да излезам без прслук, срам ми беше. И по дома често носев. Пред некое време се ослободив, едноставно го носам кога сакам. Зависи како во моментот ми е поудобно и поубаво ми изгледа тоа што го носам. Не осудувам други кои не носат, сметам дека е сосема нормално.
Мене ми е грдо и вулгарно.Поготово кога ќе видам девојки/жени со големи цицки и без прслук.Така по дома, ја и немам многу, па пак носам, не сакам цел кафич да ме гледа у брадавици, глупо ми е. Ако е за така, ни гаќи не треба да носиме, шо ќе нѝ се?нека се луфтира маца до крај.Ама не е хигиенски без гаќи, така?? Ама без прслук е? Секогаш кога ќе видам такви персони гадно ми е.Да не зборам шо секој ги гледа, а ја посесивна сум.Не би сакала утреден кога ќе идам со дечко ми на кафе, пола кафич да е без прслук и у тесни маици и да ги буља. Ми се има десено до доле кога ќе се симнам, да не ставам, ама носам ептен широки дуксери и не се забележува.А вака не би